Отворен повик за конференциски услуги

Основни информации

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скoпје во рамки на своето работење и спроведување на дел од проектите, има потреба од хотелско-конференциски услуги од компании за ден 16.04.2026 од 09:00-17:00 часот.

Цел и задачи

Ангажираната компанија ќе биде одговорна за организирање на следниве работи:

  • Обезбедување на сала и техничка опрема за одржување на конференција, за 60 учесници на конференцијата
  • Обезбедување на ручек со вклучен 1 безалхохолен пијалок, за 60 учесници на конференцијата
  • Обезбедување на две кафе паузи во денот, за 60 учесници на конференцијата.

Деаталите во врска со техничката опрема ќе бидат дополнително потврдени 10 дена пред настанот.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за доставување понуди е од денот на објавување на отворениот повик до 17.03.2026 година 16:00 часот.
По истекот на овие 7 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда.
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

Во рок од 3 дена од донесувањето на Одлуката, Еко-свест ги информира сите понудувачи за исходот од постапката. Понудувачите имаат право да поднесат Приговор во врска со постапката во рок од 3 календарски дена.

Потребна документација за пријавување

Заинтересираните компании треба да достават:
Понуда за хотелско-конференциски услуги со вклучен ДДВ
Потпишана изјава (види Анекс 1)
Кратко портфолио на компанијата
Тековна состојба не постара од 6 месеци
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Напомена!
Еко-свест ќе бара од избраниот понудувач пред склучување на договор за соработка да ја достави следната документација:
Tековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјава дека ги исполнува критериумите за учество; биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.

Критериуми за понудувачите

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.
На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.

Доверливост

Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.

Пријавување и контакт информации

Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 17.03.2026 година до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда.

Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 13.03.2026 година.

Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.

Евалуација на понудувачите

Евалуационата комисија ќе ги извести само оние понудувачи чија понуда ќе биде избрана. Понудувачите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Квалитет на понуденото мени и техничко-просторна соодветност на салата – 50 бодови
Финансиска понда – 50 бодови
Вкупно 100 бодови

Ќе биде склучен договор со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.

Aneks 1 Izjava za isklucuvanje od ucestvo vo nabavka

Share This

Share this post with your friends!