Основни информации

 Еко-свест започна нов проект со поддршка на Европската програма за отворени реки – организација за доделување грантови посветена на обновување на реките. Проектот има за цел да развие национална применлива методологија и база на податоци со симулатор за идентификување на приоритетните бариери за отстранување со користење на сливот на реката Пчиња како студија на случај.

Овој проект е прв проект поврзан со реставрација на реките преку отстранување на бариерите во државата. Тоа ќе даде можност да се воведе отстранувањето на браната како важен механизам за обновување на реките. Исто така, ќе ги идентификува клучните експерти и засегнати страни за други слични иницијативи посветени на обновувањето на реките“.

Eко-свест објавува повик за изразување интерес на компании и индивидуални лица- консултанти за изработка на електронска база на податоци каде ќе се собираат информации од претходен попис, проценки и анализи во рамки на проектот Reconnecting rivers in North Macedonia- Developing methodology and identification of priority barriers for removal.

Цел и задачи на активностите

Ангажираната компанија или консултант ќе биде одговорно за изработување на база на податоци каде што ќе бидат вклучени сите собрани информации од претходниот попис, проценка и анализи и ќе овозможи систематска класификација на влијанието на бариерите и приоритетните бариери за отстранување. Базата на податоци првично ќе се користи за студијата на случај на реката Пчиња и нејзиниот дизајн ќе биде применлив за употреба на сите речни сливови во земјата.

Податоци кои ќе се собираат се следни:

  • Име и локација на бариерата, со координати
  • Оценка на влијанието врз рибите
  • Оценка на влијанието врз вегетацијата
  • Оценка на влијанието врз макроинвертебратните животни
  • Оценка на влијание врз хидрологијата
  • Оценка на влијанието врз геоморфологијата
  • Оценка на социо-економското влијание
  • Правен статус

Овие податоци во форма на бројки се содржат во табеларен приказ кој треба да биде отворен и јавно достапен на веб со нејзин визуелен приказ во форма на табела и карта.

Базата е потребно да може да пресмета меѓусебно растојание помеѓу две бариери и како тоа растојание би се менувало во должина доколку се отстрани некоја од бариерите.

Функционалноста на оваа база треба да е прилагодена на корисници без претходно големо предзнаење. Податоците се даваат комплетно без потреба од нивно надополнување во иднина.

Дополнително, потребен е приказ на карта на податоците.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 дена од објавување на отворениот повик. (Прва фаза)

По истекот на овие 7 дена Еко-свест ги повикува заинтересираните понудувачи на информативен состанок и дијалог на кој ќе се утврди можното решение кое најдобро одговара на барањето. По одржанот состанок со секој од понудувачите, се дава рок од 10 дена за доставување на понуда. (втора фаза)

Временска рамка за спроведување на активноста

Периодот за спроведување на оваа активност изнесува најмногу 2 месеци од датумот на потпишување на Договорот, но не подоцна од 30.11.2023.

Буџет

Вкупниот буџет за изработка на оваа задача изнесува бруто 3000 евра во денарска противвредност (со вклучен ДДВ износ).

Потребна документација за пријавување

Заинтересираните понудувачи во првата фаза треба да достават:

  • Писмено изразување интерес за учество на повикот, и
  • Потпишанаа изјава (види Анекс 1)

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Во втората фаза, Еко-свест ќе формира 3 члена комисија со цел изборот на најдобар понудувач.

Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:

  • Претходно професионално искуство во дејноста (30 бодови)
  • Предлог идејно решение за бараната задача(40 бодови)
  • Понудена цена (30 бодови)

Критериуми за понудувачите

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.  

На повикот може да се пријават правни и физички лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови. Договор ќе биде склучен со онаа компанија/индивидуално лице која освоила најголем број на бодови во сооднос на наведените критериуми. Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик.

Пријавување

Изразување на интерес и изјава кандидатите треба да ја испратат на email: [email protected] најдоцна до 28.09.2023 година до 16:00 часот, со назнака Изразување интерес.

Анекс 1. Изјава од понудувач

                                                                    ИЗЈАВА

Јас, долупотпишаниот ____________________________ (име и презиме) во дункција на овластен застапник на ____________________________(име на компанија) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно

  • Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања илине  се во каква било аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи;
  • Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata;
  • Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето;
  • Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка;
  • Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот;
  • Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.

На ден __________година                                                    Име и презиме на застапникот

Потпис и печат

Повикот може да го отворите во следниот линк:

Share This

Share this post with your friends!