Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко – свест“ во рамки на регионалната иницијатива „Заедно за реките“ финансирана од The Nature Conservancy, објавува Повик за ангажирање на индивидуални консултанти или компании за подготовка на извештаи од предвидените тематски области кои ќе бидат дел од Студија за валоризација на вредностите на Демиркаписката клисура и околината.
Цел на активноста
Со извештаите треба да се обезбеди преглед на постоечките состојби и да се идентификуваат, документираат и категоризираат сите карактеристики на биолошкото, геолошкото и хидролошкото богатство на подрачјето на Демиркаписката клисура и сливот на реката Вардар на територијата на општина Демир Капија.
Покрај документирање на постоечката состојба, намената на тематските извештаи е да бидат составен дел од Студијата за валоризација на предложеното подрачје Демиркаписка клисура и околината, а крајната цел е репрогласување на тој регион за заштитено подрачје.
Извештаите и Студијата за валоризација на предложеното подрачје Демиркаписка клисура и околината, треба да биде во согласност со Законот за заштита на природата (“Сл.весник на Република Македонија” бр.67/04,14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13 и 41/14) и Правилникот за содржинатa на Студијата за валоризација или ревалоризација на заштитени подрачја (“Сл.весник на Република Македонија”бр.26/12).
Потребни квалификации на понудувачите
Сите експерти (индивидуални или како дел од експертските тимови/компании) треба да ги имаат следните квалификации:
• Високо образование во бараната тематска област или работно искуство од најмалку 10 години во бараната област;
• Искуство во работа на најмалку 3 (претходно) изработени Студии за валоризација/ревалоризација или Студии за оцена на животната средина; и
• Развиени истражувачки и аналитички способности.

Услови на повикот
На повикот може да аплицираат поединечни експерти и/или оформени тимови и компании.
Заинтересираните кандидати или тимови/компании, кои ги исполнуваат условите, документите треба да ги достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected] и [email protected] со назнака „Пријава за изработка на тематски извештаи од Студија за валоризација на вредностите на Демиркаписката клисура и околината“.
Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават:

*За физички лица:

1. Понуда за изработка на извештаите, во која ќе се наведе/ат тематските/а област/и за која/и се аплицира наведена во Анекс 1;

2. Биографија (CV) со информација за најмалку 3 претходни изработени извештаи од студии или трудови од бараната проблематика или Студии за оцена на влијанието на животната средина во бараната област;

3. Финансиска понуда со преглед на трошоци по ставки и квантификација на експертски денови.

4. Потврда за посветеност: Кодекс на однесувањена Еко-свест и декларација за судир на интереси (Анекс 2).

*За правни лица/компании:

1. Понуда за изработка на извештаите, во која ќе се наведе/ат тематските/а област/и за која/и се аплицира наведена во Анекс 1;

2. Портфолио на компанијата со најмалку 3 претходни изработени извештаи во рамки на Студии за ре/валоризација или Студии за оцена на влијанието на животната средина во бараната област;

3.  Биографија (CV) со информација за најмалку 3 претходни изработени извештаи од студии или трудови од бараната проблематика или Студии за оцена на влијанието на животната средина во бараната област, за секој член на тимот кој ќе учествува во изработка на извештаите;

4. Финансиска понуда со преглед на трошоци по ставки и квантификација на експертски денови;

5. Пополнета изјава за незапаѓање во ситуација која е основа за исклучување од учество во набавката (Анекс 3).

За сите прашања, контактирајте нè на [email protected] и на [email protected] најдоцна до 15.07.2024 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест во коментари под објавата за повикот и достапни за сите.

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Понудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Рокови, временска рамка и локација на спроведување на активностите

Повикот е отворен до 19.07.2024.

Истражувањата ќе се спроведуваат во рок од 12 месеци почнувајќи од август 2024 година.

Истражувањата ќе се споведуваат на територија на општина Демир Капија.

Критериум за избор на најсоодветна понуда

По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.

Кандидатите за секоја тематска област ќе бидат оценувани според следните критериуми:

1.Портфолио на кандидатот (60 бодови) со вклучен преглед на претходни изработени студии/анализи во рамки на Студии за валоризација и/или Студија за оценка на влијанието врз животната средина;

2. Финансиска понуда(40 бодови)

Вкупно 100 бодови

Еко-свест ќе ги контактира избраните понудувачи, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

Договор ќе биде склучен со кандидатите кои освоиле најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.

Во продолжение деталниот опис на отворениот Повик:

Share This

Share this post with your friends!