Во моментов постои многу ниско ниво на јавната свест за неопходноста од активна заштита на реките. Во последниве десетина години, реките во земјата се нападнати од малите хидроцентрали (МХЕ). МХЕ се градат на високите планински предели, во живописни речни долини и во заштитени продрачја, зад очите на јавноста. МХЕ прават долгорочна штета на речните екосистеми и живеалиштата зависни од нив. Истовремено, локалните заедници кои не се вклучени во процесот на одлучување претрпуваат директни штети со загуба на водата за пиење или наводнување. Широката јавност, во најголем број случаи воопшто не е информирана за состојбите ниту пак за штетните последици. 

Во земјата исто така постои нецелосна и нефункционална законска регулатива која ќе обезбедува добра заштита на водите, а доделувањето на концесии за користење на водите многу често се одвива преку недоволно транспарентни практики кои ја исклучуваат јавната партиципација што директно ги загрозува состојбите на водите.

Нашата цел

Нашата цел е правна и практична заштита на речните екосистеми, од нив зависните живеалишта и биодиверзитет како и локалните заедници и промовирање на реките во „оски“ на локален одржлив развој.

За да се постигне целта, потребно е промена на системот на субвенционирање кој во моментов ја фаворизира изградбата на МХЕ. МХЕ не треба да продолжат да се градат, а онаму каде се веќе изградени потребно е строго почитување на оперативите со цел обезбедување на максимална заштита на биодиверзитетот и минимизирање на штетите во екосистемите и врз локалните заедници.

Потребно е воведување забрана на изградбата на МХЕ во заштитените подрачја. Новиот закон за природа кој е во фаза на подготовка треба да ја интегрира оваа забрана. Онаму каде има изградени МХЕ потребно е да се врши редовен мониторинг на состојбите, посебно на еколошкиот проток и состојбите на рибните патеки со цел активна заштита на речните екосистеми. Донесување на новиот закон за заштита на водите и подзаконските акти за донесување на методологијата за утврдување на еколошкиот проток на реките е многу значајно во претстојниот период.

Исто така е неопходно прогласување на нови заштитени подрачја од различна категорија, во кои ќе се овозможи активна заштита на реките, речните екосистеми и екосистемите зависни од вода.

Нашите активности

За остварување на активна заштита на реките Еко-свест ќе се посвети на следниве активности:

  1. Подигање на јавната свест и обезбедување поддршка од широката јавност, локалните заедници, институциите, културните работници, уметниците, младите и другите релевантни чинители преку продукција на документарни филмови, театарски претстави, изложби, работилници, концерти и уметнички инсталации.
  2. Информирање за штетните последици од изградбата на МХЕ и застапување за промена на системот за субвенционирање на МХЕ преку изработка на анализи (геоморфологија, правни анализи, економски анализи), извештаи, инфографици, прирачници и документи за јавни политики.
  3. Градење конструктивни и партнерски односи со релевантните институции (МЖСПП и ДИЖС).
  4. Застапување за имплементирање на препораките од Бернската конвенција за прекин на изградбата на хидроцентрали во заштитени подрачја, одземање на концесиите за МХЕ во Маврово и репрогласувањето на НП Маврово како национален парк.
  5. Активна поддршка на заштитените подрачја во мониторинг на состојбите на реките преку изработка на методологија за утврдување на еколошкиот проток, обуки на вработените, донации на опрема и воведување граѓанска наука (citizen science) за активно вклучување на граѓаните и локалните заедници во процесот на заштита на реките.
  6. Изработка на методологија за мапирање на препореките на речните сливови и приоретизирање на препреки за отстранување, со што ќе овозможиме отстранување на препреки и подобрување на конективноста на реките.
  7. Активна соработка со институциите, локалните заедници и останатите чинители, за прогласување на нови заштитени подрачја од различна категорија, во кои ќе се овозможи активна заштита на реките.

ЗАЕДНО ЗА РЕКИТЕ

Иницијативата „Заедно за реките“ ja спроведува  Еко-свест заедно со Тhe Nature Conservncy, во соработка со Општина Демир Капија и Министерството за животна средина и просторно планирање, за репрогласување на Демиркаписката Клисура за заштитено подрачје. Целта е да се обезбеди активна заштита на дел од долното течение на реката Вардар и нејзините чисти и недопрени притоки.

Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја

Еко-свест во последната деценија континуирано работи и се залага за заштита на реките од разни штетни влијанија и закани. Проектот „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја“ е во рамки на тематскиот повик за следење и зачување на биодиверзитетот во заштитените подрачја на Prespa Ohrid Nature Trust (PONT).

Повторно оживување на реките во Македонија

„Повторно оживување на реките во Македонија“ е прв проект поврзан со реставрација на реките
преку отстранување на каскадите во земјата. Тоа ќе даде можност да се воведе отстранувањето на
браните и каскадите како важен механизам за обновување на реките.

Синото срце на Европа“ (Save the blue heart of Europe)

Кампањата Синото срце на Европа е сеопфатен проект за запирање на развојот на хидроенергијата во медитеранскиот басен и има за цел да ја промени оваа ситуација

Раскинување на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово претставува клучен чекор за успешно спроведување на процесот на репрогласување на паркот и заштита на неговите вредности.

Анализата за работењето на малите хидроцентрали

Еко-свест во соработка со Македонското здружение на млади правници, подготви анализа која дава сеопфатен преглед на правото од областа на работата на малите хидроцентрали и неговата примена. Во исто време дава преглед и на најважните меѓународни документи од оваа област што Македонија ги има ратификувано и следствено на тоа се дел од домашното право.

Целта на регионалната иницијатива е да заштити до 400 километри реки низ Југоисточна Европа

Иницијативата Заедно за реките активно работи на заштита на 13 реки во регионот со цел да се поттикнат нови локални иницијативи за заштита на реките. Преку научно истражување и разбирање на потребите и ставовите на локалните заедници, иницијативата Заедно за реките се обидува да обезбеди рано и транспарентно вклучување на сите засегнати страни со почитување на уникатните природни, социјалните и културните карактеристики на секоја река.

Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)
Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)
Креирање на методологија и идентификација на приоритетни каскади за отстранување (2023)
Креирање на методологија и идентификација на приоритетни каскади за отстранување (2023)
Правна анализа за статусот на препреки, брани, и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња (2023)
Правна анализа за статусот на препреки, брани, и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња (2023)
Економска-оправданост-на-работата-на-МХЕ (2022)
Економска-оправданост-на-работата-на-МХЕ (2022)
Преглед-на-подзаконски-акти-кои-посредно-или-непосредно-ја-регулираат-работата-на-МХЕ (2022)
Преглед-на-подзаконски-акти-кои-посредно-или-непосредно-ја-регулираат-работата-на-МХЕ (2022)
Анализа на работењето на малите хидроцентрали (2022)
Анализа на работењето на малите хидроцентрали (2022)
Анализа на влијанието на малите хидро проекти врз гео-морфологијата на пределите и загубата на шумите (2021)
Анализа на влијанието на малите хидро проекти врз гео-морфологијата на пределите и загубата на шумите (2021)
Анализа на државната помош за обновливи извори на енергија во Република Северна Македонија (2021)
Анализа на државната помош за обновливи извори на енергија во Република Северна Македонија (2021)
Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина (2019)
Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина (2019)
Blueprint developed by CSOs for urgent democratic reforms (2018)
Blueprint developed by CSOs for urgent democratic reforms (2018)
Mavrovo Nacional park and planed hydropower projects on its territory (2013)
Mavrovo Nacional park and planed hydropower projects on its territory (2013)
Националниот парк „Маврово“ и планираните хидро-проекти на неговата територија (2013)
Националниот парк „Маврово“ и планираните хидро-проекти на неговата територија (2013)