Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)

Автор: проф. Др. Игор Камбовски

Опис: Документот нуди правна анализа на националното законодавство во делот на доделување на договори за концесија и укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја, со фокус на раскинување на договорите за концесија за МХЕ Рибничка и МХЕ Жировница 5 и 6 во НП Маврово.
Целта на анализата е да се разгледаат правните механизми и да се утврдат можностите за раскинување на доделени концесии за изградба на хидро проекти во заштитени подрачја но и да се утврдат правните механизми кои ќе спречат идно доделување на концесии од овој тип. Анализирана е релевантната законска регулатива и меѓународни прописи, проценети се ризиците кои би можеле да произлезат од раскинување на договорот за концесија и предложени се повеќе можни сценарија за раскинување на овие концесиски договори. На крајот на анализата дадени се неколку предлози за интервенции во законската рамка со цел спречување на доделување на концесии во заштитни подрачја.

Анализа за транспорт (2023)

Анализа за транспорт (2023)

Анализа за транспорт МК (2023)

Анализа за транспорт МК (2023)

Автор: проф. д-р Бети Анѓелевска и Жарко Хаџи Зафиров

Опис: Анализата нa состојбата и развојот на транспортот како извор на стакленички емисии треба да претставува водич во националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со оваа област. Оваа цел е во тесна корелација со една од посебните цели на проектот за поттикнување учество на граѓанските организации во носењето на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање активности на локално ниво.

Втората цел на анализата е да се зголеми свеста на граѓанските организации и пошироката јавност за можностите за развој на зелени сектори со ниско ниво на емисии, но и да се зголеми притисокот на јавноста врз институциите со цел развој на политики, програми и спроведување мерки во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

Документ за надоместок за јаглеродна такса (2023)

Документ за надоместок за јаглеродна такса (2023)

Документ за надоместок за јаглеродна такса (2023)

Документ за надоместок за јаглеродна такса (2023)

Автор: Д-р Александар Дединец

Опис: Јаглеродното оданочување е алатка, односно инструмент, со чија помош побрзо ќе се остварат зацртаните климатски цели и ќе се овозможи декарбонизацијата на засегнатите сектори во државата.
Во овие трошоци се вклучени трошоците за штетното влијание врз посевите, здравствената заштита од топлотни бранови и суши kako и загубата на имоти од поплави. Со надоместокот за јаглерод се прави поврзување на изворот со емисиите и тоа преку цената.
Според Меѓународниот монетарен фонд, со воведувањето на надоместокот за јаглерод се поттикнува инвестирање во енергетска ефикасност и премин кон ниско јаглеродна економија.

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НАСПРОТИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА ВО РСМ (2023)

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НАСПРОТИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА ВО РСМ (2023)

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НАСПРОТИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА ВО РСМ (2023)

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НАСПРОТИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА ВО РСМ (2023)

Автор: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ

Опис: 

Овој документ дава краток осврт за енергетската криза од почетокот на 2022 година со која се соочува Македонија и за постојните цели, планови и стратегии за развојот на енергетиката во насока на Енергетските трендови за транзиција кон нискојаглеродна економија, при што, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност се меѓу најважните фактори што ја овозможуваат транзицијата. Документот дава приказ на дел од донесените одлуки од страна на Владата во врска со енергетската криза, кратка сублимација на важечките закони од областа на енергетиката, преземените обврски, Програмата за работа на Владата за 2020-2024 година, во делот на енергетиката, Стратегијата за развој на енергетика до 2040 година, и Националниот план за енергија и клима од 2020 година. Во документот се дава краток осврт на Програмата за реализација на стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025, која е подготвена, но не е донесена.

Целта на документот е преку приказ на определените одлуки и документи да посочи и да го постави прашањето дали преземените обврски и заложби на државата за транзиција кон нискојаглеродна економија се можни и остварливи.

KRIZA-ENERGJETIKE-KUNDREJT-DEKARBONIZIMIT-NE-RMV.pdf