Чоловиќ – Лешоска: Локалните власти заедно со граѓаните треба здружено да го намалат аерозагадувањето

Чоловиќ – Лешоска: Локалните власти заедно со граѓаните треба здружено да го намалат аерозагадувањето

Конкретни информации, мерење на сите високозагадувачки супстанции, информирање и известување на граѓаните, тесна соработка и координирани активности помеѓу локалните и централните власти се основните потребни факти за решавање на проблемот со аерозагадување. Ова се главните заклучоци од средбата организирана од Еко-свест и ФЕС канцеларијата во Скопје на која колегите од граѓанската иницијатива Polish Smog Alert ги споделија своите предизвици и искуства во соработката со локалните и централните власти во насока на изнаоѓање решенија за аерозагадувањето.

За време на нашето истражување, прво почнавме само да ја информираме јавноста во Краков за високите нивоа на загадувачи во воздухот кој го дишат. Потоа ги едуциравме за последиците врз здравјето од загадениот воздух, особено поради согорувањето на отпад, јаглен и дрва за загревање на домаќинствата во градот. Добивме голема поддршка од експерти и медицински лица меѓутоа и од жителите на Краков. Ова резултираше со донесување законска забрана за затоплување на домаќинствата на територијата на Краков со јаглен и дрва, побјасни Ана Двораковска од Polish Smog Alert.

Според Двораковска, на оваа законска забрана секако претходно биле обезбедени финансии за замена на загревањето на социјално загрозените жители, процес кој преку субвенционирање на грејните тела веќе започна и кај нас, и токму затоа носење на ваква законска забрана во моментов би бил значителен чекор напред во борбата со аерозагадувањето во пренаселените урбани средини.

Можеме да бараме вина за аерозагадувањето, но најдобро е да побараме решенија. Соработката помеѓу сите чинители на централно и локално ниво е клучна во процесите на носење регулатива и политики за справување со аерозагадувањето, дополни и Ивана Вучкова од ФЕС Скопје.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кој беше присутен на средбата изрази силна желба за понатамошна соработка со полските институции, но и невладиниот сектор во насока на пресликување на успешните примери за подобрување на квалитетот на воздух.

Според извршната директорка Ана Чоловиќ Лешоска на Еко-свест во време на светска криза која ни даде црвено светло и не освести за здравјето на луѓето и за различните влијанија на загадувањето во комбинација на ширењето на вирусот Ковид-19, се покажа дека тоа е голем удар врз здравјето, а тоа го потврдуваат и докторите, така што крајно време е за построга регулатива во земјава и за повисоки стандради за квалитетот на воздухот кој го дишеме.

Започнавме разговори со надлежните институции во однос на можноста да се воведе забрана за согорување јаглен во домаќинствата врз основа на истражувања кои беа направени за изворите на загадувањето во Скопје. Одржавме работилница со сите надлежни институции на која главниот заклучок беше дека постои интерес да се воведе забраната, врз основа на што изработивме предлог решение, нацрт закон кој може да се разгледува самостојно или да се инкорпорира во други постојни закони- истакна Ана Чоловиќ Лешоска извршната директорка на Еко-свест.

Отворен повик за изработка на краток документарен филм

Отворен повик за изработка на краток документарен филм

Во рамки на проектот ,,Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европската Унија и активностите кои Еко-свест ги спроведува за потребите на проект „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија’’, објавуваме повик за изработка на краток документарен филм за енергетската транзиција во земјата.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е прикажување на моменталните процеси и потенцијалите за енергетска транзиција во регионите со јаглен во земјата како начин за доближување на влијанието кое овие региони го имаат врз климатските промени.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 12 ноември 2020 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за изработка на краток документарен филм.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 070 205 431

Повеќе информации за критериумите и потребна документација за аплицирање може да најдете на овој линк.

Отворен повик за изработка на краток документарен филм

Отворен повик за изработка и спроведување на кампања

Во рамки на проектот ,,Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европската Унија и активностите кои Еко-свест ги спроведува за потребите на проект „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија’’, објавуваме повик за изработка и спроведување на медиумска кампања за влијанието кое енергетската транзиција го има врз климатските промени.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е информирање и едукација на граѓаните во земјава за моменталните процеси и потенцијалите за енергетска транзиција во регионите со јаглен во земјата како начин за доближување на влијанието кое овие региони го имаат врз климатските промени. Кампањата треба да придонесе кон зголемување на свесноста на македонските граѓани за важноста на справувањето со климатските промени во сите сектори и на сите нивоа на донесување на одлуки како значаен чекор во спроведувањето на успешен процес на пристапување кон ЕУ и да се опфатат со активностите групите на граѓани кои во дадената заедница се најзасегнати од климатските промени или најмногу придонесуваат кон нив.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 12 ноември 2020 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за изработка и спроведување на медиумска кампања.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 070 205 431

Повеќе информации за критериумите и потребна документација за аплицирање може да најдете на овој линк.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА за спроведување кампања

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба од ангажирање на компанија коja би изработила и спровела :

  1. Медиумска кампања во насока на подигнување на свесноста на граѓаните за аерозагадување.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е информирање и едукација на граѓаните во земјата за прашања поврзани со аерозагадување. Кампањата треба да придонесе кон зголемување на свесноста на граѓаните за главните индикатори, последици по здравјето на човекот и животната средина, начини за подобрување и влијание на нивните секојдневни практики врз состојбата со амбиенталниот воздух.

ЗАДАЧИ НА КОМПАНИЈАТА

  1. Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест.
  2. Да изработи дигитален маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од нарачателот.
  3. Да го презентира дигиталниот маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот.
  4. Да спроведе медиумска кампања согласно темата и договорот во времетраење од 40 денови.
  5. Да изработи краток извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Компанијата ќе има период на реализација на активноста од 40 денови од датумот на одобрување на презентираниот дигитален маргетинг план и визуелен индентитет односно 47 денови од потпишување на договорот.
Времето на изработка на дигиталниот маркетинг план е 7 (седум) дена од потпишување на договорот.
Времето на спроведување на кампањата е 40 (четриесет) денови по одобрување на дигиталниот маркетинг план.
Вредноста на договорот не може да надмине 1000 евра во денарска противредност (без ДДВ).

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:

  1. Краток опис на компанијата.
  2. Портфолио со сработени кампањи за дигитални медиуми.
  3. Биографија од најмалку едно лице со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кое би било ангжирано на активноста
  4. Предлог концепт за медиумска кампања
  5. Тековна состојба не постара од 6 месеци
  6. Финансиска понуда.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  1. Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство на компанијата 30 бодови.
  • Предлог концепт за медиумска кампања 50 бодови.
  • Понудена цена 20 бодови.
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 10.11. 2020 г., со назнака Апликација за кампања за аерозагадување
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на [email protected]

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОМПАНИЈА

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧ

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧ за спроведување на тим билдинг за Еко-свест

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животна средина, финансиран од Делегација на Европската Унија има потреба за ангажирање на обучувач коj би спровел:

  1. Тим билдинг тренинг за вработените и извршниот одбор на Еко-свест.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е придонесување кон зајакнување и хармонизација на односите на вработените, помош при организиање и изнаоѓање начин за интегрирано остварување на поставените задачи и цели. Со помош на овој тренинг би се постигнало зголемување на мотивацијата и продуктивноста како и преку правилна комуникацијата на вработените да се изградат вештини за решавање на проблемите на работното место.
ЗАДАЧИ НА ОБУЧУВАЧОТ

ОБУЧУВАЧОТ треба:

  1. Да предложи методи и вежби кој би се спроведувале на тим билдинг сесиите.
  2. Предложените методи и вежби треба да бидат во согласност со препораките и мерките на Владата во врска со коронавирусот Covid-19.
  3. Да предложи локација за одвивање на тим билдинг сесиите
  4. Да достави план за одвивање на тим билдинг сесиите, и
  5. Да спроведе тим билдинг сесии за вработените на Еко-свест.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Обучувачот ќе има период на реализација на активноста од 20 (дваесет) денови од датумот на потпишување на договорот. Вредноста на договорот не може да надмине 1200 евра во денарска противредност во бруто износ (со вклучен персонален данок).
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, кандидатите треба да достават:

  1. Биограгфија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза
  2. Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Апликантите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантна област,
  2. Најмалку 3 (три) претходно спроведени тренинзи/тим билдинг за градење на капацитети и/или надминување проблеми во комуникацијата за организации/ компании
  3. Одлични комуникациски/презентациски вештини (на македонски јазик)

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и профил на кандидатот- 70 бодови
  • Понудена цена за активноста- 30 бодови
    Вкупно 100 бодови.
    Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 9.11. 2020 г., со назнака Апликација за обучувач за тим билдинг.

Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247 или на [email protected]