Праведната транзиција на регионите со јаглен да започне веднаш

Праведната транзиција на регионите со јаглен да започне веднаш

Во текот на 2020 година, нашата Влада зацрта високи и амбициозни цели во секторите енергија и клима кои ќе биде тешко да се достигнат доколку не забрзаат процесите за транзиција на ТЕЦ на јаглен кон обновливи извори на енергија, меѓутоа и транформирање на економијата во регионите со јаглен како никој не би останал без работа и егзистенција.

Реалноста е дека ние немаме повеќе време да се лажеме дека можеме да ги одржуваме термоелектраните на јаглен во земјава, немаме ниту јаглен ниту финансиски средства за одржување на сите вработени во тие термоелектрани бидејќи има превработеност. Не можеме да си дозволиме ниту да продолжат да работат како досега, без потребниот десулфуризатор, бидејќи луѓе ни умираат од канцерогени заболувања секој ден, особено во Битолскиот регион.

За да се спасат Кичевскиот и Битолскиот регион од замирање потребно е веднаш да започне процесот на долгорочно планирање на праведната транзиција- усвојување на план за праведна транзиција на овие региони и во овој процес мора активно да учествуваат работниците, синдикатите, локалното население, малите и традиционални бизниси, граѓанските организации и локалните власти од Кичевскиот и Битолскиот регион. Потребни се анализи на работоспособното население во регионите и можности за развој на алтернативни економски гранки за да се обезбеди понатамошен развој на овие региони.

Владата има должност да не ги заборави граѓаните од овие региони и да мобилизира финансиски средства во насока на реализација на зацртаните цели во План за праведна транзиција кој мора итно да се донесе. Властите мора да бидат апсолутно транспарентна со сите засегнати чинители. Приватните бизниси можат да помогнат, локалното население е заинтересирано да произведува електрична енергија од сонцето со поставување фотоволтаици на кровови на домаќинствата, бизнисите и јавните згради- потребна е доверба. Одговорноста и на локалните власти во подршка и фасилитирање на овие процеси е огромна.

За овие локални избори за Кичево и Битола ќе биде важна само енергетската транзиција и обезбедување зелен економски раст и развој на овие региони и здрави граѓани, и ние цврсто ќе застанеме на страната на граѓаните. Се надеваме дека Владата ќе биде партнер и ќе го реализира ветеното.

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: Отворен повик за подготовка и организирање на виртуелен настан

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: Отворен повик за подготовка и организирање на виртуелен настан

Во рамки на проектот ,,Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европската Унија, објавуваме повик за подготовка и организирање на повеќедневен виртуелен настан од областа климатски промени.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на оваа активност е зајакнување на националната мрежа за климатски промени како и создавање понатамошни приоритети и насоки за работа на коалицијата.

ЗАДАЧИ

Избраната компанија/организација треба да:

  • Да соработува и да ги следи насоките за подготовка и организирање на виртуелниот настан од страна на проектниот тим на проектот „Да Зборуваме за климатските промени“
  • Да подготви и организира виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици. Работилниците треба да бидат соодветно испланирани во текот на 10 работни дена.
  • Да пронајде и подготви соодветни технички решенија за организирање и следење на виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници. Мора да се обезбедат услови за најмалку тројца говорници физички присутни во студиото/избраната локација, превод од мк-ен и ен-мк како и можност за следење во живо и интеракција на настанот за најмногу 100 учесници
  • Да обезбеди снимки од виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници
  • Да изработи дневен ред за виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници
  • Да пронајде и ангажира говорници за сите посебни работилници
  • Да обезбеди модератор за сите посебни работилници дел од виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени
  • Да обезбеди лице кое ќе фаќа белешки од виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници
  • Да подготви список на сите релевантни чинители во областа климатски промени на вируелниот настан и посебните (ГО, институции, приватен сектор, научно-истражувачки сектор) работилници
  • Да испрати покани за виртуелниот настан по емаил до сите релевантни чинители по претходни консултации со проектниот тим на проектот „Да Зборуваме за климатските промени“
  • Однапред да го промовира настанот преку традиционалните и нови медиуми и да изработи и спроведе кампања на социјални медиуми за промовирање на резултатите од проектот „Да Зборуваме за климатските промени“
  • Да ги проследи клучните пораки од настанот, посебните работилници на официјалните профили на социјалните мрежи, вклучително и графички дизајн на истите
  • Да ги комуницира резултатите од виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници со сите засегнати чинители
  • Да изработи медиумски пакет за виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници
  • Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави на нарачателот

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Времето на подготовка на виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици како и за сите посебни работилници е 20 (дваесет) дена од потпишување на договорот.
Времето на организирање на виртуелен настан, завршна конференција од областа на климатски промени во времетрање од две седмици е крајот од месец март (22.03.2021 – 2.04.2021).
Времето на доставување на извештај за постигнатите резултати е 2 (две) седмици по завршување на настанот.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

При аплицирањето, заинтересираните компании/организации треба да достават:

  • Краток опис на компанијата/ организацијата
  • Портфолио со сработени виртуелни настани, особено од областа животна средина и клима
  • Биографија од лицата кои ќе учествуваат во подготовка и организирање на виртуелниот настан
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци
  • Финансиска понуда по ставки

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  1. Активна компанија/организација која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе ги извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство на компанијата 30 бодови
  • Биографии на лица ангажирани за настанот 50 бодови
  • Понудена цена 20 бодови

Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во соодност квалитет на понуда и цена. Содржината на овој документ е одговорност единствено на Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ и под никакви услови не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската унија.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 8 февруари 2021 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за подготовка и организирање на виртуелен настан.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 070 205 431