Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)

Автор: проф. Др. Игор Камбовски

Опис: Документот нуди правна анализа на националното законодавство во делот на доделување на договори за концесија и укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја, со фокус на раскинување на договорите за концесија за МХЕ Рибничка и МХЕ Жировница 5 и 6 во НП Маврово.
Целта на анализата е да се разгледаат правните механизми и да се утврдат можностите за раскинување на доделени концесии за изградба на хидро проекти во заштитени подрачја но и да се утврдат правните механизми кои ќе спречат идно доделување на концесии од овој тип. Анализирана е релевантната законска регулатива и меѓународни прописи, проценети се ризиците кои би можеле да произлезат од раскинување на договорот за концесија и предложени се повеќе можни сценарија за раскинување на овие концесиски договори. На крајот на анализата дадени се неколку предлози за интервенции во законската рамка со цел спречување на доделување на концесии во заштитни подрачја.

ОДРЖЛИВО ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

ОДРЖЛИВО ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

ОДРЖЛИВО ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

ОДРЖЛИВО ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

Автор: Еко-свест

Опис: 

Нивото на инвестиции во животната средина е неопходно да биде зголемено, особено во буџетот за финансирање на заштитените подрачја.

Третиот приоритет на Предлог Патоказот за заштита на природата ја нагласува потребата да се воспостави Фонд за животна средина како независен орган на државната управа со посебна буџетска сметка. Фондот треба да опфати поширок опсег на прашања кои ќе се определуваат на годишно ниво и според стратешките приоритети на институциите кои имаат надлежност во заштитата на животната средина.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

Автор: Еко-свест

Опис: 

Биолошката разновидност нема висок степен на заштита и сè уште не е приоритет во политиките, пред се поради економскиот аспект во одредени сектори. Следење на биолошката разновидност се врши нередовно и тоа за избрани видови како проектна активност, или, како обврска од меѓународни договори. Се забележува дека има неусогласеност на податоците за биолошката разновидност и не се следат причините за загуба на биолошката разновидност.

Вториот приоритет на Предлог Патоказот за заштита на природата предлага воспоставување на национална еколошка мрежа, унапредување на процедурата за нови заштитени подрачја и нивно интегрирано управување, вработување на квалификуван кадар кој ќе врши мониторинг врз биолошката и пределската разновидност во блиска соработка со локалното население.

ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)

Постои слаба координираност во одделни сектори поврзани со заштита на природата. Мерките и активностите за заштита на природата треба да се интегрираат во сите развојни, стратешки, плански и програмски документи, плановите за уредување и користење.

Во првиот приоритет на Предлог Патоказот за заштита на природата е нагласена потребата од формирање на самостоен орган на државната управа, со независен буџет и професионален кадар кое ќе биде надлежно за следење, истражување, анализа и унапредување на заштитата на природата и управувањето со природните ресурси.

Анализа од областа на управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)

Автор: Д-р Жарко Алексов и М-р Милорад Андријески

Опис: Инфографик за Анализата од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите на авторите Д-р Жарко Алексов и М-р Милорад Андријески. Анализата треба да претставува водич на националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со оваа област. Целосната анализа е дадена на линкот подолу.

Инфографик-Анализа-Шуми

Инфографик-Анализа-Шуми-Instagram

Анализата од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите