Инфо табли се поставуваат со цел подобрување на инфраструктурата во заштитеното подрачје, зголемување на информираноста на посетителите за значењето и убавините на заштитеното подрачје Вевчански извори, како и степените на заштита и дозволените и забранети активности според зоните на заштита.

Покрај мапата со зони на заштита и туристичката мапа, се поставуваат и инфо табли за флора и фауна, водните и шумските богатства со кои располага ова подрачје.

Во престојниот период покрај поставувањето на нови, ќе бидат реконструирани и постоечките инфо табли и патокази.
Оваа активност е дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори” спроведуван од локалната канцеларија на Еко свест во Вевчани, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Share This

Share this post with your friends!