Повик за експерт за скалесто тарифирање на електричната енергија

Повик за експерт за скалесто тарифирање на електричната енергија

Целта на задачата е да се објасни скалестото тарифирање на електричната енергија и неговите ефекти врз електроенергетскиот систем и врз домаќинствата. Документот кој ќе биде резултат на ова истражување е наменет како материјал кој ќе даде насока на идните кампањи на Еко-свест. Истиот е наменета првично за интерна употреба и за информирање при застапување, но делови од него ќе се употребат како основа за изработка на информативни материјали.

Пријавување 

Комплетната понуда кандидатите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 09 јуни 2021 г., со назнака Апликација за експерт за скалеста цена на енергијата. 

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид. Повеќе информации можете да добиете на тел. 071-400-720 или на [email protected].

Повеќе информации за повикот можете да најдете на следниот линк.

Тркалезна маса “Како да разликуваме одржлив развој од Green washing?”

Тркалезна маса “Како да разликуваме одржлив развој од Green washing?”

Почитувани,

Чест ни е да Ве поканиме да учествувате на тркалезна маса “Како да разликуваме одржлив развој од Green washing?”, која ќе се одржи online на 31 мај 2021 г. во 12:00 на платформата ZOOM, на следниов линк:

https://us02web.zoom.us/j/88457295190

Говорници ќе бидат:

1 .Г-н Методија Миноски, ПроКредит Банка

  1. Г-н Драган Блажев, Тимелпроект
  2. Г-н Зоран Радоњанин, FEYDOM
  3. Г-н Здравко Андонов, ЕкоМозаик

Настанот се организира во рамки на проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ кој има зголемување на активностите и влијанието на граѓанските организации од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ и Албанија во заштитата на животната средина преку вмрежување, зајакнување на нивните капацитети и промовирање на зелена економија.

Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.

Ве молиме Вашето учество да го пријавите на електронската адреса [email protected] најдоцна до 28 мај 2021г. 12:00 часот.

Повик за експерт за скалесто тарифирање на електричната енергија

Отворен повик за вработување на координатор за поддршка на заедниците

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје објавува повик за ангажирање на координатор за поддршка на заедниците.

Повикот е отворен од 18.05.2021 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:
• Биографија (CV);
• Три референци;
• Мотивациско писмо и
• Резултати од тест за личноста.
Позицијата е за 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот.

Прашања во врска со повикот

Сите прашања во врска со повикот може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 25.05.2021 година.

Пријава за повикот

Сите кандидати треба бараната документација да ја пратат најдоцна до 30.05.2021 година до 16:00 часот на следната електронска адреса: [email protected].

Повеќе информации за повикот имате на следниот линк:

Повик за експерт за скалесто тарифирање на електричната енергија

Отворен повик за вработување на финансиски и административен координатор

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје објавува повик за ангажирање на Финансиски и административен координатор.

Повикот е отворен од 18.05.2021 година за сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат барањата од повикот и ќе ги поднесат следните документи:
• Биографија (CV);
• Три референци;
• Мотивациско писмо и
• Резултати од тест за личноста.
Позицијата е за 1 лице кое ќе ги задоволи барањата од повикот.


Прашања во врска со повикот

Сите прашања во врска со повикот може да се постават на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до 25.05.2021 година.

Пријава за повикот

Сите кандидати треба бараната документација да ја пратат најдоцна до 30.05.2021 година до 16:00 часот на следната електронска адреса: [email protected].

Повеќе информации за повикот имате на следниот линк:

Тркалезна маса “Како да разликуваме одржлив развој од Green washing?”

Наредна генерација на ЕУ (NextGenerationEU)

COVID-19 пандемијата не само што ја обликуваше моменталната европска политика, туку ќе продолжи да влијае и на политиката во годините што доаѓаат. Исто така, би можела да го загрози остварувањето на целите поставени со Европскиот зелен план. Инструментот за привремено закрепнување во износ од 750 милијарди евра осмислен со задача да помогне во санација на непосредните економски и социјални штети настанати од пандемијата на коронавирусот е наречен NextGenerationEU. Тој би требало да придонесе за пост-COVID-19 Европа да биде поотпорна и поподготвена да одговори на моменталните, но и на идните предизвици спроведувајќи одржливи, зелени решенија.

ЕУ започна план за закрепнување од COVID-19 имајќи во предвид неколку цели. Основната цел е помош на државите членки во санирање на непосредните економски и социјални штети предизвикани од пандемијата на коронавирусот, но и подготовка на подобра иднина за следните европски генерации. Другата цел се гледа во поттикнување на зелена транзиција, дигитална трансформација, паметен, одржлив и инклузивен раст и отворање на работни места, социјална и територијална кохезија, здравје и отпорност, политика за следните генерации, вклучувајќи го образованието и вештините. Во согласност со ова е и третата цел – модернизација на ЕУ објектите. Од овие причини повеќе од 50% од поддршката ќе биде потрошена на модернизација и унапредување на условите за истражување и иновации, преку програмата Horizon Europe, на фер климатска и дигитална транзиција, преку Фондот за праведна транзиција и Дигиталната европска програма, на спремност, закрепнување и отпорност, по пат на програмата Закрепнување и отпорност, RescEU и новата здравствена програма EU4Health. Согласно наведеното, NextGenerationEU се фокусира и на модернизација на традиционалните области како што се заедничката земјоделска политика, борбата против климатските промени, заштита на биодиверзитетот и родова рамноправност.

NextGenerationEU е план со прецизна временска рамка. Предвидено е 70% од неповратните средства коишто ги овозможува Фондот за закрепнување и отпорност (RRF) да бидат доделени во 2021 и 2022 година, додека преостанатите 30% би требало да бидат доделени во 2023 година. Критериум за распределување во 2021-та и 2022-та година е стапката на невработеност, а за 2023-та година е кумулативниот пад на реалниот БДП востановен во периодот 2020–2022.