Еко-свест Вевчани и Велосипедско друштво Рупикапра MТБ Струга овој викенд на 7.7.2024 година, беа организатори на Планинската вело тура Вевчанска Голина – Локва.

Над 130 учесници од целата држава, се запознаа и уживаа во убавините на Вевчани, планината
Јабланица и Споменикот на природа Вевчански Извори.

Целта на оваа вело тура е да ги промовира можностите за развивање на велосипедскиот туризам на ова подрачје и убавините на планината Јабланица и Споменикот на Природа Вевчански Извори.

Турата започна од Центарот на Вевчани со крајна цел Вевчанска Голина (локва). Патеката од
Центарот на Вевчани продолжува по следниот редослед Вевчански Извори – Есејнца –
Смолејца – Јанков Камен – Манастир Св. Климент – Горна Белица – Вевчанска Голина
(Видиковец), па назад кон Вевчани преку Средни рид. Патеката е со должина од 30км и
елевација од 1100м. Секој од учесниците имаше можност со кратко планинарење до
Вевчанска Локва да ужива во бисерот на Јабланица.

Еко-свест преку својата работа ќе продолжи со напорите за зачувување и промоција на заштитеното подрачје Вевчански Извори и планината Јабланица.

Вело турата е поддржана како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со
Споменикот на природа Вевчански Извори ” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Share This

Share this post with your friends!