Синото срце на Европа чука на Балканскиот Полуостров. На ниедно друго место на европскиот континент не може да се најде толку голем број недопрени и диви реки, кристално чисти потоци,недопрени алувијални шуми, длабоки клисури, спектакуларни водопади, па дури и карстни подземни реки. Уште повеќе, овие реки и водотеци се едно од најважните жаришта за европскиот биодиверзитет, особено рибите и мекотелите, и претставуваат дом за многу загрозени, но и ендемски видови.
Сепак, ова единствено европско богатство е загрозено. Реките на Балканот, па дури ни највпечатливите и највредните речни делови кои се наоѓаат во националните паркови и заштитените подрачја не се поштедени од изградбата на малите хидроцентрали кои на приватните инвеститори им носат заработка на штета на уништување на природата. Малите хидроцентрали се градат во високите планински предели, во недостапни и недопрени предели, зад очите на јавноста. Уништувањето на природата како резултат на изградбата на малите хидроцентрали е често непозната за јавноста, па дури и за многу експерти од областа нa екологијата.
Кампањата Синото срце на Европа е сеопфатен проект за запирање на развојот на хидроенергијата во медитеранскиот басен и има за цел да ја промени оваа ситуација. Во нашата земја оваа кампања се фокусира на следниве цели: -Подигање на јавната свест за реките, нивните еколошки вредности и нивната ранливост
-Подобрување на знаењето за биодиверзитетот на оние реки кои играат клучна улога во
однос на биолошката поврзаност и ендемските видови
-Стипирање на изградбата на мали хидроцентрали во заштитените подрачја
-Раскинување на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово, како клучен чекор
за успешно спроведување на процесот на репрогласување на паркот и заштита на неговите
вредности.

Share This

Share this post with your friends!