Aнализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)
Aнализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)
Автор: Д-р Жарко Алексов и М-р Милорад Андријески
Опис: Анализата од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите треба да претставува водич на националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со оваа област. Со тоа се поттикнува учество на граѓанските организации во носењето на одлуките поврзани со климатските промени, но и во преземање активности на локално ниво. Дополнително, анализата служи да се зголеми свеста не само на граѓанските организации и пошироката јавност, чии права честопати се прекршуваат индиректно преку незапирливото уништување на животната средина, туку и на судската, извршната и законодавната власт, кои треба да имаат далеку поголема и проактивна улога во унапредувањето на состојбите во заштитата на животната средина.
Најнови коментари