Регионалната иницијатива „Заедно за реките“ е посветена на зачувување на 13 реки во пет земји во Југоисточна Европа каде се уште можат да се најдат некои од последните диви реки на континентот. Иницијативата ги промовира реките како крвотокот на заедниците и екосистемите кои обезбедуваат чиста вода за пиење, ја оддржуваат биолошката разновидност и го овозможуваат животот на локалните заедници. Денес реките се многу загрозени поради загадувањето, уништувањето на живеалиштата, неодржливиот развој и климатските промени. Станува збор за глобален проблем кој има локално решение: од 1970 година, на глобално ниво бројот на популации на слатководни видови е намален за 83%, а изгубени се 30% од слатководни екосистеми.
Иницијатива се заснова на верувањето дека вклучувањето и зајакнувањето на локалните заедници е клучно за ефикасна и трајна заштита на реките како природни богатства. Истакнувајќи го вклучувањето на локалните заедници, организацијата The Nature Conservancy и шест партнерски организации од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија и Србија работат на воспоставување нови заштитени подрачја покрај реките со цел да ги зачуваат нивните природни, општествени и културни вредности. Преку научно истражување и разбирање на потребите и ставовите на локалните заедници, иницијативата се обидува да обезбеди транспарентно вклучување на сите засегнати страни, вклучувајќи ги и граѓанските организации, научните установи, приватниот сектор, локалните заедници и институциите со цел да се развие сеопфатно и
долгорочно решение за заштита на уникатните природни, социјалните и културните карактеристики на секоја река. Покрај ТNC, членови на иницијативата се и Центарот за животна средина, здружението Динарика и младинскиот клуб Нови Вал од Босна и Херцеговина, еколошкото здружение Рзав од Србија, Еко-тим од Црна Гора и Еко-свест од Македонија.
Преку воспоставување на заштита и добро управување на заштитеното подрачје, ќе биде обезбеден директен придонес во исполнувањето на меѓународните обврски на кои што се обврзаа нашите земји. Меѓу ни Европскиот зелен план, Зелената агенда за Западен Балкан на ЕУ и глобалната рамка за биолошка разновидност Кунмин-Монтреал на ООН од декември 2022 година.
Иницијативата „Заедно за реките“ во Република Северна Македонија ја спроведува Еко- свест со цел да се обезбеди заштита на долниот тек на реката Вардар и нејзините притоки кои се вкрстуваат на територијата на Општина Демир Капија, при што фокусот е ставен на придобивките што реката ги има за животот на локалните заедници.
Во рамките на оваа Иницијатива „Еко-свест “, во соработка со Општина Демир Капија и Министерството за животна средина и просторно планирање, ја започна постапката за репрогласување на Демиркаписката Клисура за заштитено подрачје, со што ќе се обезбеди активна заштита на дел од долното течение на реката Вардар и нејзините чисти и недопрени притоки.

Share This

Share this post with your friends!