Енергетски промени: План за забрзување на енергетската транзиција на Македонија

Енергетски промени: План за забрзување на енергетската транзиција на Македонија

Новата студија открива двојно повеќе земјиште кое е потребно за да се задоволат потребите за електрична енергија во земјата без непотребно влијание врз природата и локалните заедници.

Скопје, 6 октомври 2023 година – Македонскиот енергетски сектор има потенцијал од најмалку 11 GW за сончева фотоволтаична енергија и 0.35 GW за енергија од ветер на деградирано и  неупотребливо земјиште, со што на земјата ѝ се овозможуваат услови да стане лидер во регионалните напори за декарбонизација. Ваквиот потенцијал го потврдува студијата објавена денеска, спроведена од тим експерти од Македонската академија на науките и уметностите, The Nature Conservancy и граѓанската организација Еко-свест.

Студијата резултираше со мапа на одржливи локации, првенствено на некорисно и загадено земјиште, за развој на обновливите извори на енергија во Македонија. Доколку инвестициите се насочат кон соларни и ветерни електрани на само половина од овие одредени локации, овие проекти би можеле да генерираат 7,7 терават-часови електрична енергија годишно.

Како дел од Алијансата за борба напуштање на јагленот (Powering Past Coal Alliance), Македонија се обврза на постепено укинување на употребата на јаглен до 2027 година, додека Националниот план за енергија и клима (NECP) предвидува зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во бруто потрошувачката на енергија на 38% до 2030 година. Ваквите амбициозни цели бараат забрзување на развојот на обновливите извори на енергија. Со цел забрзување на овој процес без избрзување, студијата идентификуваше локации кои не се во области со значителна биолошка разновидност, не се од голема еколошка вредност и не се критични за благосостојбата на локалните заедници.

СОЛАРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Се проценува дека 50 GW соларна фотоволтаична инсталирана моќност може да се развие во области со оцена повисока од 4,2 означени со темно црвена боја, или 11 GW доколку не се земат предвид областите значајни за растенијата и локациите кои се значајни за птиците.

Студијата промовира локации за поставување на оновливи извори на енергија на рудници и деградирани површини, кои исто така имаат значителен енергетски потенцијал. Ваквите локации ги намалуваат негативните влијанија врз природата и обезбедуваат работни можности, особено важни за праведна транзиција во поранешните рударски региони. Значаен пример за овој пристап е соларниот парк Осломеј, изграден на територијата на поранешен рудник за лигнит. Тој е веќе делумно функционален и по завршувањето ќе има инсталирана моќност од 120 MW.

,,Се радувам на фактот дека знаењето и алатките за побрза транзиција кон обновливи извори на енергија стануваат сѐ подостапни. Токму тоа е една од задачите на оваа студија, да се посочат одржливи локации за производство на обновлива енергија за да можеме да го избегнеме непознаниците и потенцијалните препреки на патот кон брзата енергетска транзиција’’, вели Игор Вејновиќ од The Nature Conservancy.

,,Со оглед на тековната општествено-политичка клима која го поддржува развојот во областа на обновливите извори на енергија, веруваме дека резултатите од оваа студија можат да бидат главна насока за постигнување на нашите цели. Затоа, се надеваме дека ќе ги видиме овие мапи интегрирани во идните верзии на клучните стратешки документи како што се Стратегијата за енергетика на Македонија, Националниот план за енергија и клима (NECP) и плановите за аукции во областа на обновливите извори на енергија на одредени локации’’, заклучува Вејновиќ.

ВЕТЕРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Околу 457 MW инсталирана моќност на ветерни централи може да се развијат во области со оценка повисока од 3,7 означени со темно виолетова боја, или 354 MW доколку не се земат предвид областите значајни за растенијата и локациите кои се значајни за птиците.

Нарушувањата во енергетскиот систем на Европа, како резултат на руската инвазија на Украина, поттикнаа бројни европски земји значително да го забрзаат распоредувањето на обновливите извори на енергија, диверзифицирајќи ги нивните енергетски извори и со тоа зајакнување на енергетската безбедност. Сеопфатните мерки што ќе ги спроведе Европската унија за да се забрза енергетската транзиција се составен дел на планот RePowerEU.

,, ,,Резултатите од студијата нудат можности не само за носителите на одлуки, туку и за инвеститорите. Користењето на наодите од методологијата и креираните мапи, им овозможува преглед за тоа кои локации се најдобри и каде да го насочат нивното внимание. Со тоа можат да си обезбедат намалување на потенцијалните предизвици, ризиците и доцнењата и да обезбедат гаранции дека нивните проекти се усогласени со барањата за заштита на животната средина и избегнување на конфликтни ситуации со локалната заедница’’, вели д-р Александар Дединец од Македонската академија на науките и уметностите, додавајќи, ,,Пристапот за паметно планирање може да им помогне на инвеститорите да бидат проактивни и да направат информиран избор во областите со низок ризик’’.

Студијата беше спроведена како дел од проектот ,,Паметно енергетско планирање“, што произлегува од успешната соработка која ефективно ја комбинира стручноста на локалните експерти со меѓународното искуство. Истражувањето опфати јавна анкета и три фокус групи, собирајќи 35 засегнати страни од регионалните и општинските власти, земјоделскиот и енергетскиот сектор, како и граѓанските организации фокусирани на животната средина, биолошката разновидност и намалувањето на сиромаштијата. Проектниот тим се согласува дека соработката меѓу широк спектар на експерти, институции, инвеститори, проектанти, граѓански огранизации и локални заедници е клучна за успешна енергетска транзиција.

,,Без разлика дали се работи за прилагодување на нашите стратегии, усовршување на методологиите или споделување конструктивни предлози, ги покануваме сите заинтересирани страни да се ни се придружат. Взаемната соработка не само што може да го подобри нашиот пристап, туку и да инспирира нови иновативни решенија за одржлива енергетска транзиција’’, вели Ана Чоловиќ Лешоска д Еко-свест.

Дополнителни информации

Изложба „Животи обликувани од вода“ во Културно информативниот центар во Скопје

Изложба „Животи обликувани од вода“ во Културно информативниот центар во Скопје

Во галеријата на Културниот информативен центар во Скопје на 05.10.2023 во 19 часот се отвори изложбата „Животи обликувани од вода”. На изложбата се претставени дела на седум етаблирани фотографи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.

Преку објективите на седум фотографи од регионот, изложбата „Животи обликувани од вода” раскажува приказна за непрекинатите врски меѓу луѓето и реките. На фотографиите се забележани моменти крај реките, како и различни гласови и идентитети кои ја откриваат комплексноста на нашиот однос со реките.

Изложбата е дел од иницијативата „Заедно за реките”, која има цел да заштити повеќе од 400 километри реки во регионот. Иницијативата е поддржана од една од најважните меѓународни организации за заштита на природата The Nature Conservancy, а се реализира во соработка со Еко-свест од Македонија, како организациите Центар за животна средина, Нови вал и Динарика од Босна и Херцеговина, Еко-тим од Црна Гора и Еколошкото здружение Рзав од Србија.

Преку оваа изложба, членовите на иницијативата сакаат да ја запознаат јавноста со својата работа, со конкретните реки на чија заштита активно работат, како и со гласовите на локалните заедници без кои нема долгорочна и одржлива заштита на реките. Со рано вклучување на локалните заедници и разбирање на нивните потреби, заштитата на природата може да донесе и нови развојни можности за жителите на овие области.

Во рамките на оваа иницијатива, организацијата Еко-свест, во соработка со општината Демир Капија и Министерството за животна средина и просторно планирање, започна процедура за повторно прогласување на Демир Капија за заштитено подрачје, со што ќе се обезбеди активна заштита на демиркаписката клисура и дел од долниот тек на реката Вардар со нејзините притоки.

Изложбата ќе биде отворена до 15 октомври 2023 година, а влезот е бесплатен за сите посетители.

Првиот предлог на Стратегијата за минерални суровини остава дилема помеѓу екстензивно рударство и одржлива економска трансформација

Првиот предлог на Стратегијата за минерални суровини остава дилема помеѓу екстензивно рударство и одржлива економска трансформација

Еко-свест учествуваше на втората работилница за подготовка на Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини, која се одржа во МАНУ на 03.10.2023 година, каде што ги презентираше ставовите и искуствата на граѓанскиот сектор Еко-свест.

Еко-свест официјално ги достави своите забелешки по првиот предлог на Стратегијата и очекува нивно прифаќање од страна на изготвувачите. Оваа значајна стратегија за нашата држава се носи за прв пат и претставува важен дел од нашата економија, но и од општествената трансформација кон одржливо живеење. Министерството за економија во соработка со Македонската Академија на науките и уметностите е во процес на изработка на Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025-2045 и се очекува нејзино усвојување во текот на 2024 година. Нашата земја во моментот се наоѓа на крстопат помеѓу сè поинтензивен економски раст и одржлива економска трансформација. Во контекст на заштита на природата, а соодветно на ситуацијата на нарушување на нејзините компоненти, неминовно се наложува потребата од конкретни вложувања во превентива и санација на состојбите во природата.

Една од главните забелешки кон нацрт текстот на Стратегијата беше недоволната усогласеност со глобалните цели за трансформација на општеството во насока на намалување на влијанијата од климатските промени, пред се преку циркуларно искористување на материјалите и суровините. Дополнително, на Стратегијата во сегашната форма и недостасува соодветна корелација со други постојни национални стратегии и закони, и тоа најмногу во идентификувањето на еколошките и социо-економски влијанија настанати од искористувањето и експлоатацијата на минералните суровини.

Еко-свест бара поврзување на одржливото експлоатирање на минералните суровини како примарно економска активност со заштитата на животната средина. Особено бидејќи оваа политика е комплексна поради негативните влијанија кои ги има врз водите, почвата, воздухот, природата, јавното здравје, но и поради тоа што како дејност може во целост да го промени начинот на живеење на локалното население каде што се врши експлоатација. Слабата примена на законодавството од областа на животната средина резултира со неодржлива експлоатација на минералните суровини и затоа Стратегијата треба да се усогласи со останатите национални стратегии и планови кои предвидуваат меѓу-секторска координација и зачувување на овие необновливи минерални богатства.

Дел од забелешките на Еко-свест се кон ревидирање на Стратегијата која треба поголем фокус да даде на националните приоритети и помалку да се надоврзува на потребите на ЕУ за снабдување на критични минерали. Нашата земја има последици од историската експлоатација на минерални суровини во форма на отворени деградирани земјишта што повеќе децении ја загадуваат нашата околина. Стратегијата би требало да вклучи конкретни мерки за ремедијација и пренамена на овие неискористени загадени земјишта во капацитети за производство на енергија од обновливи извори.

Стратегијата мора да се насочи кон промоција на одржлив развој кој ќе ги зачува природните вредности, ќе ја намали сиромаштијата и ќе понуди алтернативи што нема да го успорат економскиот раст и истовремено нема да ја загрози можноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби. Ова пред се ќе се постигне со воведување процедури за суштинско консултирање со засегнатите страни, како и обезбедување силни механизми за спречување на понатамошни негативни влијанија врз животната средина.

Еко-свест испрати соопштение до медиумите кое може да го прочитате на линкот:

Собери, рециклирај, креирај-од рециклирана пластика до иновација – Проект дел од програма за мали грантови(Глобален еколошки фонд)

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, преку локалната
канцеларија во Вевчани во партнерство со Јавното претпријатие за комунални дејности и
облагородување на природните ресурси “Еремја” Вевчани започна со спроведување на проектот
“Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“, финансиран од
Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) во Северна Македонија.
Проектот ќе се одвива на територијата на општина Вевчани и Споменикот на природата
Вевчански извори.
Почетокот на проектот е од 1 септември 2023 година, и ќе се спроведува во следните 12 месеци.
Проектот е со вкупен буџет од 47.993 САД$, од кои 23.813 САД$ се обезбедени од страна на
Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) во Северна
Македонија, додека остатокот е обезбеден како кофинансирање од страна на ЈП Еремја 9.200
САД$ и 14.980 САД$ од страна на Еко-свест.
Генерална цел на проектот е да го унапреди управувањето со отпадот од пластика и други
цврсти материјали преку едукација и промовирање на иновативни практики на кружна економија
за користење на отпадот како ресурс на територијата на Општина Вевчани.
Проектни активности:
 Подобрување инфраструктура и механизацијата за собирање и третман на отпад од
пластика;
 Воведување на 3Д печатењето како начин за рециклирање и реупотреба на отпадот од
пластика ;
 Информирање и едукација на локалното население во општина Вевчани за правилно
селектирање и рециклирање на отпад од пластика.
Преку спроведувањето на проектот локалната заедница освен инфраструктурните придобивки
како канти за отпадоци и кафези за селекција на отпад, ќе има можност активно да се вклучи во
селекцијата и рецикирањето на отпад како и едукативни активности кои прикажуваат кои се
предностите на рециклирањето на пластика и можностите за нејзина реупотреба.
Повеќе информации за Еко-свест и проектот може да се најдат на https://ekosvest.com.mk/ .

2
Дополнителни информации за уредниците
ГЕФ ПМГ Северна Македонија (www.gefsgpmacedonia.org.mk)
Во Северна Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со работа во мај 2005. Во периодот 2005-
2023 финансирани се 167 проекти со вкупно доделена сума 3,215,065 САД$ и генерирајќи
кофинансирање во износ од 3,402,789 САД$. При тоа се остварени следните резултати во
централните области: Биодиверзитет: In-situ заштитени 15 автохтони и глобално значајни
видови: 1. Лилјаци 2. папрат Osmunda Regalis 3. Овца Праменка, 4. Крава Буша, 5/6. Локален вид
на јаболка (циганка) и круша (сулија), 7/8. македонска речна пастрмка и речен Вретенар (Zingel
Balcanicus), 9. Македонска пчела (Apis mellifera macedonica), 10. Жолт локвањ (Nuphar luteum),

  1. Воден Бивол 12. Шарпланинец, 13. Домашна кокошка сребра, 14. Домашното магаре и 15.
    Домашната балканска коза; Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди
    (Скопје), прво производство на биодизел, 12 Енергетски ефикасни училишта, енергетски
    ефикасно осветлување во 8 градови, намалување на 1200 Тони CO2/год и Неразградливи
    органски загадувачи НОЗ/хемикалии: околу 30% од пластичен отпад е попречено од горење
    и на тој начин е спречено испуштање на емисиите на диоксини/фурани во воздухот, селектирани
    и рециклирани 50.000 кг пластичен отпад, од 2020 финансиски помага за прв пат собирање и
    правилно расклопување на користени неонски сијалици, е-отпад; од 2021 користење на
    текстилниот отпад и користена облека во нови производи, дијагностика и поправка на
    електронскиот отпад – расипани мали домашни апарати, компјутери и мобилни телефони и нивно
    повторно користење
    Глобален еколошки фонд ГЕФ (www.TheGEF.org)
    ГЕФ обединува 183 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и
    приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено
    поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на
    проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, ГЕФ
    обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени,
    меѓународни води, деградација на земјиштето, озонската обвивка и хемикалии/неразградливите
    органски загадувачи.
    Од 1991, ГЕФ остварува докажани резултати со земјите во развој и земјите со економии во
    транзиција, доделувајќи 119 САД$ милијарди во кофинансирање преку 5,186 проекти во над 164
    земји. Преку Програмата за мали грантови, ГЕФ обезбеди поддршка на преку 25000 проекти на
    здруженија во 133 земји
    Програма на Обединетите Нации за развој (www.undp.org)
    Програмата на Обединетите Нации за развој е присутенa во 170 земји и територии со цел да се
    искорени сиромаштијата истовремено заштитувајќи ја планетата. Им помага на земјите да
    развијат силни политики, вештини, партнерства и институции за да можат да го одржат својот
    напредок. Исто така соработува со сите нивоа на општеството за да помогне во изградбата на
    нации кои можат да издржат кризи и да поттике подобрување на квалитетот на животот за секого.
    Како развојна агенција на Обединетите Нации игра значајна улога со помош на земјите да ги
    достигнат Одржливите развојни цели.
    ГЕФ Програма за мали грантови ПМГ (www.sgp.undp.org)
    Основана на Самитот за планетата Земја во Рио во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на
    граѓани – ЗГ во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на
    биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на
    хемикалиите/ неразградливите органски загадувачи, спречување на деградацијата на земјиштето
    и истовремено генерирајќи одржлива егзистенција. Ги втемелува основите на одржливиот развој
    преку „мисли глобално делувај локално“. Овозможува финансиска и техничка поддршка за
    зачувување и заштитување на животната средина зајакнувајќи ја благосостојбата на заедниците.
    ПМГ покажува дека локаната акција може да ја одржи рамнотежата помеѓу човечките потреби и
    еколошките цели.Од своето постоење ПМГ има доделено над 25.000 грантови во 133 земји.
    Финансирана од ГЕФ како корпоративна програма, Програмата за мали грантови – ПМГ е спроведувана од УНДП.