Предлог- препораки за воведување на мерки за поддршка на домаќинствата што ќе поттикне инсталација на фотоволтаични, фототермални и термални системи (2023)

Автор: Еко-свест

Опис: Доколку домаќинствата станат потрошувачи-производители на електрична и топлинска енергија покрај поголемата независност на самите домаќинства, намалување на енергетската зависност на државата, производство на чиста зелена енергија, намалување на енергтската сиромаштија, намалување на трошоците за енергија на самите домаќинства, ќе се зголеми и енергетската сигурност и стабилност на државата, како од аспект на снабдување со енергија, така и од аспект на нестабилноста на цените на енергија на берзите. За да може да се реализира ова, потребни се измени на законската и подзаконската регулатива од областа на обновливите извори на енергија, посебно во делот на инсталирањето на фотоволтачните и фототермалните електрани , поедноставување на самите порцедури за градба и инсталирање, елиминирање на факторите кои ја намалуваат цената на електрична енергија од вишоците поризведени од фотоволтаичните и  фототермалните централи на домаќинствата, како и максимална поддршка на граѓаните преку субвенционирање на фотоволтаични и фототермални системи за домаќинствата, преку воведување на стандарди за квалитет на опремата, со кои ќе се избегне субвенционирање на не квалитетни производи без никави сертификати.

Анализа на регулативите за обновливи извори на енергија со посебен акцент на правилникот за обновливи извори на енергија, за идентификување на процедурите, правните и техничките аспекти за инсталирање на фотоволтаични системи за домаќинствата во Република Северна Македонија (2023)

Опис: Во понатамошниот текст ќе бидат анализирани техничките и правните аспекти за инсталирање на фотоволтаични системи за домаќинствата согласно важечките законски и подзаконски акти, како што се Правилникот за обновливи извори на енергија, Законот за енергетика, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Законот за градење и ќе се дадат препораки за промена и дополнување на истите со цел поттик на граѓаните за инвестирање во фотоволтаични системи.

Анализа на административната постапка за поставување на соларните системи во Република Северна Македонија (2023)

Опис: Овој документ го анализира законодавството кое беше воспоставено во Северна Македонија со цел олеснување на поставувањето на сончеви колектори и дали тоа е јасно, прецизно и навистина го олеснува поставувањето и користењето на сончевите колектори. Документот се осврнува на поставувањето соларните системи од аспект на потрошувачите-производители. Оттука документот ги идентификува недостатоците во законодавството за функционирање на соларните системи во домаќинствата производители-потрошувачи од формално-правен аспект, степенот на спроведување на законодавството и идетификува добри законодавни практики кои ќе овозможат дополнително олеснување на функционирањето на соларните системи во домаќинствата производители-потрошувачи.

План во вистинско време за Северна Македонија да ја забрза енергетската транзиција (2023)

Автор: The Nature Conservancy

Опис: Енергетскиот пејзаж на Европа се менува со невидено темпо – не само поради климатската криза. Енергетскиот систем на Европа, исто така, трпи нарушувања како резултат на руската инвазија на Украина. Многу европски земји забрзано ги ставаат во употреба обновливите извори на енергија (ОИЕ) за да го намалат јаглеродниот отпечаток и да ги диверзифицираат изворите на енергија, со што ќе ја зголемат нивната енергетска безбедност. Планот на ЕУ наречен Рипауер ЕУ (REPowerEU) има цел да одговори на овие прашања преку сеопфатен сет на мерки, вклучувајќи и воспоставување на зони за забрзано добивање дозволи: таканаречените „области за забрзување на употребата на обновливите извори на енергија“. Овие области треба да се усогласат со областите од висок принос на енергија, но исто така да избегнуваат зони со висока биодиверзитетска вредност како што се подрачјата на Натура 2000. 

A blueprint for North Macedonia to accelerate its energy transition

Побрзо до обновлива иднина: Користење на деградирани и нупотребливи површини како локации за соларни и втерни централи во Северна Македонија (2023)

Автор: ИЦЕОР-МАНУ, The Nature Conservancy и Еко-свест

Опис: Северна Македонија веќе ги спроведува енергетските меѓународни и национални обврски во пракса: таа беше првата договорна страна на Енергетската заедница што го комплетираше Националниот план за енергија и клима (NECP). Соларниот парк Осломеј, изграден врз поранешен рудник за лигнит со отворен коп, веќе е делумно функционален и кога целосно ќе биде завршен ќе има инсталирана моќност од 120 MW. Исто така, постојат многу аукции за инвестиции во соларна енергија за да се обезбедат повеќе проекти со фотоволтаици.

Оваа студија нуди план за Северна Македонија да продолжи да го надградува своето лидерство во доменот на обновливите извори на енергија – идентификувајќи двојна површина соодветно земјиште потребно за обновливите извори да ја задоволат моменталната побарувачка на електрична енергија без непотребно влијание врз природата и локалните заедници.

Accelerating a renewable future: using brownfields and barren lands for wind and solar energy siting in North Macedonia