Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)

Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)

Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)

Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)

Автор: Ива Петрунова

Опис: Уредувањето на просторот има големо општествено и социјално значење. Тоа ја обликува средината во која човекот опстојува и притоа влијае на системот за транспорт, инфраструктурата, развојот на сопственоста, густината на население, јавните сервиси, управувањето со отпадот. Оттука урбанизмот го определува квалитетот на животот преку обликување на природата.

Општественото значење на урбанизмот се отсликува и во Уставот на Македонија во кој е утврдено дека секој има право на здрава животна средина, при што на државата е обврската да ги обезбеди условите за остварување на ова право. Истовремено секој граѓанин има истовремено право, но и должност да го чува и унапредува сопственото и здравјето на другите. Истовремено Законот за урбанистичко планирање, како основен закон за областа, почива на принципите на одржливост, рационално искористување и инклузивност и справување со климатските промени.

Овој документ го анализира спроведувањето на урбанизмот и урбаното зеленило во Македонија во практика и нивното влијание врз квалитетот на живот.

Атлас за пластиката: факти и бројки за светот на синтетичките полимери, прво македонско издание (2023)

Издавачи: Фондацијата „Хајнрих Бел“ и движењето Break Free From Plastic во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест

Опис: Атласот за пластиката содржи повеќе од 50 детални инфографици кои покриваат широк спектар на теми поврзани со кризата со загадувањето со пластика по целиот вредносен синџир на пластиката. Атласот ги истакнува глобалните влијанија на производството, потрошувачката и отстранувањето на пластиката врз другите клучни глобални предизвици, како што се здравјето на луѓето и климатските промени. Исто така, тој ја опишува улогата на пластиката за клучните индустриски сектори како што се земјоделството и туризмот и ги опишува корпоративните интереси и двигатели зад пластичната криза. Конечно, атласот за пластиката претставува преглед на клучните регулативи за заштита од пластика, решенијата за нула отпад и поглед врз растечкото глобално движење кое работи за иднина ослободена од загадувањето со пластика. Во македонското издание е даден осврт на состојбите со отпадот од пластика во Македонија, законските регулативи и начините за справување со отпадот, како и улогата на неформалниот сектор во управувањето со отпадот. Меѓународното издание на овој атлас е прв пат објавено во 2019 година и до денес има доживеано посебни изданија на различни јазици во повеќе од 20 држави и територии.

Атлас на пластиката (на албански јазик)

ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА ПРАШАЊА И ОБЛАСТИ КОРИСНИ ЗА РАБОТАТА НА ЕКОЛОШКИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ (2023)

Автор: МЗМП

Опис: За потребите на граѓанските организации во Македонија во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ поддржан од Владата на Шведска, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, МЗМП и ЦНВП Македонија, МЗМП изработи видео туторијали наменети за еколошките граѓански организации кои обработуваат различни прашања кои се важни за работата на граѓанските организации.

Видеата се објавени на следниот линк: https://www.youtube.com/@ekosvest980

Целта на видеата е да се зголемат знаењата на граѓанските организации за начинот на кој може да се вклучат во донесувањето на одлуки поврзани со животната средина. Во овој документ е даден преглед на најважните одредби од релевантните закони кои го регулираат секое од прашањата опфатени со видеата.

Успешни примери за климатска акција на локално ниво (2023)

Успешни примери за климатска акција на локално ниво (2023)

Успешни примери за климатска акција на локално ниво (2023)

Успешни примери за климатска акција на локално ниво (2023)

Автор: Еко-свест

Опис: Инспирирајте се од овие четири успешни приказни за климатска акција на локално ниво, реализирани од четири граѓански организации преку Програмата за ад-хок грантови во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ и беа реализирани во периодот од март до септември 2023 година. Овие ад-хок грантови имаа за цел да овозможат одговор на итни акции и приоритетни прашања или проблеми во локалните заедници поврзани со климатската криза и процесите на декарбонизација.

СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НА ЦЕНТРАЛНО НИВО (2023)

Автор: Бојан Трпевски

Опис: Документот има цел да ги постигне следните истражувачки цели:
• Да се идентификуваат најважните стратешки документи (стратегии и планови) за долгорочно управување со животната средина и климатските промени;
• Да се идентификува степенот на спроведување на законодавството за долгорочно управување со животната средина од формален и суштински аспект;
•Да се идентификуваат недостатоците во спроведување на законодавството.

Методолошкиот пристап при изработката на документот вклучува примена на следните истражувачки методи:
• Канцелариско истражување – консултирање на националното релевантно право поврзано со воспоставување долгорочно управување со животната средина и климатските промени;
• Барања за слободен пристап до информации од јавен карактер – користење на алатката за слободен пристап до информации од јавен карактер со цел да се приберат релевантни информации.

Документот го опфаќа периодот од 2016 година заклучно со март 2023 година.

Upravuvanje-so-zivotna-sredina-na-centralno-nivo-alb-1.pdf