ИСТРАЖУВАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ  ЗА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА СО НАЈНИСКО НЕГАТИВНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА (2022)

Автор: Ана Чоловиќ Лешоска

Опис: За да се справи со климатските промени и да ја задоволи побарувачката за енергија, на Северна Македонија и е потребно значително зголемување на капацитетите за искористување на обновливи извори на енергија. Меѓутоа, доколку локациите и начинот на развој на капацитетите за искористување на обновливите извори на енергија не се внимателно испланирани, решенијата можат да бидат штетни и да направат значаен притисок врз природните ресурси на Северна Македонија. Тие би можеле негативно да влијаат врз луѓето и биодиверзитетот, создавајќи конфликти кои не само што имаат негативни последици, туку би можеле да ги загрозат и инвестициите и да ја забават експанзијата на капацитетите за искористување на обновливите извори на енергија.

Студија на случај за село Белица (2022)

Студија на случај за село Белица (2022)

Студија на случај за село Белица (2022)

Студија на случај за село Белица (2022)

Автор: Невена Смилевска, Марија Тасев

Опис: Целта на овој документ е да даде преглед на мерките за државна помош за обновливите извори на енергија (ОИЕ) и преку споредбена анализа на националните и на европските регулативи и практики, да даде препораки за усогласување на националното законодавство со легислативата на ЕУ за државна помош за производство на електрична енергија од ОИЕ.
Овој документ, исто така, треба да придонесе кон подобрување на законската регулатива за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, со цел да се избегне фаворизирање на одредени технологии за производство од ОИЕ, за да се обезбеди балансиран развој и диверзификација на производството од различни ОИЕ.

Стимулирање на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија (2022)

Автор: Ѓорѓи Митревски

Опис: Целта на овој документ е да даде преглед на мерките за државна помош за обновливите извори на енергија (ОИЕ) и преку споредбена анализа на националните и на европските регулативи и практики, да даде препораки за усогласување на националното законодавство со легислативата на ЕУ за државна помош за производство на електрична енергија од ОИЕ.

Овој документ, исто така, треба да придонесе кон подобрување на законската регулатива за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, со цел да се избегне фаворизирање на одредени технологии за производство од ОИЕ, за да се обезбеди балансиран развој и диверзификација на производството од различни ОИЕ.

Анализа на можностите за инсталирање на фотоволтаични електрани на домовите во Битолскиот регион (2022)

Автор: Еко-свест во соработка со Драган Миновски

Опис: Еден од најголемите предизвици со кои се соочува светот денес е зголемената  потрошувачка на електрична енергија на глобално ниво, загадувањето на животната средина од согорувањето на фосилните горива (јаглен, нафта, природен гас итн.) за производство на електрична енергија, како и обезбедување на бараните потреби на електрична енергија од чисти, обновливи извори на енергија. Климатските промени се поизразени од кога и да било досега. Со согорувањето на фосилните горива се ослободуваат штетни материи во воздухот, што директно влијаат на глобалното затоплување. Затоа денешните трендови во производството на електрична енергија главниот акцент го насочуваат на обновливите извори на енергија чие искористување значително ќе ги намали ефектите од климатските промени.

Во моментот фотоволтаичните извори на енергија се најприфатливите извори, како во однос на цените, така и во однос на брзината и можноста за имплементација. Република Северна Македонија се наоѓа на многу добра географска локација, каде што сончевото зрачење е големо и погодно за инсталирање на фотоволтаични електрани и е една од земјите со најголемо сончево зрачење во Европа.

Со оглед на тоа што Битолскиот регион, како еден од регионите со јаглен во нашата земја, во наредниот период ќе биде изложен на доста големи промени поттикнати од енергетската транзиција и транзицијата на регионите со јаглен, во овој документ ќе бидат анализирани можностите за инсталирање на фотоволтаични електрани на домовите во овој регион.

Анализа на државната помош за обновливи извори на енергија во Република Северна Македонија (2021)

Автор: Еко-свест

Опис: Важен дел од обврските на Република Северна Македонија во процесите за интеграција во Европската Унија е спроведувањето на Директивата за обновливи извори на енергија ((EU) 2018/2001) преку зголемувањето на уделот на обновливите извори во финалната потрошувачка на енергија. За таа цел, државата има воспоставено механизам со мерки за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори којшто со одредени измени се применува од 2007 година.

Целта на овој документ е да направи анализа на државната помош за обновливи извори на енергија преку споредување на законската рамка во Северна Македонија со таа на земји членки на ЕУ и да даде заклучоци, насоки и препораки за промени на политиките и практиките во државата, доколку такви се потребни.