Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори “ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, објавува повик за ангажирање на консултант/и за развој и брендирање на производи од природата.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Целта на оваа активност е промовирање на Споменикот на Природата “Вевчански Извори”, брендинг и промовирање на производи кои потекнуваат од шумските плодови кои можат да се најдат во рамките на Заштитеното подрачје, да се создаде препознатливост на производите и да се обезбеди одржливост на производите.

ЗАДАЧИ
Избраниот кандидат треба:

  • Да соработува со тимот на Еко-свест во Вевчани.
  • Да соработува со креаторот на нови продукти од природата кои ќе бидат цел на брендингот и маркетингот.
  • Да креира име и лого на најмалку 2 производи.
  • Да креира визуелен идентитет за производите и да даде насоки за пакувањето на истите.
  • Да креира приказна за производите базирана на историја, традиција и вредности.
  • Да изработи насоки за маркетинг на најмалку 2 производи.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Крајниот рок за реализација на оваа услуга е 31.12.2024 година

Вкупната вредност на договорот не смее да надмине вредност од 1000 евра во денарска противвредност, со вклучен персонален данок, доколку понудувачот е индивидуално лице. Износот не вклучува ДДВ.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • Кратка биографија (CV).
  • Портфолио од најмалку три искуства поврзани со брендинг и маркетинг на прозиводи од природно потекло.
  • Финансиска понуда.
  • Пополнета Потврда за посветеност и Декларација за судир на интереси за индивидуални и физички лица (Анекс 1) или Изјава од понудувач (Анекс 2) за правни лица.

ПРИЈАВУВАЊЕ
Понуди треба да бидат доставени најдоцна до 27.08 2024 година, до 16:00 часот, на е-маил [email protected] со назнака Апликација за брендирање и маркетинг на производи од природата.

Повеќе информации можете да добиете на телефон +38978449209 или на е-маил [email protected] најдоцна до 20.08.2024 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Кратка биографија и референтни проекти – 60 бодови
  • Финансиска понда – 40 бодови

Вкупно 100 бодови

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најмногу бодови, не подоцна од 15.09.2024.

Share This

Share this post with your friends!