Граѓанска наука во функција на природата

Граѓанска наука во функција на природата

Во рамки на проектот „Граѓанска наука во функција на природата“ спроведуван од Еко-свест и Натура МК и поддржан од страна на PONT и CEPF, подготвивме три упатства за идентификација на буката, дабот и костенот. Ова се видови кои можат да се забележат во заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“, а се значајни поради тоа што формираат шумски екосистеми во подрачјето.

Овие упатства може да ги користат ученици, наставници и професори како и посетители и сите љубители на природата кои сакаат преку користење на мобилната апликација iNaturalist да придонесат кон науката!

Мапирањето на овие видови ќе помогне за понатамошното управување со заштитеното подрачје каде шумите играат огромно значење за целиот екосистем каде Вевчанските извори имаат централна и најбпечатлива улога

Интересни факти

Нешто интересно за буката

Буковото дрво има преку 250 познати видови на употреба во Европа, кое се должи на квалитетот на дрвото.

Кај нас, буката е опеана и во народните песни. Името на дрвото бука се поистоветува со шумот (буката) кој го прават листовите.

Нешто интересно за дабот-горун

Во словенската митологија дабот е свето дрво поврзано со врховниот бог Перун – бог на грмотевиците. Оваа врска на дабот со громот е продолжена и

во христијанството преку св. Илија, како светец кому му се доделени громовите

Нешто интересно за костенот

Едно од најстарите дрвја во Европа е костеновото дрво кое повеќе од 3000 години успева да ги преживее сите ерупции на вулканот Етна на Сицилија. Ова дрво е толку големо што постојат слики од 18тиот век на коишто е прикажано како во распуканото стебло на дрвото е сместена цела куќа.

СООПШТЕНИЕ  Забрзано искористување на обновливите извори на енергија и заштита на животната средина и локалните заедници во Северна Македонија

СООПШТЕНИЕ Забрзано искористување на обновливите извори на енергија и заштита на животната средина и локалните заедници во Северна Македонија

Скопје, 25.05.2022 – Северна Македонија презема значаен чекор напред при креирањето на прогресивниот Национален план за енергија и клима (NECP), со кој се поставија амбициозни цели за искористување на обновливите извори на енергија. Сепак, предизвик е да се идентификуваат најдобрите локации за овие инвестиции, кои истовремено ќе спречат било каква штета врз локалните заедници и богатата биолошка разновидност. Проектот на The Nature Conservancy (TNC), Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Еко-свест презема чекори кон полесно надминување на овие предизвици со кои ќе помогнат да се исполни амбициозната енергетска стратегија.

Во 2021 година, TNC иницираше партнерски проект со цел да се идентификуваат можностите кои ќе го забрзаат развојот на енергетски проекти од обновливи извори во Северна Македонија. За таа цел, TNC воспоставија партнерство преку заеднички проект со МАНУ и со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Резултатите од првата фаза на проектот беа претставени на носителите на одлуки, граѓански здруженија и други засегнати страни.

На денешната завршна конференција за претставување на заклучоците и препораките, свое обраќање имаа и Министерот за животна средина и просторно планирање – Насер Нуредини, како и Виктор Андонов од владата на Северна Македонија.

Игор Вејновиќ, од TNC истакна „TNC ја поддржува оваа иницијатива како начин за развивање локални практики во паметно и инклузивно енергетско планирање. За енергетската транзиција да продолжи да се развива, потребни ни се добар спој на страни, академската заедница, граѓански здруженија, креатори на политики, но и локални заедници кои треба да бидат вклучени. Ние сме среќни што ја гледаме поддршката на Владата на РСМ за овој проект и се надеваме дека неговите резултати ќе бидат директно применети од државните институции за да ги исполнат зацртаните цели.“

„Развојот на обновливите извори на енергија е тесно поврзан со преносните и дистрибутивните капацитети на мрежата и локациите каде ќе се градат. Во процесот на планирање треба да се земат предвид бројни ограничувања. Во нашето истражување, посебно внимание се посветува на јаловината и рудниците, како потенцијални локации кои може да се обноват, а сега можат да се користат како основа за развој на обновливи извори на енергија“, потенцираше д-р Александар Дединец од МАНУ.

Друг аспект од проектот беше идентификување и вклучување на засегнатите страни. Беа спроведени јавни анкети и серија на фокус групи, при што беа прибирани мислења и ставови на релевантни групи, започнувајќи од владини институции на централно и локално ниво, енергетски компании, земјоделци, заштитари, граѓански здруженија и експерти кои работат на еколошки и социјални аспекти. „Наодите од нашата анкета и фокус групите, покажаа дека граѓаните се многу загрижени од потенцијалното негативно влијание на енергетските проекти врз животната средина и локалните заедници. Токму затоа, енергетското планирање мора да биде инклузивен процес, во кој ниту едни потреби нема да бидат занемарени. Преку овој процес беа развиени сет на препораки и принципи за паметно енергетско планирање, кои веруваме дека ќе бидат добра основа за забрзано и безбедно енергетско планирање кое ќе ја заштити нашата животна средина и нејзините ресурси, истакна Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест.“

Преку започнување на инклузивен процес за поставување на принципите за транзицијата кон обновливи извори на енергија, но и разгледување на деградираните земјишта како прва опција за развој на соларни и ветерни проекти, TNC, МАНУ и Еко-свест, поставија добра основа за избор на локации кои би биле најсоодветни за нивен развој.

Резултатите на овој проект се доставени и до Владата на Северна Македонија и релевантните чинители, со цел тие да бидат интегрирани во процесот на енергетското планирање, и да бидат применети како принципи за одржлив енергетски развој на земјата.

ОТВОРЕН ПОВИК за Барање на понуда за ревизорски услуги за проект „Граѓански организации во акција за климата’’

ОТВОРЕН ПОВИК за Барање на понуда за ревизорски услуги за проект „Граѓански организации во акција за климата’’

Еко-свест објавува отворен повик за избор на ревизорска куќа за ревизија на проект „Граѓански организации во акција за климата’’ финансиран од Swedish International Development Cooperation Agency (Sida). Повеќе детали во документот во прилог:

ОТВОРЕН ПОВИК за Барање на понуда за ревизорски услуги за проект „Граѓански организации во акција за климата’’

Отворен повик за набавка на компјутерска опрема

На следните линкови ги имате деталите за повикот за набавка на компјутерска опрема на англиски и македонски јазик по ваш избор: