Став на Еко-свест за аерозагадувањето

Став на Еко-свест за аерозагадувањето

Аерозагадувањето претставува национален проблем поради тоа што многу од нашите градови се соочуваат со него, но е и локален проблем и неблагодарно е да се каже дека може да се реши со една или две мерки. Причината за ова се крие во тоа што изворите на аерозагадувањето се различни. Поттекнуваат и од транспортот, од термоелектраните, од индустриските капацитети, од прашина од градежништвото и од домаќинствата.  

Долго време притискаме за стратешки пристап кон решавање на аерозагадувањето иако пристапот е различен за Скопје, за Битола или за Тетово. Заради тоа во законот е предвидено локалните власти да бидат носители на овие мерки, а не централните институции како Министерството за животна средина.  

Сметаме дека од тие причини мора да се зајакнат капацитетите, знаењата и ресурсите на општините за да можат да го решаваат овој проблем. Случајот со Битола е многу карактеристичен бидејќи во оваа општина има индустриски капацитет кој е од национално значење и загадува локално. Таму, на пример е многу важно и државата да има удел и да се види каква трансформација се планира за регионот.  

Во Скопје не гледаме дека во изминатите години се работи многу интензивно на решавање на проблемот со аерозагадувањето. За жал, интерсекторската работна група за аерозагадување не се воспостави повторно и сега нема тело кое ќе дискутира какви политики ќе треба да се спроведат во овој правец. Знаеме дека има буџет за јавните објекти да го сменат начинот на затоплување и да го намалат локалното загадување, но не знаеме до каде е таа активност, колкав процент од загадувачите се елиминирани и колку уште средства се потребни за да се заврши таа активност.  

Треба институциите да имаат поголема транспарентност, да споделат со јавноста што прават по прашањето за аерозагадувањето, граѓанскиот сектор може само да даде препораки, но институциите мораат да ги применуваат усвоените мерки. Секоја година го кажуваме истото, потребно е буџетот за животна средина да се зголеми, а тоа значи сите еколошки такси кои влегуваат во буџетот да се искористат  за проекти за подобрување на животната средина и зачувување на човековото здравје преку намалување на загадувањето. Без тоа нема да можеме да влеземе во големите проекти од зелената агенда кои предвидуваат делумно грантирање, но и кредитирање. Тоа значи дека ние како држава мора да гарантираме дека вакви проекти можеме да финансираме. Заради тоа и долги години дискутираме дека мора да формираме Фонд за животна средина каде ќе се влеат средствата од еколошките такси и со него треба да управува Агенција за животна средина за да видиме реална имплементација на овие проекти. 

ОТВОРЕН  ПОВИК ДО КОМПАНИИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДА ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА КАСКАДИ

Основни информации

 Еко-свест започна нов проект со поддршка на Европската програма за отворени реки – организација за доделување грантови посветена на обновување на реките. Проектот има за цел да развие национална применлива методологија и база на податоци со симулатор за идентификување на приоритетните бариери за отстранување со користење на сливот на реката Пчиња како студија на случај.

Овој проект е прв проект поврзан со реставрација на реките преку отстранување на бариерите во државата. Тоа ќе даде можност да се воведе отстранувањето на браната како важен механизам за обновување на реките. Исто така, ќе ги идентификува клучните експерти и засегнати страни за други слични иницијативи посветени на обновувањето на реките“.

Eко-свест објавува повик до компании за доставување понуда за изработка на  техничка документација за отстранување на каскади на Пчиња и Крива река.

Цел и задачи на активностите

Ангажираната компанија ќе биде одговорнa за:

I. Изработка на техничка документација за отстранување на постоечка каскада на Крива река и заштита на речното корито пред и по каскадата од 50 годишна вода

1. Геодетски елаборат за посебни намени за ажурирана геодетска подлога кој ќе содржи:  снимање на попоречни профили на речното корито на водотекот со должина од околу 500м (250м возводно од објектот и 250м низводно), на меѓусебно растојание од 10 до 15м со не помалку од 10 точки по профил.

2. Основен проект за отстранување на постоечка каскада на Крива река и заштита на речното корито пред и по каскадата СО ВКЛУЧЕНА РЕВИЗИЈА.

Основниот проект ќе содржи:

– Хидролошки анализи за Крива река за повратен период од 50 години за добивање на

„водостопанска согласност“ од Министерство за животна средина и просторно планирање

– Хидрауличка анализа на речното корито на потег од 500м, 250м возводно од постоечката каскада и 250м низводно, со која ќе се покаже потребата од каскадата, односно нејзина рехабилитација или отстранување

– Определување на конструктивни карактеристики на објектите за заштита

– Технички извештај со опис на техничко решение

– Графички прилози: ситуација, надолжен профил, попречни профили…

– Анализа и определување на земјани маси

– Предмер и пресметка на работите

– Технички спецификации за изведување на работите

и

II. Изработка на техничка документација за отстранување на бетонски објект на река Пчиња, место Шупљи Камен и заштита на речното корито пред и по објектот од 50 годишна вода.

1. Геодетски елаборат за посебни намени за ажурирана геодетска подлога кој ќе содржи: снимање на попоречни профили на речното корито на водотекот со должина од околу 700м (350м возводно од објектот и 350м низводно), на меѓусебно растојание од 10 до 15м со не помалку од 10 точки по профил.

2. Основен проект за отстранување на разрушен бетонски објект на река Пчиња, место Шупљи камен и заштита на речното корито пред и по објектот СО ВКЛУЧЕНА РЕВИЗИЈА.

Основниот проект ќе содржи:

– Хидролошки анализи за река Пчиња за повратен период од 50 години за добивање

на „водостопанска согласност“ од Министерство за животна средина и просторно

планирање

– Хидрауличка анализа на речното корито на потег од 700м, 350м возводно од бетонскиот објект и 350м низводно за постоечка состојба и проектирана состојба со која ќе се врати речното корито во негова природна состојба по отстранување на разручениот бетонски објект

– Хидрауличка анализа на речното корито на потег од 700м, 350м возводно од бетонскиот објект и 350м низводно за проектирана состојба со која ќе се обезбеди враќање на речното корито во негова природна состојба по отстранување на разрушениот бетонски објект

– Определување на конструктивни карактеристики на објектите за заштита

– Технички извештај со опис на техничко решение

– Графички прилози: ситуација, надолжен профил, попречни профили…

– Анализа и определување на земјани маси

– Предмер и пресметка на работите

– Технички спецификации за изведување на работите

Во Анекс 2 се содржат дополнителните информации за конкретните каскади за отстранување.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за доставување понуди е 10 работни дена од објавување на отворениот повик односно до 15 јануари 2024 година.

По истекот на овие 10 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда. Еко-свест е должен по изминати 7 дена, од завршувањето на Повикот, да ги извести понудувачите за резултатот од работата на Комисијата.

Неизбраните понудувачи имаат можност за жалба во рок од 5 дена по добиеното известување.

Прашања за повикот може да се достават најдоцна до 10.01.2024 година. Сите одговори на прашањата пристигнати во рокот ќе бидат објавени на веб страницата на Еко-свест под објавениот повик.

Временска рамка за спроведување на активноста

Заинтересираниот понудувач е потребно во својата понуда да предвиди временска рамка за изработка на активноста. Ќе бидат преферирани понуди со разумни и ефикасни рокови.

Потребна документација за пријавување

Заинтересираните понудувачи треба да достават:

  • Понуда за изработка на техничката документација со износ со вклучен ДДВ и временска рамка за изготвување
  • Потпишана изјава (види Анекс 1)
  • Кратко портфолио на компанијата
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Критериуми за понудувачите

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.  

На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.

Доверливост

Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.

Пријавување и контакт информации

Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 15.01.2024 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда.

Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 10.01.2025 година.

Во продолжение Анекс 1 и Анекс 2:

Повлекување на Законот за ловство и дивеч- Отворено писмо на Еко-свест до институциите

Повлекување на Законот за ловство и дивеч- Отворено писмо на Еко-свест до институциите

Еко-свест испрати отворено писмо до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на РСМ и Делегацијата на Европската Унија во кое бара повлекување на Законот за ловство и дивеч.

Со новите измени, Законот за ловство и дивеч овозможува одгледување, ловење, заштита и користење на дивечот за стопански цели, со што се губи неговиот статус на општо добро и се третира исклучиво како економски ресурс и во функција на развој на ловството и ловечки туризам кој за возврат придонесува кон загрозеноста и исчезнувањето на дивите видови. Во уредување на оваа дејност неопходно е почитување на уставната и законската рамка за зачувување на биолошката разновидност.

1. Законот за ловство и дивеч е противуставен

Законот за ловство и дивеч прави исклучок од уставната норма дека „дивечот е добро во општ интерес кое ужива посебна заштита“ и предвидува дека дивечот кој се наоѓа во ограден простор за одгледување, размножувалиште, оградено ловиште, полигоните за лов на дивеч и фармите за дивеч можат да бидат во сопственост на правни и физички лица кои поседуваат соодветна документација. На овој начин се воведува процес на „приватизирање“ во начинот на користењето и заштитата на дивечот, односно како  добро од општ интерес тоа го губи својот уставен статус и станува економски ресурс во функција на ловството како стопанска дејност. 

2. Законот за ловство и дивеч е во спротивност со Законот за заштита на природата

Со измените на Законот за ловство и дивеч се предвидени ловишта со посебна намена на територијата на националните паркови, што е во спротивност со нивниот строго дефиниран статус во Законот за заштита на природата. Со оглед на тоа дека намената на националните паркови е заштита на еколошките процеси, како и на видовите и екосистемските карактеристики комплементарни на подрачјето, ловишта на нивните површини е несоодветно и не треба да биде дозволено. 

3. Законот за ловство и дивеч не ги решава заканите од ловство како дејност 

Законот за ловство и дивеч не е усогласен со плановите за управување на националните паркови кои воведуваат забрана за лов и посебните планови со мерки за заштита од вознемирување, намалување на популациите, па дури и исчезнување на видовите поради закана од незаконски лов на диви животни. 

Се предвидува можност за МВР да може да направи застрел на диво животно во случаите кога тоа ќе се најде во урбана или друга населена средина и предизвикува или претставува опасност по животот, безбедноста и здравјето на луѓето, само врз основа на одобрение на МЗШВ. Неоправдано е да не се земат предвид надлежностите на МЖСПП и управителите на заштитените подрачја во оваа постапка, особено бидејќи создава ризик за застрел на заштитени видови, значајни видови и видови со трајна забрана за лов.

Со измените се воведуваат фарми за дивеч како неловна површина на ловиштата. Ова не соодветствува со суштината на ловството како дејност која е уредена со Законот за ловство и дивеч, етичките причини (чување на единки од диви видови заради производство на месо) и можноста да бидат злоупотребени за легализирање на нелегално стекнат дивеч. 

4. Законот за ловство и дивеч е донесен без соодветно учество на јавноста

Во 2021 година, граѓанските организации од областа на заштита на животната средина побараа од МЗШВ да бидат вклучени во работната група за изработка на овој Закон, но беа одбиени. Законот беше поставен на ЕНЕР и за него беа доставени коментари од страна на стручната фела и граѓанскиот сектор. За жал на коментарите не беше одговорено и тие не беа земени предвид во новата верзија од Законот. Дополнително, јавната расправа во 2021 година беше одржана во затворен круг, без присуство на пошироката јавност и граѓанскиот сектор, на што истиот остро реагираше. Поради нетранспарентниот процес на изготвување на Законот за ловство и дивеч сметаме дека има можност за злоупотреба на постапката за усогласување со законодавството на ЕУ, бидејќи е спроведена без учество на клучни чинители и без јавна дебата за новите решенија од Законот. 

Законот за ловство и дивеч беше донесен на седница на Собранието на РСМ на 12 декември во скратена постапка. Во неговото донесување не претходеше јавна дебата и не беше дадено какво било образложение за потребата од нов Закон за ловство и дивеч. 

Со отвореното писмо, Еко-свест бара од Владата на РСМ и надлежните министерства да го повлечат Законот за ловство и дивеч и да подготват измени во координација со сите засегнати чинители и јавноста.

Копија од отвореното писмо беше доставено и до Собранието на РСМ и Претседателот на РСМ.

Еко-свест: Бернската конвенција бара итно откажување на МХЕ Рибничка во НП „Маврово“

Еко-свест: Бернската конвенција бара итно откажување на МХЕ Рибничка во НП „Маврово“

Скопје, 25.12.2023 г. Во 2013 година, откако Еко-свест поднесе жалба пред Бернската конвенција при Советот на Европа се отвори меѓународниот случај „Развој на хидроенергетски проекти на територијата на националниот парк Маврово“. Случајот е отворен речиси 10 години бидејќи државата слабо напредува во почитување на усвоените препораки.

Во последната одлука од 43та седница, Комитетот на Бернската конвенција утврди дека постои напредок од страна на Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во делот на обезбедување на буџет за отпочнување на процесот на репрогласување на Националниот парк Маврово. Во својата одлука забележа дека иако за планираните концесии за Жировница 5 и 6 во НП Маврово се одвива процес на откажување, истакна загриженост дека истовремено други концесии за МХЕ. Комитетот потсети дека откажувањето на сите хидроцентрали во заштитени подрачја, е неопходно и ја донесе следната одлука:

„Се бара од државните власти:

  • Веднаш да се откаже ХЕ Рибничка во НП Маврово;
  • Да се раскинат сите други концесии за мали хидроелектрани во НП Шар Планина;
  • Да го забрзаат репрогласувањето на Националниот парк Маврово и да се обезбедат соодветни јавни консултации во сите фази од процесот;
  • Да се забрза усвојувањето на предлог Законот за води и Законот за заштита на природата, со што би се обезбедил развој на методологија за еколошки проток и забрана на хидроелектрани и други инфраструктурни проекти во заштитените подрачја;
  • Да се подобри и обезбеди редовна координација и консултации меѓу државните органи и граѓанските организации;
  • Да се обезбеди имплементација на сите точки од Препораката бр. 211 од 2021. “

„Време е Владата да покаже волја дека во своите политики, закони и практики ќе ги интегрира препораките од Комитетот на Бернската конвенција. Најважно во овој момент е итното раскинување на концесијата за МХЕ Рибничка со цел трајно ослободување на паркот од неодржливите практики и конечното репрогласување на Маврово. Дополнително, мора да обезбедиме заштита на нашите природни богатства преку донесување на нов закон за природа кој ќе гарантира забрана за штетни инфраструктурни проекти во најчувствителните еколошки области во државата“- изјави Ана Чоловиќ Лешоска, извршен директор на Еко-свест.

Препораките на Бернската Конвенција имаат придобивки за нас и можат да ни помогнат полесно да ги исполниме целите за зачувување на биодиверзитетот и екосистемите кои се утврдени во Зелената Агенда за Западен Балкан, како и Глобалната рамка за биодиверзитет на Конвенцијата за биолошка разновидност.

Погледнете го хронолошкиот развој на речиси деценискиот случај против РСМ пред Комитетот на Бернската конвенција: „Развој на хидроенергетски проекти на територијата на националниот парк Маврово“.

Целосната одлука на Комитетот на Бернската конвенција на жалбата на Еко-свест можете да го прочитате на следниот линк: https://rm.coe.int/misc-e-2023-final/1680ad9230

ОТВОРЕН ПОВИК ДО КОМПАНИИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ УСЛУГИ ЗА ДЕЛОВНО ЧИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ

Основни информации
Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје, работи на теми тесно поврзани со заштита на животната средина и има потреба од професионално и тековно чистење на деловен објект, канцелариите на Еко-свест.
Eко-свест објавува повик за изразување интерес од ангажирање на овластени компании кои даваат услуги на професионално чистење и одржување на работни канцеларии.
Цел и задачи на активностите
Цел на активноста е спроведување на чистење и одржување на канцелариите на Еко- свест.
Потребно е да се направи увид и проверка на просторот кој треба да се чисти и одржува хигиенски.
Канцелариски простор: 120 м2. со 5 канцеларии,1 ходник, 2 тоалета (1 мало и 1 поголемо, мала кујна, 2 балкона. Просторот го користат 12 вработени и се наога на адреса: на Ул. Никола Кљусев бр.14, 1000 Скопје.
Активности за тековно одржување хигиена:
Канцеларии: Пребришување на работни бироа, апарати, компјутери, столчиња и останат мебел; Вшмукување на прашина од теписони; Мокро мапирање на тврди подови; празнење и исфрлање на смет од корпи за смет; пребришување со дезинфекција на рачки од врати; бришење на прозорци. Чајна кујна: Мапирање на тврд под; Пребришување на елементи во кујна и маси; Отстранување на пајажина од ѕидови; Тоалет: Пребришување на елементи во тоалети; мапирање на плочки; дополни на тоалетна хартија и хартија за
раце .
Време на реализација на услугата: Професионалното чистење согласно нашето барање ќе се врши два пати неделно во однапред определени денови по два работни часови или како втора можност и опција по три работни часа.
Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 дена од објавување на отворениот повик.

Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Временска рамка за спроведување на активноста
Периодот за спроведување на овие активности изнесува најмногу 1 година од датумот на потпишување на Договорот, со можност за продолжување.
Буџет
Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата.
Потребна документација за пријавување
При пријавувањето, компаниите треба да достават:

  1. Портфолио на компанијата
  2. Краток опис на кoмпанијата
  3. Финансиска понуда изразена во МКД со вклучен ДДВ.
  4. Тековна состојба не постара од 6 месеци
  5. Пополнета изјава (Анекс 1)
    Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска
    форма.
    Критериуми за понудувачите
  6. Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна
    Македонија, и постои најмалку 3 години.
  7. Најмалку 3 ( три) години професионално работно искуство во спроведување услуги
    на професионално чистење и одржување на работни канцеларии.
  8. На повикот може да се пријават компании кои ги исполнуваат наведените правни и
    технички услови.
  9. Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број на бодови
    во сооднос на наведените критериуми.
  10. Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само
    понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик.
    Оценка на понудите
    За оценка на понудите ќе се формира комисија која ќе ги разгледа и оцени понудите.
    Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: портфолио на компанијата; капацитет за спроведување на услугите (број на вработени хигиеничари ) и временска рамка на спроведувањето и завршувањето на активноста услугата; финансиска понуда.

Договор ќе биде склучен со оној понудувач кој ќе биде оценет како најповолен. Еко-свест има право да го одобри или оспори изборот на компанијата за деловно чистење, во зависност од исполнувањето на условите.

Критериуми за избор на најсоодветна понуда
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:

  • Портфолио на компанијата (20 поени)
  • Капацитет за спроведување на услугите (број на вработени хигиеничари ) и временска
    рамка на спроведувањето и завршувањето на активноста услугата ( 50 поени)
  • Финансиска понуда (30 поени)
    Пријавување
    Комплетната понуда, изјавување интерес и изјава, понудувачите треба да ја испратат на
    еmail: [email protected], најдоцна до 29 Декември 2023 година до 14:00 часот
    со назнака: Тековно чистење на деловен објект (име на понудувачот).
    Некомплетни понуди и понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени
    предвид.
    Повеќе информации или прашања можете да поставите на [email protected]
    Доверливост
    Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со
    никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на
    процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат,
    прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.

Анекс 1. Изјава од понудувач

ИЗЈАВА
Јас, долупотпишаниот ________________ (име и презиме) во дункција на
овластен застапник на ________________(име на компанија) со целосна
морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам
нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно
→ Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор,
правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира
обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности
на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на
постапка во врска со овие прашања илине се во каква било аналогна ситуација
што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и
регулативи;
→ Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на
непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata;
→ Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или
недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно
обвинето;
→ Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со
правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко
недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и
прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во
рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно
однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога
таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност,
вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно
прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за
исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на
договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука,
или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на
набавка;
→ Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално
осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на
земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата
каде треба да се спроведе договорот;
→ Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама,

корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска
активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.

На ден __година Име и презиме на застапникот
Потпис и печат