Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’ финансиран од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија има потреба од ангажирање на обучувач за антикорупциски мерки и политики.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Цел на активноста е да се спроведе обука од два дела за антикорупциски мерки и политики.

ЗАДАЧИ НА ОБУЧУВАЧОТ

Избраниот кандидат треба:

  • Да подготви методологија, презентација и вежби за антикорупциски мерки и политики.
  • Да достави план за спроведување на обуката.
  • Во првиот дел да спроведе двочасовна обука на онлајн платформа за 35 учесници, а во вториот дел да спроведе тричасовна обука со физичко присуство за 15 учесници.
  • Да подготви извештај за спроведената обука и препораки за спроведување.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

  • Биографија (CV) со детален опис за нивното поле на експертиза.
  • Список на теми кои би се опфатиле со обуката и предлог агенда на обуката.
  • Цена на чинење на услугата во МКД (бруто износ со вклучен персонален данок).

КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ

  • Најмалку 5 години професионално работно искуство во релевантна област.
  • Најмалку 3 (три) претходно спроведени обуки за антикорупциски мерки и политики.
  • Одлични комуникациски/презентациски вештини.

ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА

Обуката во двата дела треба да биде спроведена во месец мај 2023 година во простории на Еко-свест и онлајн.

ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ

Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности и предложена методологија- 70 бодови
  • Понудена цена за активноста- 30 бодови

Вкупно 100 бодови.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail: [email protected] најдоцна до 07 мај 2023 г., со назнака „Пријава за обучувач – антикорупција“. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3217 247.

Share This

Share this post with your friends!