Приказна за Јагленко (2020)

Приказна за Јагленко (2020)

Приказна за Јагленко (2020)

Приказна за Јагленко (2020)

Автор: Еко-свест

Опис: Приказната за Јагленко е наш обид да ја доближиме вистината за природата кон децата. Се надеваме дека ќе ве поттикнеме и Вас на поинакво размислување со цел секогаш кога ќе донесете одлука (барем за онаа што се однесува за вашето домаќинство) да се определите за еколошки избор на енергија. Своите одлуки и право на избор се надеваме дека ќе ги споделите со вашите најмлади во семејството, а истовремено ќе се потсетите на нашата приказна за Јагленко. Така создавате сигурна иднина за своите поколенија.

Тим ЕКО (2020)

Тим ЕКО (2020)

Тим ЕКО (2020)

Тим ЕКО (2020)

Автори: Здравко Гиров, Давор Драмиќанин

Опис: Авантурите на нашите суперхерои од Тим ЕКО во првиот стрип! Јагленот е минато, а борбата со него започнува! 
Стрипот е изработен во соработка со Макстрипови преку поддршка од Делегацијата на Европска Унија во С. Македонија.

АНАЛИЗА за алтернативен туризам и одржлив развој во кичевскиот регион (2020)

Автор: Александар Панајотов

Опис: Анализата за развој на алтернативни видови на туризам во кичевскиот регион е направена во рамките на проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“, како надополнување на „Економската анализа – премин кон развој без лигнит: случај Осломеј“.

Економската анализа обработува предвидено сценарио за иницирање на алтернативни економски активности во три сектори (земјоделство, преработувачка индустрија и туризам) преку кои постепено во период од пет години преку праведна транзиција е придвидена супституција на целосната работна сила од на РЕК Осломеј.

Активностите од туризмот се очекуваат да креираат работни места за 20% од вкупниот број на работници по истекот на превидените пет години (ЕКОСВЕСТ, 2019).

АНАЛИЗА НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА ДОМОВИТЕ ВО КИЧЕВСКИОТ РЕГИОН (2020)

Опис: Со оглед на тоа што Кичевскиот регион, како еден од регионите со јаглен во нашата земја, во наредниот период ќе биде изложен на доста големи промени поттикнати од енергетската транзиција и транзицијата на регионите со јаглен, во овој документ ќе бидат анализирани можностите за инсталирање на фотоволтаични електрани на домовите во овој регион.

Економска анализа – премин кон развој без лигнит: случај Осломеј (2019)

Опис: Оваа анализа дава оценка на исплатливоста по три сценарија врз основа на повеќе претпоставки поврзани со локалната додадена вредност и работните места што би биле загубени како резултат на очекуваното затворање на Осломеј и тоа доколку Осломеј продолжи да работи до исцрпување на резервите, доколку се премине кон негово затворање т.е. декомисија и две потсценарија со кои се предвидува градуална супституција на работната сила и економската активност по затворање на Осломеј и по декомисијата.