Опис на услугата
Задачата во рамки на повикот е набавка на канти за селектирање отпад од пластични шишиња и достава до локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани.

Основни информации
Центарот за истражување и информирање на животната средина Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани во партнерство со Јавното претпријатие за комунални дејности и облагодарување на природните ресурси Еремја – Вевчани го спроведува проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од селектирана пластика до иновација“ со цел унапредување на управувањето со отпадот во општина Вевчани.
Повеќе информации на www.ekosvest.com.mk

Цел на услугата
Главна цел на оваа задача е подобрување на инфраструктурата за соодветно одлагање на отпадот од пластични шишиња, со што ќе се унапреди процесот на селекција на пластиката и нејзино рециклирање.


Обем и детален опис на услугата
Избраниот понудувач ќе биде задолжен за:

1. Набавка на 50 канти за селекција на отпад од пластични шишиња
Кантите треба да да бидат изработени:

  • со волумен од најмалку 240 литри;
  • во жолта боја;
  • од тврда пластика;
  • подвижни.

2. Достава на кантите до локалната канцеларија во Вевчани


Временска рамка
Задачата за набавка на канти за селектирање на отпад од пластични шишиња ќе биде финализирана 45 дена од склучување на договорот, но не покасно од 15.01.2024 година
Предложената временска рамка за ангажманот е следна:

РезултатКраен рок
Избор на канти за селектирање на отпад од пластични шишиња13/12/2023
Достава на канти15/01/2024

Буџет
Вредноста на договорот не може да надмине 2750 САД$, односно 157.300 денари, според курсот на проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од селектирана пластика до иновација“.

Потребна документација за аплицирање
● Краток опис на компанијата (портфолио);
● Тековна состојба не постара од 6 месеци;
● Финансиска понуда;
● Пополнета и потпишана изјава дека понудувачот не запаѓа во ситуација која е основа за исклучување од учество во набавката (Анекс 1).


Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми:
● Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.


Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.


Во понудата задолжително:
● Да се наведе единечната цена за производот без ДДВ
● Временски рок на извршување на набавката
● Начин на плаќање

Евалуација на кандидатите
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана.


Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
● Краток опис на компанијата (портфолио): 30 бодови.
● Време потребно за достава на кантите: 30 бодови.
● Понудена цена за кантите: 40 бодови


Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.


Евалуационата комисија ќе ја извести само онаа компанија чија понуда ќе биде избрана. Договор ќе биде склучен само со онаа компанија чија понуда ќе биде оценета како најповолна.

Услови на поднесување
Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат на email: [email protected], со назнака “Понуда за набавка на канти”.


Краен рок за достава на понуди е 6/12/2023 година.
Некомплетни понуди нема да бидат земени предвид.

Надзор на проектот
Еко-свест ќе биде одговорен за надзорот на спроведувањето на активноста и почитување на договорите и договорните задачи.
Контакт лице Леонора Велкоска, [email protected]

Контакт лице
За повеќе информации, ве молам контактирајте со Леонора Велкоска, [email protected] или на +389 78 300 219

Анекс 1: Изјава од понудувач
ИЗЈАВА
Јас, долупотпишаниот __________________________(име и презиме) во функција на овластен застапник на ____________________________(име на правното лице) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно
→ Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања или не се во било каква аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи;
→ Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata;
→ Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето;
→ Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка;
→ Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот;
→ Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.


На ден_______________ година

Име и презиме на застапникот

Потпис и печат

Share This

Share this post with your friends!