Правна анализа за статусот на препреки, брани, и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња (2023)

Автор: Проф. д-р Игор Камбовски

Опис: Овој документ претставува анализа на законските решенија кои го регулираат правниот статус на препреките, браните и други инфраструктурни градби во сливното подрачје на реката Пчиња, за потребите на проектот „Повторно поврзување на реките во Северна Македонија-развој на методологија и идентификација на приоритетни каскади за отстранување, финансиски поддржан од European Open Rivers Programme и спроведуван од Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест во партнерство со Здружение Геобалканика.

Планови за гасификација и опции за загревање во Северна Македонија (2023)

Автор: Регионалниот центар за истражување на енергетски политики од Унгарија и Еко-свест

Опис: Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје во соработка со Регионалниот центар за истражување на енергетски политики од Унгарија подготвија студија која содржи кратки анализи во врска со плановите за гасификација во нашата држава.

Студијата опфати ги опфати прашањата поврзани со решенијата за гасификација и станбено греење беа насочени кон инвестицијата во гасната инфраструктура, другите енергетски алтернативи кои би можеле да се развијат со истите средства, фокусирајќи се на алтернативи за обновливи извори на енергија, проценка на трошоците за гас за домаќинствата, предвидувања и анализи на цените на гасот на берзите за гас за Западен Балкан, како и анализа на можностите за употреба и производство на водород, планиран да се пренесува преку гасоводи во иднина.

За да се даде одговор на овие теми, се разгледуваа веќе постоечки студии и информации за плановите за гасификација и тековната состојба на мрежите за природен гас во државата, се ажурираа постојните проценки на трошоците и се постави едноставен модел за изборот на домаќинствата за технологија за греење и квантифицирање на трошоците.

EKOSVEST-Gasification-plans-and-building-heating-ANG-za-WEB.pdf

Анализа на алтернативи на централното греење базирано на јаглен во Битолскиот Регион (2022)

Автор: Вања Џинлев

Опис: Студијата ја испитува моменталната состојба со греењето во Битолскиот Регион (покривајќи ги општините Битола, Могила и Новаци), проследена со анализа на техно-економскиот потенцијал за користење на децентрализирани решенија за греење, кои исто така се во согласност со заложбите на земјата за заштита на животната средина. Анализираните опции за греење кои се дадени во оваа студија се и економски и еколошки одржливи алтернативи на планираниот систем за централно греење, не само долгорочно, туку и како непосредни решенија.

Со анализирање на различни извори на греење како алтернатива на термоцентралата, оваа студија ги истакнува можностите за промовирање на локални и одржливи решенија за греење со усвојување на приспособен, контекстуализиран пристап, наместо фокусирање на големи проекти со огромно еколошко влијание, мала економска исплатливост и голем потенцијал за корупција, сè на сметка на зависноста од фосилни горива.

Analysis of alternatives to coal-based district heating for the Bitola region in North Macedonia (2022)

КОРИСТЕЊЕ НА РУДНИЦИ И ДРУГИ БРАУНДФИЛД ЛОКАЦИИ ЗА ИЗГРАДБА НА СОЛАРНИ И ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: СТУДИЈА И МЕТОДОЛОГИЈА (2022)

Автор: Еко-свест

Опис:

Анализата е изработена во рамки на проектот „Exploring Pathways for Low-Impact Energy Solutions in North Macedonia“ имплементиран од The Nature Conservancy, ИЦЕОРМАНУ и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“. Проектот е финансиски поддржан од The Nature Conservancy

MANU brownfield study EN

Предлог Патоказ за заштита на природата (2022)

Предлог Патоказ за заштита на природата (2022)

ПРЕДЛОГ ПАТОКАЗ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА (2022)

ПРЕДЛОГ ПАТОКАЗ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА (2022)

Автор: Симона Трајковска

Опис: Еко-свест во консултации со широка група на засегнати страни подготви Патоказ за заштита на природата. Неговата намена е да постави насоки и да ги идентификува приоритетните активности во секторот природа, да биде поддршка за креаторите на политики, државните институции, локалните власти, управителите со заштитени подрачја, како и граѓанските организации, со цел преземање на синхронизирана и заедничка акција за подобра заштита на нашата најголема вредност- природата.

Документот e дел од проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“, кој го спроведува WWF Adria со поддршка од Шведската Агенција за Меѓународна Развојна Соработка – Sida.