Предлог концепт за водење на стратешки процес за намалување на аерозагадувањето (2019)

Автори: Еко-свест, Тони Поповски, Даница Павловска

Опис: Во Република Северна Македонија во овој момент отсуствува долгорочна стратегија за справување со аерозагадувањето која системски ги опфаќа сите сектори и дава јасни чекори, мерки и извори на финансирање со кои се постигнуваат конкретни цели во дадена временска рамка. Планот за чист воздух е добар почеток но е краткорочен и опфаќа само дел од секторите кои треба да бидат земени предвид при системското решавање на овој проблем. Како одговор на овие предизвици Еко-свест со финансиска поддршка на Министерството за животна средина го спроведува проектот „Стратегија за долгорочно справување со аерозагадувањето“. Целта на проектот е поднесување на иницијатива до Владата на РСМ за изработка на долгорочна Стратегија за справување со аерозагадувањето врз основа на изработен ИДЕЕН КОНЦЕПТ во соработка со сите засегнати чинители.

Анализа на препорачани мерки за справување со загадување на амбиенталниот воздух во Македонија (2019)

Автори: Еко-свест, Хелена Андонова

Опис: Оваа анализа е преглед на предлог мерките кои би помогнале да се реши проблемот со аерозагадувањето. Анализата е направена со цел надлежните институции како и секој заинтересиран граѓанин да имаат увид во конкретни мерки кои би го решиле овој проблем. Овде се дадени информации кон колку од овие мерки се пристапило или влегуваат во новата програма за намалување на аерозагадувањето со двегодишниот „План за чист воздух“ на Владата. 

Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Автори: Светлана Пејовик, Фросина Ангелова

Опис: Енергијата не може ниту да се создаде ниту да се уништи. Таа само преминува од една форма во друга и овој процес се случува постојано. Односно, храната што ја јадеме содржи хемиска енергија која организмот ја складира сè додека не се јави потреба да започнеме со некое дејство или работа. Тогаш истата преку процесите на согорување ќе се ослободи и може да претвори во топлинска или друг вид енергија која понатаму можеме да ја искористиме за различна намена. Сите форми на енергија се зачувуваат на различни начини и ни претставуваат извори на енергија кои ние секојдневно ги користиме. Овие извори се поделени во две групи – обновливи извори (извори на енергија кои може да се користат одново и одново) и необновливи (извори на енергија кои се искористуваат и не може да се обноват во краток временски период).

Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)

 Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)

Автори: Светлана Пејовик, Фросина Ангелова

Опис: Способноста да се случат работите е тоа што можеме да го наречеме енергија. Енергијата овозможува да се движат автомобилите по патиштата, но исто така и авионите да летаат. Таа ни помага да ја слушаме омилената музика на радио, ги загрева нашите соби и ги осветлува нашите домови. Енергија им е потребна на нашите тела и ни овозможува да растеме и да се движиме. Речиси сè што поседуваме и користиме работи на енергија. Енергијата има повеќе различни форми, се содржи во различни предмети и истата може да се измери.

Приказна за Јагленко (2018)

Приказна за Јагленко (2018)

Приказна за Јагленко (2018)

Приказна за Јагленко (2018)

Автор: Еко-свест

Опис: Приказната за Јагленко е наш обид да ја доближиме вистината за природата кон децата. Основна цел е да се воочи и да се направи разлика помеѓу потребите на човекот, потребите на растителниот и животинскиот свет и да се согледа природата во една единствена целина заедно со човекот како неразделив дел од неа. Се надеваме дека ќе ве поттикнеме и Вас на поинакво размислување со цел секогаш кога ќе донесете одлука (барем за онаа што се однесува за вашето домаќинство) да се определите за еколошки избор на енергија.