Во рамки на проектот ,,Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европската Унија и активностите кои Еко-свест ги спроведува за потребите на проект „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија’’, објавуваме повик за изработка и спроведување на медиумска кампања за влијанието кое енергетската транзиција го има врз климатските промени.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на оваа активност е информирање и едукација на граѓаните во земјава за моменталните процеси и потенцијалите за енергетска транзиција во регионите со јаглен во земјата како начин за доближување на влијанието кое овие региони го имаат врз климатските промени. Кампањата треба да придонесе кон зголемување на свесноста на македонските граѓани за важноста на справувањето со климатските промени во сите сектори и на сите нивоа на донесување на одлуки како значаен чекор во спроведувањето на успешен процес на пристапување кон ЕУ и да се опфатат со активностите групите на граѓани кои во дадената заедница се најзасегнати од климатските промени или најмногу придонесуваат кон нив.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 12 ноември 2020 г. 16:00 часот, со назнака Апликација за изработка и спроведување на медиумска кампања.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 070 205 431
Повеќе информации за критериумите и потребна документација за аплицирање може да најдете на овој линк.
Најнови коментари