УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)

УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)

УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)

УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)

Автор: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ

Опис: Овој документ дава осврт за значењето на учеството на јавноста во урбанистичкото планирање како сложен процес што е поврзан со потребите на луѓето и развојот на просторот во кој живеат. Документот опишува што претставува урбанистичкото планирање, зошто е значајно учеството на јавноста, дава приказ на основниот закон што ја регулира оваа област и како се спроведуваат одредени законски решенија во практиката од аспект на учеството на јавноста.

Опфатени се и одредени прописи што се поврзани со учеството на јавноста во областа на животната средина. Документот нуди заклучоци и препораки што би можеле во иднина да имаат влијание врз креирањето или подобрувањето одредени политики во областа.

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)

Автор: Бојан Ранташа

Опис: Во рамки на проектот „Граѓанска наука во функција на заштита на природата“ финансиски поддржан од PONT и CEPF, и преку соработката со Натура МК, Еко-свест издаде едукативен прирачник со многу корисни и забавни игри за сите училишни возрасти.

Пчели-повеќе од мед (2022)

Пчели-повеќе од мед (2022)

Пчели-повеќе од мед (2022)

Пчели-повеќе од мед (2022)

Автор: Јована Била Дубаиќ

Опис: На Балканот живеат околу илјада видови пчели, а пчелата која прави мед е само една од нив. Опрашувањето е најважната вредност на пчелите бидејќи овозможуваат опстанок на илјадници видови растенија, животински видови и луѓето.

Овој прирачник ќе ви помогне да дознаете повеќе за пчелите, да поттикнете дискусии, да одговорите на најчесто поставуваните прашања и да надминете многу предрасуди и заблуди за пчелите. Во него ќе најдете и неколку практични идеи за да направите нешто корисно за пчелите.

Прирачникот изработен во рамки на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“ кој го спроведува WWF Adria во партнерство со Еко-свест, а истиот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка- Sida.

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Како да се подготвите за престој во природа? (2022)

Автор:

Опис: Што ви е потребно за да имате пријатен и безбеден престој во природа?

Вода, храна, облека, обувки, лекови, прибор за ориентација и прва помош, се меѓу најважните работи што треба да ги понесете со себе.

За сите учители, наставници, родители и сите оние кои сакаат да поминуваат време во природа, објавуваме кратка брошура која ќе ви го олесни пакувањето и ќе ве подготви за нов престој и истражување во природата.

Брошурата е изработена во рамки на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“ кој го спроведува WWF Adria во партнерство со Еко-свест, а истиот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка- Sida.

Меѓународните конвенции и нивното значење (2022)

Меѓународните конвенции и нивното значење (2022)

Меѓународните конвенции и нивното значење (2022)

Меѓународните конвенции и нивното значење (2022)

Автори: Симона Трајковска и Жарко Конески

Опис: Патување низ светот со кое ги откриваме местата каде што се донесени некои од најзначајните меѓународни конвенции за заштита на природата и животната средина. Сите се донесени како резултат на развојот на човечката свест со цел зачувување и унапредување на животната средина, заштита на човечкото здравје и разумно искористување на природните ресурси. Заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата се темелна вредност на нашиот уставен поредок, а со меѓународните конвенции нашата земја презема обврска за нивно почитување и примена. Дознајте зошто биле донесени овие глобални одлуки и како се применети во Македонија за заштита на нашата природна и животна средина.