Во рамки на проектот „Граѓанска наука во функција на природата“ спроведуван од Еко-свест и Натура МК и поддржан од страна на PONT и CEPF, подготвивме три упатства за идентификација на буката, дабот и костенот. Ова се видови кои можат да се забележат во заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“, а се значајни поради тоа што формираат шумски екосистеми во подрачјето.

Овие упатства може да ги користат ученици, наставници и професори како и посетители и сите љубители на природата кои сакаат преку користење на мобилната апликација iNaturalist да придонесат кон науката!

Мапирањето на овие видови ќе помогне за понатамошното управување со заштитеното подрачје каде шумите играат огромно значење за целиот екосистем каде Вевчанските извори имаат централна и најбпечатлива улога

Интересни факти

Нешто интересно за буката

Буковото дрво има преку 250 познати видови на употреба во Европа, кое се должи на квалитетот на дрвото.

Кај нас, буката е опеана и во народните песни. Името на дрвото бука се поистоветува со шумот (буката) кој го прават листовите.

Нешто интересно за дабот-горун

Во словенската митологија дабот е свето дрво поврзано со врховниот бог Перун – бог на грмотевиците. Оваа врска на дабот со громот е продолжена и

во христијанството преку св. Илија, како светец кому му се доделени громовите

Нешто интересно за костенот

Едно од најстарите дрвја во Европа е костеновото дрво кое повеќе од 3000 години успева да ги преживее сите ерупции на вулканот Етна на Сицилија. Ова дрво е толку големо што постојат слики од 18тиот век на коишто е прикажано како во распуканото стебло на дрвото е сместена цела куќа.

Share This