Повик за доставување понуди за печатење на информативни табли и патокази

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, локална канцеларија Вевчани во рамки на проектот “Поддршка на одржливото управување со заштитеното подрачје Вевчански извори”финансиран од ПОНТ, има потреба од ангажирање на компанија за печатење на информативни табли и патокази.

Работни задачи и одговорности на компанијата/изведувачот

  1. Печатење на информативни табли и патокази

Спецификација и количина на дрвените информативни табли и патокази

Информативните табли и патокази се изработуваат од пластична фолија врз лим или друго решение издржливо на сончеви зраци и различни временски услови. Димензијата на информативните табли треба да е 100 сантиметри висина и 100 сантиметри ширина. Димензијата на патоказите треба да е 20 сантиметри висина и 80 сантиметри ширина.

Таблите се наменети да се постават на дрвена подлога со шрафење.

Спецификација на таблиКоличина
Принт-фул колор (може да е на пластична фолија, врз лим или друго решение.
Димензии 100x100cm
  Најмалку 20
Спецификации на патоказиКоличина
Принт-фул колор (може да е на пластична фолија, врз лим или друго решение.
Димензии 20x80cm
  Најмалку 10

Потребна документација за аплицирање:

  • Краток опис на компанијата
  • Портфолио
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци 
  • Финансиска понуда (по табла и патоказ)

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  • Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години

Во понудата задолжително:

  • Да се наведе единечната цена за секоја табла и патоказ, поединечно без ДДВ
  • Временски рок на извршување на услугата
  • Начин на плаќање

Евалуација на кандидатите

Еко-свест ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Договор ќе биде склучен само со оној кандидат чија понуда ќе биде оценета како најповолна.

Услови на поднесување

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на email: [email protected], со назнака Понуда за печатење на информативни табли и патокази.

Краен рок за достава на понуди е 14 декември, 2022 година

Некомплетни понуди нема да бидат земени во предвид.

Повеќе информации можете да добиете на тел. 070 225 604.

Повик за доставување понуди за изработка на дрвени информативни табли и патокази

Повик за доставување понуди за изработка на дрвени информативни табли и патокази

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, локална канцеларија Вевчани во рамки на проектот “Поддршка на одржливо управување со заштитеното подрачје Вевчански извори”финансиран од ПОНТ, има потреба од ангажирање на компанија или поединец-изведувач кој ќе изработи дрвени информативни табли и патокази.

Работни задачи и одговорности на компанијата/изведувачот

  1. Изработка и поставување на дрвени информативни табли и патокази

Спецификација и количина на дрвените информативни табли и патокази

Спецификација на таблиКоличина
1,3м ширина – 2,3м висинаНајмалку 10 табли
3м ширина – 2,3м висинаНајмалку 1 табла
5м ширина – 2,3м висинаНајмалку 2 табли
Спецификација на патоказиКоличина
2,3м висинаНајмалку 10 патокази

Предлог спецификации – инфотабли и патокази

1.Производство, транспорт и поставување на информативни дрвени табли заштитени од временски услови:
– Дрвена табла (на која се прицврстува лимена табла), димензии: 110cm x 100cm
– Дрвена конструкција, димензии: 130cm x 230cm (од кои 30cm во земја)
1.1Основа во земја со метална стопа и бетон, димензии минимум 30 х 30 cm
1.2Кровна конструкција на висина максимум од 2 метри,изработена од дрвени даски прекриени со пластифициран лим
2.Производство, транспорт и поставување на дрвени патокази:
-Дрвена табла, димензии 80cm x 20cm (по две табли на секој патоказ)
-Дрвена конструкција, димензии 230cm(од кои 30cm во земја)
2.1Основа во земја со метална стопа и бетон, димензии 30 x 30cm

Носечките конструкции за информативните табли и патокази се изработуваат од дрво кое е заштитено од надворешни влијанија, премачкано со темно кафеава боја наменета за третирање на дрво за надворешна употреба и истото е фундаментирано во цемент од минимум 30 cm. Врвот на конструкцијата на информативната табла треба да биде на висина од максимум 2 метри, и е заштитен од дожд со кровна конструкција прекриена со пластифициран лим.

Во анекс 1 е даден фотографски приказ на табла и патоказ.

Потребна документација за аплицирање

За правни лица

  • Краток опис на компанијата
  • Портфолио
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци 
  • Финансиска понуда (по табла и патоказ) вклучително со транспорт и поставување на таблите

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  • Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.

За поединец-изведувач

  • Лична биографија
  • Портфолио
  • Финансиска понуда (по табла и патоказ) вклучително со транспорт и поставување на таблите

Во понудата задолжително:

  • Да се наведе единечната цена за секоја табла и патоказ, поединечно, цената за транспорт и поставување по табла и патоказ за сите наведени количини без ДДВ
  • Временски рок на извршување на услугата
  • Начин на плаќање

Евалуација на кандидатите

Еко-свест ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Договор ќе биде склучен само со оној кандидат чија понуда ќе биде оценета како најповолна.

Услови на поднесување

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на email: [email protected], со назнака Понуда за изработка на дрвени информативни табли и патокази.

Краен рок за доставување на понудите е 16 декември 2022 година.

Некомплетни понуди нема да бидат земени во предвид.

Повеќе информации можете да добиете на тел. 070 225 604.

Анекс 1. Предлог изглед на информативни табли и патокази:

Повик за членство во локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани

Повик за членство во локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани

Локалната канцеларија Еко-свест во Вевчани објавува повик за нови членови кои сакаат да се приклучат кон нашата организација.

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина. Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.  

Главната цел на локалната канцеларија во Вевчани е заштита на природата, едукација и одржливо управување со Заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“. Одржливото управување подразбира заштита на природата и нејзино разционално користење заради локален економски развој, но со зачувување на еколошките вредности со цел истите да се одржат и останат и за наредните генерации.

Придобивки за членовите на Еко-свест

» Проширување на знаења

Присуство на обуки и конференции на национално и меѓународно ниво.

» Учество во различни активности и настани

Можност за организирање, координирање и учество во настани и проектни активности кои се поврзани со Заштитеното подрачје Вевчански Извори: едукација за млади, еко-патрола, еколошко кино, планинарски тури, мапирање на видови, креативни работилници, анкети и истражувања, акции за чистење и сл.

Можност за осмислување и реализирање на Ваши активности и идеи.

» Професионален развој

Добивање на обука и пракса која овозможува стекнување со потврди и сертификати за учество во проекти. Можност за објавување на авторски написи во публикациите и на интернет страната на Еко-свест.

Кој може да биде член на Еко-свест?

Сите луѓе кои се заинтересирани за зачувување на природата, еколошка едукација и одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански Извори можат да се пријават за членови.

Како да станете член?

Пријавувањето можете да го извршите секој работен ден од 08:00 до 16:00 во канцеларијата на Еко-свест во Вевчани, преку пополнување на пристапница. Простапницата е достапна во нашата канцеларија и на линкот  

За подетални информации можете да се јавите на телефонскиот број 070/225-604, или да не контактирате преку е-маил на:  [email protected] или [email protected]

Садење на дрвја по повод 20 години Еко-свест

Садење на дрвја по повод 20 години Еко-свест

По повод 20 години од формирањето и работата на Центарот за истражување и заштита на животната средина „Еко-свест“, денес во градскиот парк со нашите партнери и поддржувачи од Министерството за животна средина и просторно планирање и Шведската амбасада во Скопје засадивме 20 дрвја како донација за граѓаните на Скопје.
Урбаното зеленило има значајна улога во квалитетот на нашето живеење, но и во прочистувањето на воздухот и намалување на аерозагадувањето.
И во услови на тековната енергетска криза, Еко-свест настојува да ги информира носителите на одлуки, но и јавноста за важноста од систематско справување со аерозагадувањето во главниот град и земјата, истовремено истакнувајќи ја потребата од континуирана заштита на животната средина и грижа за човековото здравје.
Потребно е да ја искористиме енергетската криза како силен мотив за да направиме вистинска енергетска транзиција, декарбонизација на економијата и комплетна еколошка трансформација, со цел да се подобри квалитетот на живот и да се заштити човековото здравје на долг рок.
Сите институции, компании и граѓани треба да делуваат засилено и заедно, преку посветена примена на одржливи решенија за намалување на загадувањето и подобрување на состојбата со животната средина.
Во Градскиот парк во Скопје освен нашиот тим, дрвја засадија и Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик амбасадорката на Шведска, Биби Гармсон, претставници од Шведската агенција за заштита на животната средина (SWEPA) и претставници од ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје.

НОВА ЛОКАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО ОПШТИНА ВЕВЧАНИ И СТАРТ НА ТРИГОДИШЕН ПРОЕКТ ЗА ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ЗАШТИТЕНОТО ПОДРАЧЈЕ ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ

НОВА ЛОКАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО ОПШТИНА ВЕВЧАНИ И СТАРТ НА ТРИГОДИШЕН ПРОЕКТ ЗА ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ЗАШТИТЕНОТО ПОДРАЧЈЕ ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест денес во Вевчани отвори своја локална канцеларија, а беше потпишан и Договор за проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје „Вевчански извори“, со PONT (Prespa Ohrid Nature Trust) кој ќе се спроведува до август 2025 година.

Целта на овој проект е да се обезбеди поддршка за одржливо управување со заштитеното подрачје Споменикот на природата “Вевчански Извори”. Со спроведувањето на овој проект ќе се изврши ефективно следење на клучните видови во Споменикот на природата „Вевчански извори“, поставување на едукативни табли и патокази, воспоставување на еко-патрола, едукација за биолошката разновидност, како и привлекување на повеќе посетители во подрачјето.

За време на отворањето на локалната канцеларија на Еко-свест и промовирањето на проектот, извршната директорка на Еко-свест – Ана Чоловиќ Лешоска подвлече дека овој проект всушност се надоврзува на низа претходни успешни активности на Еко-свест, кои беа реализирани во соработка со Општина Вевчани и релевантните чинители во Заштитеното подрачје „Вевчански извори“. Еко-свест во 2018 година го поддржа донесувањето на Планот за управување со заштитеното подрачје и помогна на Општината да воспостави систем за негово одржливо управување.

Извршната директорка на PONT – Миријам де Конинг истакна дека е мошне задоволна од соработката со Еко-свест во минатото и потенцираше дека се радува што Еко-свест ќе биде присутен преку локалната канцеларија во Вевчани, каде што активностите за заштитеното подрачје „Вевчански извори“ ќе добијат на интензитет и видливост.

Проектот ќе обезбеди континуитет и ќе го поддржи спроведувањето на планот за управување со заштитеното подрачје „Вевчански извори“ и ќе даде поддршка на Општина Вевчани во спроведување на своите активности за заштита на природното наследство.