Опис на услугата
Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје, има потреба од ангажирање на компанија за набавка на четири исти all-in-one компјутери.

Основни информации
Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани во партнерство со ЈП Еремја – Вевчани го спроведува проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“ со цел унапредување на управувањето со отпадот во општина Вевчани. Повеќе информации на www.ekosvest.com.mk.

Цел на услугата
Главна цел на оваа задача е да се достават 4 all-in-one компјутери до локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани.

Обем и детален опис на услугата
Избраниот понудувач ќе биде задолжен за:

  1. Испорака од лагер на четири исти all-in-one компјутери;
  2. Достава на компјутерите до локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани;
  3. Изработка на фактура ослободена од ДДВ согласно податоците за проектот.

Минимална техничка спецификација

  • Минимална големина на екран од 24 инчи;
  • Минимална количина на RAM 16Gb;
  • Минимална големина на М.2 SSD disk 512Gb;
  • Инсталиран Оперативен систем не е задолжителен;
  • Минимален процесор Интел I5 13 или AMD Ryzen 7 генерација;
  • Тастатура, глушец;
  • Вграден WiFi и мрежен приклучок;
  • Најмалку 3 достапни USB приклучоци или засебен USB hub;

Временска рамка
Рокот за доставување на понуди ќе биде отворен од 24/07/2024 година до 30/07/2024 година во 16:00 часот.

Буџет
Вредноста на договорот не може да надмине повеќе од 194.000 денари без вклучен ДДВ износ. Проектот преку кој се набавува опремата е ослободен од ДДВ.

Потребна документација за аплицирање

  • Тековна состојба не постара од 6 месеци;
  • Финансиска понуда (за четири парчиња од лагер без ДДВ);
  • Техничка спецификација за уредот и информација за гарантни услови;
  • Пополнета и потпишана изјава дека понудувачот не запаѓа во ситуација која е основа за исклучување од учество во набавката (Анекс 1).

Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:

  • Активна компанија која е формирана со согласно Законите во Република С.Македонија, и постои најмалку 2 години.
  • Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Во понудата задолжително да се наведе:

  • Единечната цена за производот без ДДВ;
  • Временски рок за извршување на набавката;
  • Технички карактеристики на производот и гарантен рок;
  • Начин на плаќање.

Евалуација на кандидатите
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Техничка спецификација и гаранција: 60 бодови;
  • Понудена цена за компјутерите: 40 бодови.

Евалуационата комисија ќе ја извести само онаа компанија чија понуда ќе биде избрана како најповолна во сооднос цена и квалитет.

По донесената одлука за избор, од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува:

  • Тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот;
  • Потврда за солвентност/бонитет;
  • Завршна сметка за 2023;
  • Потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица;
  • Уверение за платени даноци и придонеси;
  • Изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси.

Договор со избраниот понудувач ќе се склучи најдоцна во рок од 7 работни дена.

Услови за поднесување
Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат на email: [email protected], со назнака „Понуда за набавка на компјутери“. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.

Краен рок за достава на понуди е 30/07/2024 година во 16:00 часот.

Понудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Надзор на проектот
Еко-свест ќе биде одговорен за надзорот на спроведувањето на активноста и почитување на договорите и договорните задачи.
Контакт лице Леонора Велкоска, [email protected]

Контакт лице
За повеќе информации, ве молам контактирајте со Леонора Велкоска, [email protected] или на +389 78 300 219.

ПОВИК ЗА НАБАВКА НА КОМПЈУТЕРИ

АНЕКС 1



Share This

Share this post with your friends!