ОТВОРЕН  ПОВИК ДО КОМПАНИИ И КОНСУЛТАНТИ ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ИЗРАБОТКА НА ЕЛЕКТОРНСКА БАЗА НА ПОДАТОЦИ

Основни информации

 Еко-свест започна нов проект со поддршка на Европската програма за отворени реки – организација за доделување грантови посветена на обновување на реките. Проектот има за цел да развие национална применлива методологија и база на податоци со симулатор за идентификување на приоритетните бариери за отстранување со користење на сливот на реката Пчиња како студија на случај.

Овој проект е прв проект поврзан со реставрација на реките преку отстранување на бариерите во државата. Тоа ќе даде можност да се воведе отстранувањето на браната како важен механизам за обновување на реките. Исто така, ќе ги идентификува клучните експерти и засегнати страни за други слични иницијативи посветени на обновувањето на реките“.

Eко-свест објавува повик за изразување интерес на компании и индивидуални лица- консултанти за изработка на електронска база на податоци каде ќе се собираат информации од претходен попис, проценки и анализи во рамки на проектот Reconnecting rivers in North Macedonia- Developing methodology and identification of priority barriers for removal.

Цел и задачи на активностите

Ангажираната компанија или консултант ќе биде одговорно за изработување на база на податоци каде што ќе бидат вклучени сите собрани информации од претходниот попис, проценка и анализи и ќе овозможи систематска класификација на влијанието на бариерите и приоритетните бариери за отстранување. Базата на податоци првично ќе се користи за студијата на случај на реката Пчиња и нејзиниот дизајн ќе биде применлив за употреба на сите речни сливови во земјата.

Податоци кои ќе се собираат се следни:

  • Име и локација на бариерата, со координати
  • Оценка на влијанието врз рибите
  • Оценка на влијанието врз вегетацијата
  • Оценка на влијанието врз макроинвертебратните животни
  • Оценка на влијание врз хидрологијата
  • Оценка на влијанието врз геоморфологијата
  • Оценка на социо-економското влијание
  • Правен статус

Овие податоци во форма на бројки се содржат во табеларен приказ кој треба да биде отворен и јавно достапен на веб со нејзин визуелен приказ во форма на табела и карта.

Базата е потребно да може да пресмета меѓусебно растојание помеѓу две бариери и како тоа растојание би се менувало во должина доколку се отстрани некоја од бариерите.

Функционалноста на оваа база треба да е прилагодена на корисници без претходно големо предзнаење. Податоците се даваат комплетно без потреба од нивно надополнување во иднина.

Дополнително, потребен е приказ на карта на податоците.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 дена од објавување на отворениот повик. (Прва фаза)

По истекот на овие 7 дена Еко-свест ги повикува заинтересираните понудувачи на информативен состанок и дијалог на кој ќе се утврди можното решение кое најдобро одговара на барањето. По одржанот состанок со секој од понудувачите, се дава рок од 10 дена за доставување на понуда. (втора фаза)

Временска рамка за спроведување на активноста

Периодот за спроведување на оваа активност изнесува најмногу 2 месеци од датумот на потпишување на Договорот, но не подоцна од 30.11.2023.

Буџет

Вкупниот буџет за изработка на оваа задача изнесува бруто 3000 евра во денарска противвредност (со вклучен ДДВ износ).

Потребна документација за пријавување

Заинтересираните понудувачи во првата фаза треба да достават:

  • Писмено изразување интерес за учество на повикот, и
  • Потпишанаа изјава (види Анекс 1)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Во втората фаза, Еко-свест ќе формира 3 члена комисија со цел изборот на најдобар понудувач.

Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:

  • Претходно професионално искуство во дејноста (30 бодови)
  • Предлог идејно решение за бараната задача(40 бодови)
  • Понудена цена (30 бодови)

Критериуми за понудувачите

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.  

На повикот може да се пријават правни и физички лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови. Договор ќе биде склучен со онаа компанија/индивидуално лице која освоила најголем број на бодови во сооднос на наведените критериуми. Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик.

Пријавување

Изразување на интерес и изјава кандидатите треба да ја испратат на email: [email protected] најдоцна до 28.09.2023 година до 16:00 часот, со назнака Изразување интерес.

Анекс 1. Изјава од понудувач

                                                                    ИЗЈАВА

Јас, долупотпишаниот ____________________________ (име и презиме) во дункција на овластен застапник на ____________________________(име на компанија) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно

  • Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања илине  се во каква било аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи;
  • Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata;
  • Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето;
  • Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка;
  • Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот;
  • Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.

На ден __________година                                                    Име и презиме на застапникот

Потпис и печат

Повикот може да го отворите во следниот линк:

Законски предизвици за гасоводот од Грција до Македонија

Граѓанските организации CEE Bankwatch Network и Еко-свест поднесоа три формални
жалби во кои се наведуваат законски прекршувања во планираниот проект за изградба
на гасоводот Грција- Македонија, со кој кај нас ќе се дистрибуира гас.
Државната компанија НОМАГАС планира да ја изгради македонската делница од
гасниот интерконектор долг 67 километри. Иако промовиран како начин за
диверзификација на снабдувањето со гас во земјата, во реалност ќе значи значително
зголемување на увозот на гас што дополнително ќе ја зголеми потрошувачката на
фосилни горива и ќе донесе дополнителни промени на цените во време кога
енергетскиот сектор треба да се декарбонизира, однодно ослободи од фосилни горива.
Европската инвестициска банка (ЕИБ) потпиша договор за заем од 41 милиони евра за
проектот во декември 2021 година, непосредно пред зацртаната цел за престанок на
финансирањето на проекти за фосилни горива. Истовремено, потпишан е договор за
грант од ЕУ за 12.7 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) размислува за финансирање на остатокот
од проектот.
Првите две жалби – до Секретаријатот на Енергетската заедница и Европската
канцеларија за борба против измами (European Anti-Fraud Office- OLAF), се однесуваат
на гаранцијата за заемот од ЕИБ за проектот потпишана од Владата на РСМ во
декември 2021 година. Одлуката за гаранција не била предмет на проверка од страна
на Комисијата за заштита на конкуренција согласно законската регулатива, што
потенцијално ја прави неважечка.
Со невидена ефикасност, Собранието на РСМ ја одобри државната гаранција на 20
декември 2021 година, а Претседателот на државата истиот ден ја потврди. Оваа
одлука од Собранието беше објавена во Службен весник на 21 декември, непосредно
пред потпишувањето на заемот со ЕИБ на 22 декември.
Пипа Галоп, Координатор за политики за Југоисточна Европа од CEE Bankwatch
Network изјави – ,,Се создава сомнеж дека банката на ЕУ во Македонија не ја
почитувала процедурата за одобрување гаранција за заемот. Ова ја доведува во
прашање валидноста на гаранцијата и им штети на финансиските интереси на ЕУ со
непотребно зголемување на веројатноста да се користат средствата на ЕУ за
покривање на загубите на ЕИБ во случај на неисполнување на заемот’’.
Третата жалба – исто така до Секретаријатот на Енергетската заедница, се однесува на
прекршување на правилата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот,
бидејќи Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија не
предвидело период за спроведување на јавни консултации. Дополнително, не било
објавено какво било соопштение дека се одржуваат консултации, ниту пак биле дадени
детали на кој начин да се достават коментари.

Ана Чоловиќ-Лешоска, извршна директорка, Еко-свест изјави – ,,ЕБОР и ЕИБ тврдат
дека не финансираат проекти кои не се во согласност со националното законодавство.
Сепак, кога Владата на Република Македонија ги прекршила основните законски
обврски за време на процесот на оцена на влијание врз животната средина за
гасоводот, тие тоа “не го регистрираат”. Уверени сме дека Секретаријатот на
Енергетската заедница ќе ги потврди нашите наводи за прекршување на законите и ќе
побара процесот на јавни консултации да се спроведе соодветно на законската рамка’’.

Целосното Соопштение можете да го превземете на линкот:

Еко-свест започнува со нов проект за заштита на реките преку воспоставување на практики за мониторинг на речните живеалишта во националните паркови

Еко-свест започнува со нов проект за заштита на реките преку воспоставување на практики за мониторинг на речните живеалишта во националните паркови

Започнуваме со реализација на програмата „Заштита на реките преку воспоставување на практики за мониторинг и обновување на речните живеалишта во заштитените подрачја”.

Програмата ќе обезбеди поддршка на Националниот парк Маврово и Националниот парк Шар Планина во мониторирање на состојбите на реките во текот на следните три години. Во рамки на програмата ќе биде изработена методологија за мониторирање и реставрирање на речните екосистеми, обука на вработените и поддршка при реализирање на теренските активности, како и воведување на граѓанска наука за активно вклучување на локалните заедници и експертската јавност.

Активностите ќе бидат спроведувани од Еко-свест во соработка со локални граѓански организации, а ќе бидат финансирани од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Со измени на постојните закони и правилници до отклучување на производството на електрична енергија од обновливи извори за домаќинствата

Со измени на постојните закони и правилници до отклучување на производството на електрична енергија од обновливи извори за домаќинствата

Потребно е усогласување на законите и подзаконските акти со моменталните состојби со цел да се создаде овозможувачка околина за зголемено користење на обновливите извори на енергија од домаќинствата- процес кој ќе ја забрза енергетската транзиција и ќе ги ублажи последиците од климатските промени.

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко свест Скопје, Македонското здружение на млади правници, Институтот за економски и енергетски политики и истражувања, Македонската платформа против сиромаштија и Солар Македонија во периодот од ноември 2022 година до август 2023 година ги анализираа условите за поставување различни типови на соларни системи на покривите на домовите.

„Целта на истражувањата беше да пронајдат слабостите во правната рамка за инсталирање фотоволтаични системи и да се предложат конкретни измени со цел да се создаде овозможувачка околина за зголемено користење на обновливите извори на енергија од домаќинствата – процес кој ќе помогне да се забрза енергетската транзиција во Македонија.“ – вели Елена Николовска, програмски координатор за клима од Еко-свест.

При изработка на анализите се спроведоа неколку фокус групи со граѓани, споредба на регулативата со државите од регионот за да се пронајдат успешни примери, а експертите изработија и детална техно-економска анализа за исплатливост за домаќинствата од поставување на фотоволтаични, фото- термални и термални системи. Постојат сериозни пропусти во правната регулатива, неусогласенот на терминологијата со постоечките расположливи технологии и капацитети и неусогласеност со други релевантни закони и подзаконски акти кои се пречка за граѓаните да ги користат поволностите од обновливи извори на енергија.

Потребно е да се направат измени на Правилникот за обновливи извори на енергија со цел фотонапонските системи да бидат исплатливи и привлечни за домаќинствата и зголемување на вкупната инсталирана моќност на фотонапонските системи за домаќинствата од 6 kW на 9 kW како и да се промени формулата за вреднување на вишокот произведена електрична енергија на начин што откупната цена на вишокот на електрична енергија од фотонапонските систем да биде иста со цената по која домаќинствата ја купуваат електричната енергија од универзалниот снабдувач.

Некои од клучните измени кои треба да се предвидат во законот за градење е постапка за поставување на други типови соларни системи како и воведување на обврска за задолжително поставување фотонапонска електроцентрала при изградба на нов објект, односно при реконструкција на објектите.
Системот за субвенционирање на трошоците за сончеви термални колекторски системи мора да се преобмисли особено правилото прв дојден прв услужен кое е нецелисходно, предлагаме доделувањето на надоместокот да се врши по принципот сите лица кои аплицирале и ги исполнуваат условите да добијат надоместок на дел на трошоците во висина пропорционално со предвидените средства со програмата.

Со оглед на тоа дека во моментов се случуваат важни процеси на измени во секторот енергија со цел забрзување на енергетската транзиција и усогласување со европското законодавство ние испративме и отворено писмо до Владата и институциите и се надеваме дека нашите препораки ќе бидат земени во предвид, а се со цел да се намалат и ублажат последиците од климатските промени и подобрување на квалитетот на воздух во државата.

Отворено писмо до Владата на Р.Македонија.