Конкретни информации, мерење на сите високозагадувачки супстанции, информирање и известување на граѓаните, тесна соработка и координирани активности помеѓу локалните и централните власти се основните потребни факти за решавање на проблемот со аерозагадување. Ова се главните заклучоци од средбата организирана од Еко-свест и ФЕС канцеларијата во Скопје на која колегите од граѓанската иницијатива Polish Smog Alert ги споделија своите предизвици и искуства во соработката со локалните и централните власти во насока на изнаоѓање решенија за аерозагадувањето.
Според Двораковска, на оваа законска забрана секако претходно биле обезбедени финансии за замена на загревањето на социјално загрозените жители, процес кој преку субвенционирање на грејните тела веќе започна и кај нас, и токму затоа носење на ваква законска забрана во моментов би бил значителен чекор напред во борбата со аерозагадувањето во пренаселените урбани средини.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кој беше присутен на средбата изрази силна желба за понатамошна соработка со полските институции, но и невладиниот сектор во насока на пресликување на успешните примери за подобрување на квалитетот на воздух.
Според извршната директорка Ана Чоловиќ Лешоска на Еко-свест во време на светска криза која ни даде црвено светло и не освести за здравјето на луѓето и за различните влијанија на загадувањето во комбинација на ширењето на вирусот Ковид-19, се покажа дека тоа е голем удар врз здравјето, а тоа го потврдуваат и докторите, така што крајно време е за построга регулатива во земјава и за повисоки стандради за квалитетот на воздухот кој го дишеме.
Најнови коментари