Повик за доставување понуди за изработка на дрвени информативни табли и патокази

Повик за доставување понуди за изработка на дрвени информативни табли и патокази

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, локална канцеларија Вевчани во рамки на проектот “Поддршка на одржливо управување со заштитеното подрачје Вевчански извори”финансиран од ПОНТ, има потреба од ангажирање на компанија или поединец-изведувач кој ќе изработи дрвени информативни табли и патокази.

Работни задачи и одговорности на компанијата/изведувачот

  1. Изработка и поставување на дрвени информативни табли и патокази

Спецификација и количина на дрвените информативни табли и патокази

Спецификација на таблиКоличина
1,3м ширина – 2,3м висинаНајмалку 10 табли
3м ширина – 2,3м висинаНајмалку 1 табла
5м ширина – 2,3м висинаНајмалку 2 табли
Спецификација на патоказиКоличина
2,3м висинаНајмалку 10 патокази

Предлог спецификации – инфотабли и патокази

1.Производство, транспорт и поставување на информативни дрвени табли заштитени од временски услови:
– Дрвена табла (на која се прицврстува лимена табла), димензии: 110cm x 100cm
– Дрвена конструкција, димензии: 130cm x 230cm (од кои 30cm во земја)
1.1Основа во земја со метална стопа и бетон, димензии минимум 30 х 30 cm
1.2Кровна конструкција на висина максимум од 2 метри,изработена од дрвени даски прекриени со пластифициран лим
2.Производство, транспорт и поставување на дрвени патокази:
-Дрвена табла, димензии 80cm x 20cm (по две табли на секој патоказ)
-Дрвена конструкција, димензии 230cm(од кои 30cm во земја)
2.1Основа во земја со метална стопа и бетон, димензии 30 x 30cm

Носечките конструкции за информативните табли и патокази се изработуваат од дрво кое е заштитено од надворешни влијанија, премачкано со темно кафеава боја наменета за третирање на дрво за надворешна употреба и истото е фундаментирано во цемент од минимум 30 cm. Врвот на конструкцијата на информативната табла треба да биде на висина од максимум 2 метри, и е заштитен од дожд со кровна конструкција прекриена со пластифициран лим.

Во анекс 1 е даден фотографски приказ на табла и патоказ.

Потребна документација за аплицирање

За правни лица

  • Краток опис на компанијата
  • Портфолио
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци 
  • Финансиска понуда (по табла и патоказ) вклучително со транспорт и поставување на таблите

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  • Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.

За поединец-изведувач

  • Лична биографија
  • Портфолио
  • Финансиска понуда (по табла и патоказ) вклучително со транспорт и поставување на таблите

Во понудата задолжително:

  • Да се наведе единечната цена за секоја табла и патоказ, поединечно, цената за транспорт и поставување по табла и патоказ за сите наведени количини без ДДВ
  • Временски рок на извршување на услугата
  • Начин на плаќање

Евалуација на кандидатите

Еко-свест ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Договор ќе биде склучен само со оној кандидат чија понуда ќе биде оценета како најповолна.

Услови на поднесување

Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на email: [email protected], со назнака Понуда за изработка на дрвени информативни табли и патокази.

Краен рок за доставување на понудите е 16 декември 2022 година.

Некомплетни понуди нема да бидат земени во предвид.

Повеќе информации можете да добиете на тел. 070 225 604.

Анекс 1. Предлог изглед на информативни табли и патокази:

Повик за членство во локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани

Повик за членство во локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани

Локалната канцеларија Еко-свест во Вевчани објавува повик за нови членови кои сакаат да се приклучат кон нашата организација.

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина. Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.  

Главната цел на локалната канцеларија во Вевчани е заштита на природата, едукација и одржливо управување со Заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“. Одржливото управување подразбира заштита на природата и нејзино разционално користење заради локален економски развој, но со зачувување на еколошките вредности со цел истите да се одржат и останат и за наредните генерации.

Придобивки за членовите на Еко-свест

» Проширување на знаења

Присуство на обуки и конференции на национално и меѓународно ниво.

» Учество во различни активности и настани

Можност за организирање, координирање и учество во настани и проектни активности кои се поврзани со Заштитеното подрачје Вевчански Извори: едукација за млади, еко-патрола, еколошко кино, планинарски тури, мапирање на видови, креативни работилници, анкети и истражувања, акции за чистење и сл.

Можност за осмислување и реализирање на Ваши активности и идеи.

» Професионален развој

Добивање на обука и пракса која овозможува стекнување со потврди и сертификати за учество во проекти. Можност за објавување на авторски написи во публикациите и на интернет страната на Еко-свест.

Кој може да биде член на Еко-свест?

Сите луѓе кои се заинтересирани за зачувување на природата, еколошка едукација и одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански Извори можат да се пријават за членови.

Како да станете член?

Пријавувањето можете да го извршите секој работен ден од 08:00 до 16:00 во канцеларијата на Еко-свест во Вевчани, преку пополнување на пристапница. Простапницата е достапна во нашата канцеларија и на линкот  

За подетални информации можете да се јавите на телефонскиот број 070/225-604, или да не контактирате преку е-маил на:  [email protected] или [email protected]