Центарот за истражување и информирање за животна средина ,,Еко-свест’’ од Скопје преку локалната канцеларија Вевчани во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански извори” поддржан од ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust) има потреба од ангажирање на правно лице за подготовка и печатење на едукативни публикации.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Ангажираната компанија ќе биде одговорна за подготовка и печатење на три едукативни публикации. 

ЗАДАЧИ

Избраната компанија треба да ги подготви и испечати следниве публикации:

  1. Споменик на природата Вевчански Извори – природата во очите на децата (33 страници вклучувајќи ги и работните листови + корица);
  2. Споменик на природата Вевчански Извори – игралиште за млади истражувачи (56 страници вклучувајќи ги и работните листови + корица);
  3. Споменик на природата Вевчански Извори – експериментално поле за млади научници (63 страници вклучувајќи ги и работните листови + корица).

На избраниот понудувач материјалите ќе му бидат доставени во pdf документи на македонски јазик. 

Публикациите треба да бидат испечатени во А4 формат. Материјалите од кои треба да се испечатат публикациите треба да бидат од еколошка хартија (FSC), принтот да биде во фул колор, без користење на хемикалии и пластика. Исто така публикациите треба да бидат поиздржливи и прилагодени за користење во надворешни услови, затоа што најчесто ќе бидат користени во природа.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Крајниот рок за реализација на оваа услуга е една недела од потпишувањето на договорот.

Вкупната вредност на оваа услуга не смее да надимне 2500 евра. Проектот е ослободен од ДДВ.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Краток опис на компанијата (портфолио);
  • Најмалку три референтни проекти слични на бараната услуга;
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 6 месеци;
  • Биографија од најмалку едно лице со искуство во дизајнирање кое би било ангажирано за активноста;
  • Финансиска понуда – износ без ДДВ (анекс 1);
  • Пополнета изјава (анекс 2).

Компанијата мора да ги исполнува следниве критериуми:

  • Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 3 години.

Во понудата задолжително треба да се наведе единечната цена, како и предложениот тираж за секоја публикација. Сите цени треба да се достават без вклучен ДДВ, заедно со временскиот рок за извршување на услугата. 

Понудите треба да се достават по електронски пат на македонски јазик.

Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2023 (за правни лица); pотврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериуме за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Понуди треба да бидат доставени најдоцна до 19.04.2024 година, до 16:00 часот, на е-маил [email protected] со назнака Апликација за печатење на публикации.

Повеќе информации можете да добиете на телефон +38978449209 или на е-маил [email protected] Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.

Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.

ЕВАУЛАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Портфолио и референтни проекти  – 40 бодови
  • Понудена цена – 60 бодови

Вкупно 100 бодови

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.

    Share This

    Share this post with your friends!