Повик за спроведување кампања за одржливо живеење

Повик за спроведување кампања за одржливо живеење

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест објавува повик за спроведување кампања за одржливо живеење за граѓански организации и/или приватни компании. Повикот е дел од проектот „Да зборуваме за климатските промени“ финансиран од Европската Унија и спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и Движењето на екологистите на Македонија.

Во рамките на овој проект преку активностите за подигнување на свеста на граѓаните за важноста на справувањето со климатските промени, предвидена е спроведување на Кампања за одржливо живеење. Кампањата се очекува да биде спроведена од страна на граѓанска организација или приватна компанија која се занимава со изготвување и спроведување на кампањи, работа на социјални медиуми, дизајн и маркетинг, организација на настани и сл. На повикот можат да се јават сите заинтересирани организации и компании кои сакаат да ги организираат активностите предвидени во овој Повик.

Цел на повикот е придонесување кон подигнување на свесноста на македонските граѓани за важноста на справувањето со климатските промени во сите сектори и на сите нивоа на донесување на одлуки како значаен чекор во спроведувањето на успешен процес на пристапување кон ЕУ и да се опфатат со активностите групите на граѓани кои во дадената заедница се најзасегнати од климатските промени или најмногу придонесуваат кон нив.

Критериуми за учество на повикот

Повикот е наменет за граѓански организации регистрирани во Република Македонија согласно Законот за здруженија и фондации и Приватни компании кои се формирани согласно Законот за трговски друштва.

Право на аплицирање имаат организациите/ компаниите кои пред објавувањето на овој повик биле регистрирани најмалку 2 (две) години.

Апликациите кои нема да ги исполнат следните услови, нема да можат да бидат земени во предвид:
• Формуларот на пријава не е целосно пополнет или не ги вклучува потребните прилози;
• Поднесувањето е извршено после истекот на крајниот рок наведен во повикот.

Начин на аплицирање

Граѓанските организации/ приватните компании аплицираат со пополнување на соодветната пријава (дадена во прилог на оваа апликација).

Целосните апликации со придружните документи треба да се испратат во електронска форма на [email protected] (со назнака во subject: Кампања за одржливо живеење) не подоцна од 29 декември 2019 година во 23:59 часот.

Сите прашања во врска со апликацијата може да се поставуваат во писмена форма најдоцна до 26 декември 2019 година до 16 часот на електронската адреса [email protected] со назнака во subject: „прашање за Кампања за одржливо живеење “. Сите прашања поставени за време на инфо сесиите и поставени писмено по електронски пат ќе бидат одговорени во писмена форма и објавени на истата врска каде е објавен и овој повик најдоцна до 27 декември 2019 година во 14:00 часот. Прашања поставени по телефон нема да се одговараат. Прашања поставени по рокот за поставување прашања нема да се одговараат.

Комплетната апликација треба да содржи:

  • Пријава за предлог проект (Анекс 1)
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци
  • Листа на претходни проекти (Reference List)
  • Портфолио од изработени кампањи, вклучително и изработени материјали (визуелно – слики).

Целосното упатство и услови може да ги најдете на следниот линк.

ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА РЕГИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МРЕЖАТА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени“, предвидени се активности за зајакнување на партнерства и воспоставување коалиција за климатски промени составена од локални членки од 8 региони од државата.
Целта на проектот е да се зајакне влијанието на грасрут организациите и националните граѓански организации преку воспоставување на коалиција за климатски промени на национално ниво и да се подигне свеста за важноста од приспособување (адаптација) на климатските промени.

Специфични цели на проектот се:

  1. Зголемување на капацитетот, транспарентноста и одржливоста на граѓанските организации од различни сектор во земјата преку формирање на коалиција за климатски промени на национално ниво со цел поголема вклученост во креирање на јавното мислење како и зголемено влијание и учество во развојот на политиките на локално и национално ниво.
  2. Да се подигне свеста кај македонските граѓани за важноста на справување со климатските промени во сите сектори и на сите нивоа на одлучување како клучен придонес за постигнување на успешен процес на пристапување кон ЕУ.

Проектот е имплементиран од страна на на Еко-свест, Скопје (водечки апликант) Connecting Natural Values and People (CNVP), Скопје и Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ), а финансиран од Европската Унија.

Овој повик се однесува на ангажирање на Регионален координатор за ЈУГОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН со почеток од 1.1.2020 и времетраење од 2 (две) години.

Опис на работните задачи

Главната цел на ангажманот е да се воспостави развиена и ефикасна структура на Мрежа за климатски промени составена од здруженија-членки на локално ниво. Мрежата треба да изгради цврсти односи и добар пристап со своите засегнати чинители и да дејствува како силна алатка која ќе влијае врз донесувачите на одлуки од секторот клима. За таа цел, на почетокот од проектот изработени се проценки за клучни приоритетни области за дејствување на здруженијата во секој од 8 региони од државава.
Задачата на секој регионален координатор ќе биде да одржува постојани врски меѓу локалните здруженија и управувачкиот тим од проектот (преку канали како Ekosfera.mk) како и да отвораат нови канали на комуникација. Нивната улога ќе биде во одржување, ажурирање и промовирање на онлајн алатки за мапирање на еколошки жешки точки во поединечните региони.

Поконкретно регионалните координатори ќе ги имаат следните задачи:

  • локална подготовка на членките за воспоставување стабилни темели на Мрежата преку промовирање на употреба на онлајн алатки за мапирање на еколошки жешки точки во поединечните региони
  • интензивно усогласување со цел да се гарантира учество и разбирање од страна на членките, за изградба на заеднички пристап во влијание врз локалните донесувачи на одлуки во секторот клима изразено преку конкретни активности на регионално и локално ниво (поднесени реакции до медиуми, учество во локални јавни расправи, претставки и предлози до надлежни органи, следење и известување за локалните политики поврзани со заштитата на животната средина и климата и сл.)
  • подготовка на планови за активностите кои ќе ги доставуваат еднаш месечно до проектниот тим. Содржината на плановите треба да биде испорачана преку методологија која ќе обезбеди висок степен на интеракција и активно вклучување на членките во активности на ширење на јавната свест за потребата да се работи на поле на климатски промени.
  • одржување повремени консултативни средби со проектниот тим при спроведување на координативните активности

Тип на договор и надоместок

Ангажманот е на хонорарна основа и се заснова на определено време од максимум 2 години со вкупно две плаќања, од кои првото е по одобрување на периодичен извештај, а второто е по одобрување на план на активности за следната година на Регионалниот координатор од страна на проектниот тим. Вкупниот износ кој ќе биде исплатен по координатор изнесува 1000 евра бруто во денарска противвредност.
Регионалниот координатор одговара директно пред Координаторот на Проектот „Да зборуваме за климатските промени“.

Ангажманот ги вклучува следниве специфични обврски:
• Подготовка на нацрт-план за активности (за месец и за година)
• Подготовка на периодичен и завршен извештај кои ги вклучуваат резултатите од координативните активности.

Потребни квалификации

Регионалниот координатор треба да ги поседува следните квалификации и вештини:
• Познавање на политиките за справување со климатски промени во Македонија;
• Познавање на невладиниот сектор во регионот за кој се аплицира (пожелно во областа на животната средина или сродни области);
• Искуство во користење на современи интерактивни методи и онлајн алатки;
• Познавање на процесот на партиципативно учество во креирање на политики и носење на одлуки на локално ниво.

Потребна документација

Пријавата треба да го содржи следново:
• Детална биографија (CV)
• Писмо за интерес

Критериуми за избор

Критериум за избор на координаторите се:
• Експертиза за темата за која се пријавуваат: 50 бода
• Претходно искуство во работа со здруженија на граѓани: 50 бода

Рок за пријавување

Апликациите треба да се достават најдоцна до 25 декември 2019 год. (среда) на следната електронска адреса: [email protected] со назнака „Пријава за Регионален координатор“. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.