25.04.2024

Основни информации

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на програмата за заштита на води, реализирана преку проектите „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја“, „Заедно за реките“, како и „Имплементирање на планот за управување на НП Маврово“ има потреба од индивидуални лица/организации за организирање на работилници со деца и средношколци во локалните заедници.

Проектот „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја“, спроведуван од Еко-свест во соработка со локални граѓански организации, а поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT) има за цел да ги идентификува и документира заканите за реките во две заштитени подрачја во Северна Македонија, да развие практики за мониторинг на реките и да спроведе мерки за заштита.

Проектот „Заедно за реките“, кој е поддржан од The Nature Conservacy, има цел  прогласување на заштитено подрачје во Демир Капија и обезбедување на активна заштита на дел од долното течение на реката Вардар и нејзините чисти и недопрени притоки.

Проектот „Имплементирање на планот за управување со НП Маврово“ Поддржан од Фондацијата Еуронатур има цел да обезбеди поддршка на процесот на имплементирање на планот за управување преку активности за вклучување на локалните заедници во Маврово.

Проектните активности ќе опфатат едукација на деца и средношколци за природните вредности на средината во која живеат преку повеќе активности: уметничка работилница, изложба, изработка на боенка, изработка на мурали, скулптури или други интервенции во јавни простории наменети за комуницирање на соодветни пораки со локалната заедница.

Цел и задачи на активностите

Целта на овие активности и работилници со деца и средношколци е да се едуцираат за природните вредности на средината во која што живеат и преку нив да се пренесат пораки до локалната заедница. Исто така преку нив ќе се подигне свеста на младите и поттикнување на нивното учество во напорите за зачувување на природните вредности.

Работни задачи на избраниот кандидат:

1.Работилница со деца во локалните заедници

  • Да припреми методологија за одржување на работилница со децата од основно образование во локалните заедници каде Еко-свест ги спроведува своите активности, при што преку употреба на уметнички практики ќе се едуцираат децата за природните вредности на средината во која живеат и ќе се пренесат пораки до локалната заедница.
  • Да припреми и обезбеди неопходни материјали за спроведување на работилницата.
  • Да ја организира и одржи работилницата со деца на која преку истражување на флората и фауната низ фантазморганичен пристап и техника на уметнички колаж, цртеж, сито печат и други графички техники до децата ќе се доближат природните вредности на нивната средина.
  • Да организира изложба во локалната заедница која ќе вклучува цртежи, колажи, инсталации и други изразни форми произлезени од работилницата, преку која децата ќе испратат пораки до својата локална заедница.
  • Да дизајнира и продуцира боенка, сликовница или друг вид ликовен производ, базиран на материјалите создадени на работилницата, а кој ќе служи како едукативен материјал за децата од локалните заедници и ќе биде дистрибуирана во основните училишта и другите едукативни центри.
  • Да обезбеди фото/видео документација на настаните и активностите и да припреми материјали за комуницирање преку социјалните медиуми на Еко-свест во соработка и одобрување од Еко-свест.

2.Работилница со средношколци и млади во локалните заедници

  • Да припреми методологија за одржување на работилница со средношколци и млади во локалните заедници каде Еко-свест ги спроведува своите активности, наменета за подигање на свеста на младите и поттикнување на младинското учество во напорите за зачувување на природните вредности на средината во која живеат.
  • Да организира работилница за средношколци и млади во локалните заедници, при што преку употреба на уметнички практики ќе се поттикне младинскиот активизам.
  • Да ангажира професионални муралисти и млади уметници кои на работилницата ќе работат со младите од локаланата заедница во развивање и реализирање на идеи за мурал, скулптура и други инсталации во јавен простор.
  • Да припреми и обезбеди неопходни материјали за продукција и реализација на дизајнираните интервенции во јавен простор.
  • Да дизајнира и продуцира изработка на мурали, скулптури и/или други интервенции во јавни простори наменети за комуницирање на соодветни пораки со локалната заедница.
  • Да обезбеди фото/видео документација на настаните и активностите и да припреми материјали за комуницирање преку социјалните медиуми на Еко-свест во соработка и одобрување од Еко-свест.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за  доставување на Понуда е до 08.05.2024 година.

Временска рамка за спроведување на активноста

Периодот за спроведување на оваа активност ќе биде во тековната 2024 и 2025 година.

Локации на спроведување на работилниците

Демир Капија, Маврово и Шар Планина

Потребна документација за пријавување

Заинтересираните понудувачи треба да достават засебни понуди за секоја работилница по ставки.

  1. За индивидуални лица:

Технички дел:

  • Предлог методологија за спроведување на работилницата (да се нагласи за која работилница се работи)
  • Портфолио (биографија)
  • Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
  • Потпишана декларација (види Анекс 1)

Финансиски дел:

  • Детална финансиска понуда по работилница по ставки (да се нагласи за која работилница се работи и да се прикаже детален преглед на трошоците)

Забелешка: Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.

Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.

  • За организации/правни лица*:

Технички дел:

  • Предлог методологија за спроведување на работилницата (да се нагласи за која работилница се работи)
  • Портфолио на вработените во организацијата
  • Потпишана изјава (види Анекс 2)
  • Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци

Финаниски дел:

  • Детална финансиска понуда по работилница по ставки (да се нагласи за која работилница се работи и да се прикаже детален преглед на трошоците)

Забелешка: Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.

Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.

*Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2023 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; декларации за доверливост и непостоење на конфликт на интереси за сите физички лица кои би биле ангажирани од страна на организацијата; биографии (CV) на консултантите/физичките лица кои би биле ангажќирани; листа на референци/портфолио за истите.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Критериум за избор на најсоодветна понуда

По истекот на овие 10 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда. Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуди.

Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:

  • Концепт на понудата и искуство на понудувачот (60 бодови)
  • Финансика понуда (40 бодови)

Вкупно 100 бодови

Во текот на реализацијата на активностите, Еко-свест го задржува правото да ги комбинира различните понудени ставки за соодветно спроведување на активностите согласно достапните буџети.

Критериуми за понудувачите

Активна организација која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години и најмалку 5 години работно искуство за индивидуални лица.

На повикот може да се пријават правни и физички лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови. Договор ќе биде склучен со онаа организација//индивидуално лице кое освоило најголем број на бодови во однос на наведените критериуми. Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик.

Пријавување

Комплетната понуда кандидатите треба да ја испратат на email:  [email protected] најдоцна до 08.05.2024 година до 16:00 часот, со назнака Доставување понуда за едукативни активности и работилници.

За сите прашања, контактирајте нѐ на [email protected]  најдоцна до 01.05.2024 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот најдоцна до 07.05.2024.

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Пoнудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Во продолжение деталниот опис на отворениот Повик:

Share This

Share this post with your friends!