По одржувањето на консултативната средба во Тетово на која се дискутираше за притисоците врз реките и речните екосистеми на територијата на НП Шар Планина, минатата недела, на 27.06.2024 година се одржа и првата консултативна средба за НП Маврово. Во таа прилика беше одржана и работилница предводена од експертски тим на која учествуваа претставници на НП Маврово, Општина Маврово и Ростуше, АД ЕСМ , Министерство за култура и туризам, „Селски Туризам“, Планинарски дом „Царевец“, Месна заедница „Жировница“, Јавно претпријатие за управување со пасишта, ОВР Гостивар, ПС-Стрезимир, ПО-Маврово и останатите чинители кои се присутни на територијата на НП Маврово.

Овие консулатативни средби се одржуваат со цел вклучување на сите чинители во процесот на изработката на „Анализа на влијанијата врз реките и речните живеалишта во националните паркови“ со која ќе се изврши идентификување, документирање и категоризирање на заканите врз реките и речните екосистеми и ќе се изготват предлог препораки и мерки за справување и надминување на предизвиците.

Анализата се изработува во рамки на проектот „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја“, кој е финансиран од ПОНТ, а го спроведува Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, во соработка со НП Шар Планина и НП Маврово.

Share This

Share this post with your friends!