АНАЛИЗА НА УСОГЛАСУВАЊЕТО И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ (2023)

Автор: Еко-свест

Опис: За да се произведе ист производ или за да се добие иста услуга како што се произведува во некоја земја во Европската Унија, кај нас ќе се потроши два пати повеќе струја. Тоа се нарекува нерационалност во потрошувачката. Зошто и покрај тоа што согласно Законот за енергетика и Законот за енергетска ефикасност, досега се подготвени и усвоени повеќе стратешки документи со кои на голем број правни субјекти од различни категории пропишани им се конкретни обврски и рокови, работата уште стои.

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НАСПРОТИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА ВО РСМ (2023)

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НАСПРОТИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА ВО РСМ (2023)

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НАСПРОТИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА ВО РСМ (2023)

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НАСПРОТИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА ВО РСМ (2023)

Автор: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ

Опис: 

Овој документ дава краток осврт за енергетската криза од почетокот на 2022 година со која се соочува Македонија и за постојните цели, планови и стратегии за развојот на енергетиката во насока на Енергетските трендови за транзиција кон нискојаглеродна економија, при што, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност се меѓу најважните фактори што ја овозможуваат транзицијата. Документот дава приказ на дел од донесените одлуки од страна на Владата во врска со енергетската криза, кратка сублимација на важечките закони од областа на енергетиката, преземените обврски, Програмата за работа на Владата за 2020-2024 година, во делот на енергетиката, Стратегијата за развој на енергетика до 2040 година, и Националниот план за енергија и клима од 2020 година. Во документот се дава краток осврт на Програмата за реализација на стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025, која е подготвена, но не е донесена.

Целта на документот е преку приказ на определените одлуки и документи да посочи и да го постави прашањето дали преземените обврски и заложби на државата за транзиција кон нискојаглеродна економија се можни и остварливи.

KRIZA-ENERGJETIKE-KUNDREJT-DEKARBONIZIMIT-NE-RMV.pdf

Планови за гасификација и опции за загревање во Северна Македонија (2023)

Автор: Регионалниот центар за истражување на енергетски политики од Унгарија и Еко-свест

Опис: Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје во соработка со Регионалниот центар за истражување на енергетски политики од Унгарија подготвија студија која содржи кратки анализи во врска со плановите за гасификација во нашата држава.

Студијата опфати ги опфати прашањата поврзани со решенијата за гасификација и станбено греење беа насочени кон инвестицијата во гасната инфраструктура, другите енергетски алтернативи кои би можеле да се развијат со истите средства, фокусирајќи се на алтернативи за обновливи извори на енергија, проценка на трошоците за гас за домаќинствата, предвидувања и анализи на цените на гасот на берзите за гас за Западен Балкан, како и анализа на можностите за употреба и производство на водород, планиран да се пренесува преку гасоводи во иднина.

За да се даде одговор на овие теми, се разгледуваа веќе постоечки студии и информации за плановите за гасификација и тековната состојба на мрежите за природен гас во државата, се ажурираа постојните проценки на трошоците и се постави едноставен модел за изборот на домаќинствата за технологија за греење и квантифицирање на трошоците.

EKOSVEST-Gasification-plans-and-building-heating-ANG-za-WEB.pdf

Анализа на алтернативи на централното греење базирано на јаглен во Битолскиот Регион (2022)

Автор: Вања Џинлев

Опис: Студијата ја испитува моменталната состојба со греењето во Битолскиот Регион (покривајќи ги општините Битола, Могила и Новаци), проследена со анализа на техно-економскиот потенцијал за користење на децентрализирани решенија за греење, кои исто така се во согласност со заложбите на земјата за заштита на животната средина. Анализираните опции за греење кои се дадени во оваа студија се и економски и еколошки одржливи алтернативи на планираниот систем за централно греење, не само долгорочно, туку и како непосредни решенија.

Со анализирање на различни извори на греење како алтернатива на термоцентралата, оваа студија ги истакнува можностите за промовирање на локални и одржливи решенија за греење со усвојување на приспособен, контекстуализиран пристап, наместо фокусирање на големи проекти со огромно еколошко влијание, мала економска исплатливост и голем потенцијал за корупција, сè на сметка на зависноста од фосилни горива.

Analysis of alternatives to coal-based district heating for the Bitola region in North Macedonia (2022)