Опис на услугата

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје, има потреба од ангажирање на агенција за спроведување на медиумска кампања, со цел информирање на населението за правилно собирање и рециклирање на отпад. Оваа агенција е потребно да биде во постојана комуникација со Еко-свест за создавање на соодветни содржини, наменети за дигитални медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, Youtube,…).

Основни информации

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина. Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и хармонија со животната средина. Своите мисија и визија ги остваруваме преку различни иницијативи кои вклучуваат поддршка и поттик на граѓанската свесност и активно учество на локалните заедници. Промовирањето на практични решенија во соработка со организации и институции, дополнително допринесуваат кон исполнување на нашата визија и мисија. За нашиот успех, доказ се јавните кампањи за подигнување на свеста за климатските промени, заштитата на природата и водите, аерозагадувањето, енергетската транзиција и зелената трансформација кои ги спроведуваме повеќе од две децении и имаат допрено до над 1 милион граѓани.

Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани во партнерство со Јавното претпријатие за комунални дејности и облагодарување на природните ресурси Еремја – Вевчани го спроведува проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“ со цел унапредување на управувањето со отпадот во општина Вевчани. Во овој проект се предвидува ангажман на агенција за односи со јавност кој има цел едукација и подигнување на јавната свест на населението за правилно собирање и рециклирање на отпад.

Цел на услугата


Активностите што вклучуваат ангажман на компанија за односи со јавност имаат цел да информираат, едуцираат и да ја подигнуваат јавната свест кај населението за правилно собирање и рециклирање на отпадот од пластика.
Во рамки на кампањата ќе се споделуваат информации со цел подигнување на свеста за важноста на водата и штетите од фрлање на отпад во реките, како и можноста за користење на 3Д печатар за рециклирање на пластичниот отпад.

Кампањата ќе биде насочена кон локалното население на општина Вевчани, но и на национално ниво при што ќе бидат креирани посебно насочени пораки кон различни целни групи.

Особено внимание ќе биде посветено на ангажирање на младата популација како двигател на промените во општеството.

Кампањата треба да придонесе кон подобра примена на селекцијата на отпадот и намалување на загадувањето на околината и да резултира со подигната свест кај населението за важноста на водата и штетите од фрлање на отпад во реките.

Обем и детален опис на услугата

За успешна реализација на планираните активности на организацијата во договорениот временски рок, ангажираната агенција е потребно да ги спроведе следниве активности:

  1. Да изработи комуникациска стратегија (за дигитални медиуми); креативен визуелен индетитет и пораки на кампањата во согласност со насоките од нарачателот и да направи концепт на активности, во договор со нарачателот;
  2. Да ја презентира комуникациска стратегија и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот;
  3. Да спроведе медиумска кампања согласно темата и договорот во времетраење од 2 месеци;
  4. За секој организиран настан од страна на нарачателот во рамки на проектот, да спреми најмалку 1 промотивно видео (по реализација на настанот) со цел зголемување на интересот на пошироката јавност; 
  5. Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од Еко-свест;
  6. Да изработи детален извештај, најдоцна до крајниот рок (30.09.2024 година) за постигнатите резултати и да го достави до нарачателот.
  7. Одржување консултативни состаноци со лицето назначено за контакт од страна на нарачателот, во термини меѓусебно и однапред договорени (најмалку еднаш месечно);
  8. Извршување на работните задачи во согласност со политиките на Еко-свест и насоките дадени од страна на назначените лица за контакт.

Сите активности кои ќе бидат предмет на договори и ќе се спроведат треба да се претходно консултирани и одобрени од страна на лицето за контакт за проектот.

Временска рамка

Рокот за доставување на понуди ќе биде отворен од 10.07.2024 година до 17.07.2024 година во 23:59 часот.

Периодот на имплементација е помеѓу 1 aвгуст и 30 септември 2024 година. По склучување на договорот, избраната страна ќе има период од 8 (осум) недели за реализација на договорените активности, почнувајќи од 01.08.2024 година.

Буџет

Вредноста на договорот нема да надмине повеќе од 171.210 денари, без вклучен ДДВ износ.

Временска рамка

Рокот за доставување на понуди ќе биде отворен од 10.07.2024 година до 17.07.2024 година во 23:59 часот.

Периодот на имплементација е помеѓу 1 aвгуст и 30 септември 2024 година. По склучување на договорот, избраната страна ќе има период од 8 (осум) недели за реализација на договорените активности, почнувајќи од 01.08.2024 година.

Буџет

Вредноста на договорот нема да надмине повеќе од 171.210 денари, без вклучен ДДВ износ.

Потребна документација за аплицирање

  • Предлог комуникациска стратегија;
  • Краток опис на компанијата;
  • Портфолио со сработени медиумски кампањи;
  • Професионални биографии (CV-а) на членови од тимот со искуство во изработка и спроведување на кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кои би биле ангжирани на активноста;
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци;
  • Финансиска понуда по ставки изразена во денари без ДДВ;
  • Пополнета и потпишана изјава дека понудувачот не запаѓа во ситуација која е основа за исклучување од учество во набавката (Анекс 1).

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  • Активна компанија која е формирана со согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Евалуација на кандидатите

По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Портфолио и искуство на предложените членови на тимот: 20 бодови;
  • Предлог нацрт стратегија – релевантност и иновативност на пристапот: 50 бодови;
  • Финансиска понуда: 30 бодови.

Еко-свест ќе ги контактира сите понудувачи, не подоцна од 7 работни дена од истекот на периодот за доставување на понуда, за да ги извести за резултатот од постапката.

Сите понудувачи кои не биле избрани на повикот имаат можност во рок од 5 календарски дена да поднесат Приговори по однос на постапката.

Еко-свест ќе подготви одговор по евентуалните приговори до понудувачите-жалители.

По истекот на рокот за приговори, од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци,  ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува:

  • Тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот;
  • Потврда за солвентност/бонитет;
  • Завршна сметка за 2023;
  • Потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица;
  • Уверение за платени даноци и придонеси;
  • Изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси.

Договор со избраниот понудувач ќе се склучи најдоцна во рок од 7 работни дена.

Услови за поднесување

Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат на email: [email protected], со назнака „Понуда за медиумска кампања“.

Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.

Рокот за доставување на понуди ќе биде отворен од 10.07.2024 година до 17.07.2024 година во 23:59 часот.

Пoнудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Надзор на проектот

Еко-свест ќе биде одговорен за надзорот на спроведувањето на активноста и почитување на договорите и договорните задачи.

Контакт лице Леонора Велкоска, [email protected]

Контакт лице

За повеќе информации, ве молам контактирајте со Леонора Велкоска, [email protected] или на +389 78 300 219.

Повик за медиумска кампања

Анекс-1-Изјава

Share This

Share this post with your friends!