Започнуваме со реализација на програмата „Заштита на реките преку воспоставување на практики за мониторинг и обновување на речните живеалишта во заштитените подрачја”.

Програмата ќе обезбеди поддршка на Националниот парк Маврово и Националниот парк Шар Планина во мониторирање на состојбите на реките во текот на следните три години. Во рамки на програмата ќе биде изработена методологија за мониторирање и реставрирање на речните екосистеми, обука на вработените и поддршка при реализирање на теренските активности, како и воведување на граѓанска наука за активно вклучување на локалните заедници и експертската јавност.

Активностите ќе бидат спроведувани од Еко-свест во соработка со локални граѓански организации, а ќе бидат финансирани од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Share This

Share this post with your friends!