Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „БИТОЛА БЕЗ ЈАГЛЕН“ има потреба од продукција и реализација на низа активности кои вклучуваат младинско учество, кои реално ќе ги претстават еколошките проблеми од работата на термоцентралите на фосилни горива и ќе иницираат локална и национална дебата за иднината на регионот без употреба на јагленот.

Ангажираната страна ќе биде одговорна за развивање, продуцирање и изведба на активности со младинско учество од информативен, едукативен и уметнички карактер кои ќе придонесат за вклучување на млади во зголемување на свесноста за штетните последици од работењето на термоцентралите на фосилни горива по животот на луѓето и животната средина. Се предвидува да се изведат најмалку 2 (две) различни активности на најмалку 2 (две) различни локации на територијата на и околу Битолскиот регион. Периодот на имплементација е помеѓу 15 април и 31 јули 2024 година. Активностите кои ќе бидат предмет на продукција и реализација треба да биде копродукција помеѓу Еко-свест и ангажираната страна.

Краен рок за пријавување е среда, 3 април 2024 година, до 12:00 часот на електронската адреса: [email protected], со назнака: Пријава за активности кои вклучуваат младинско учество. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Пријавите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Сите детали за повикот со критериуми за учество и избор се дадени во документот во прилог.

Share This

Share this post with your friends!