Опис на услугата Задачата во рамки на повикот е набавка на канти за селектирање отпад од пластични шишиња и достава до локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани.
Основни информации Центарот за истражување и информирање на животната средина Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани во партнерство со Јавното претпријатие за комунални дејности и облагодарување на природните ресурси Еремја – Вевчани го спроведува проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од селектирана пластика до иновација“ со цел унапредување на управувањето со отпадот во општина Вевчани. Повеќе информации на www.ekosvest.com.mk
Цел на услугата Главна цел на оваа задача е подобрување на инфраструктурата за соодветно одлагање на отпадот од пластични шишиња, со што ќе се унапреди процесот на селекција на пластиката и нејзино рециклирање.
Обем и детален опис на услугата Избраниот понудувач ќе биде задолжен за:
1. Набавка на 50 канти за селекција на отпад од пластични шишиња Кантите треба да да бидат изработени:
со волумен од најмалку 240 литри;
во жолта боја;
од тврда пластика;
подвижни.
2. Достава на кантите до локалната канцеларија во Вевчани
Временска рамка Задачата за набавка на канти за селектирање на отпад од пластични шишиња ќе биде финализирана 45 дена од склучување на договорот, но не покасно од 15.01.2024 година Предложената временска рамка за ангажманот е следна:
Резултат
Краен рок
Избор на канти за селектирање на отпад од пластични шишиња
13/12/2023
Достава на канти
15/01/2024
Буџет Вредноста на договорот не може да надмине 2750 САД$, односно 157.300 денари, според курсот на проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од селектирана пластика до иновација“.
Потребна документација за аплицирање ● Краток опис на компанијата (портфолио); ● Тековна состојба не постара од 6 месеци; ● Финансиска понуда; ● Пополнета и потпишана изјава дека понудувачот не запаѓа во ситуација која е основа за исклучување од учество во набавката (Анекс 1).
Компанијата која аплицира мора да ги исполнува следниве критериуми: ● Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република С. Македонија, и постои најмалку 2 години.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Во понудата задолжително: ● Да се наведе единечната цена за производот без ДДВ ● Временски рок на извршување на набавката ● Начин на плаќање
Евалуација на кандидатите Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана.
Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: ● Краток опис на компанијата (портфолио): 30 бодови. ● Време потребно за достава на кантите: 30 бодови. ● Понудена цена за кантите: 40 бодови
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
Евалуационата комисија ќе ја извести само онаа компанија чија понуда ќе биде избрана. Договор ќе биде склучен само со онаа компанија чија понуда ќе биде оценета како најповолна.
Услови на поднесување Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат на email: [email protected], со назнака “Понуда за набавка на канти”.
Краен рок за достава на понуди е 6/12/2023 година. Некомплетни понуди нема да бидат земени предвид.
Надзор на проектот Еко-свест ќе биде одговорен за надзорот на спроведувањето на активноста и почитување на договорите и договорните задачи. Контакт лице Леонора Велкоска, [email protected]
Контакт лице За повеќе информации, ве молам контактирајте со Леонора Велкоска, [email protected] или на +389 78 300 219
Анекс 1: Изјава од понудувач ИЗЈАВА Јас, долупотпишаниот __________________________(име и презиме) во функција на овластен застапник на ____________________________(име на правното лице) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно → Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања или не се во било каква аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи; → Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata; → Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето; → Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка; → Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот; → Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.
Основни информации Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје, работи на теми тесно поврзани со заштита на животната средина и има потреба од годишна ревизија за 2023 година. Eко-свест објавува повик за изразување интерес од ангажирање на овластени ревизорски компании. Цел и задачи на активностите Цел на активноста е спроведување на ревизија на Еко-свест, подготовка и издавање на ревизорски извештај за организациско и финансиско работење на Еко-свест за периодот од 1 Јануари до 31 Декември 2023 година.
Потребно е да се направи увид и проверка на завршната сметка по нејзиното поднесување и потоа да се изготви ревизорски извештај на македонски и на англиски
Ивештаите од досегашното работење на Еко-свест ке може да се погледнат на следниот линк: Извештаи / Еко-свест (ekosvest.com.mk). Временска рамка за доставување на понуда Периодот за изразување на интерес за учество на повикот е 7 дена од објавување на отворениот повик. Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда. Временска рамка за спроведување на активноста Периодот за спроведување на оваа активност изнесува најмногу 2 месеци од датумот на потпишување на Договорот, но не подоцна од 30.04.2024. Буџет Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата.
Потребна документација за пријавување При пријавувањето, компаниите треба да достават:
Портфолио на компанијата
Краток опис на кoмпанијата
Финансиска понуда изразена во МКД со вклучен ДДВ.
Тековна состојба не постара од 6 месеци
Пополнета изјава (Анекс 1) Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма. Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 3 години.
Најмалку 3 ( три) години професионално работно искуство во спроведување ревизии на граѓански организации, странски фондации, програми и проекти имплементирани од граѓански организации и странски фондации.
На повикот може да се пријават компании кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број на бодови во сооднос на наведените критериуми.
Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик Оценка на понудите За оценка на понудите ќе се формира комисија која ќе ги разгледа и оцени понудите. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: портфолио на компанијата, капацитет за спроведување на ревизијата (број на лиценцирани вработени ревизори), временска рамка на спроведувањето и завршувањето на активноста, како и на финансиска понуда, Договор ќе биде склучен со оној понудувач кој ќе биде оценет како најповолен. Еко-свест има право да го одобри или оспори изборот на ревизорот, во зависност од исполнувањето на условите. Критериуми за избор на најсоодветна понуда По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди. Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
Портфолио на компанијата (50 поени)
Капацитет за спроведување на ревизијата (број на лиценцирани вработени ревизори),( 20 поени)
Финансиска понуда (30 поени)
Пријавување Комплетната понуда, изјавување интерес и изјава, понудувачите треба да ја испратат на еmail: [email protected], најдоцна до 29 Декември 2023 година до 16:00 часот со назнака. Ревизија: (име на понудувачот). Некомплетни понуди и понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид. Повеќе информации или прашања можете да поставите на [email protected] Доверливост Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Анекс 1. Изјава од понудувач
ИЗЈАВА Јас, долупотпишаниот ________________ (име и презиме) во дункција на овластен застапник на ________________(име на компанија) со целосна морална и материјална одговорност изјавувам дека правното лице кое го застапувам нема ограничувања да биде понудувач во овој повик и дека поконкретно → Правното лице не се наоѓа во стечајна постапка, банкрот или судски спор, правното лице нема склучено договор со доверители без можност да ги сервисира обврските кон кредиторите, и истото нема суспендирање на деловните активности на правниот субјект, односно активностите на правното лице не се предмет на постапка во врска со овие прашања илине се во каква било аналогна ситуација што произлегува од слична постапка предвидена во националното законодавство и регулативи; → Правното лице и овластениот застапник не се осудени за прекршок по основ на непрофесионално однесување, со пресуда која има сила на res judicata; → Правното или физичко лице застапник не е обвинето за тежок прекршок и/или недолично професионално однесување, по било кој основ докажано како праведно обвинето; → Правното или физичкото лице застапоник не се утврдени за виновни со правосилна пресуда или со правосилна административна одлука за тешко недолично професионално однесување прекршувајќи ги важечките закони и прописи или етичките стандарди апликативни за професионалната област во рамки на која субјектот делува, или соучествувајќи во било какво несоодветно однесување кое има влијание врз неговиот професионален кредибилитет и кога таквото однесување укажува на погрешна намера или груба небрежност, вклучително и особено кое било од следното: измама или небрежно погрешно прикажување на информации потребни за проверка на отсуството на основи за исклучување или исполнување на критериумите за избор или спроведување на договорот, вршење притисок или влијание при процесот на донесување одлука, или обид да се добијат доверливи информации за предности во постапката на набавка; → Правното лице ги исполнува обврските за плаќање на придонеси за социјално осигурување на вработените или плаќање даноци согласно законските одредби на земјата во која правниот субјект е основан или со одредбите важечки за земјата каде треба да се спроведе договорот; → Правното лице не е предмет на пресуда која има сила на res judicata за измама, корупција, инволвираност во криминални дејствија или која било друга незаконска активност штетна за финансиските интереси на организацијата и донаторите.
На ден __година Име и презиме на застапникот Потпис и печат
По објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест го објавува својот став и коментари по избрани делови од овој извештај. Поконкретно, дава свое мислење за Поглавјето Енергетика и избрани делови од Поглавјето Животна средина.
На почетокот, општ коментар за состојбата која се проценува оваа година е дека многу од клучните закони во овие две поглавја кои се во фаза на изработка повеќе од 5 години сеуште не се усвоени со што директно се запрени процесите за декарбонизација и соодветна заштита на воздухот и природата во земјата. Сериозно недостасуваат институционални и технички капацитети за имплементација на законите кои се усвоени или ќе се усвојат. Спроведувањето на политиките и мерките се одвива многу бавно и некоординирано.
За секторот животна средина потребно е значително да се подобрат административните и инспекциските капацитети и да започне имплементација на структурни реформи во сите сектори. Нецелосна и несоодветна имплементација на директивите за оцена на влијанието на животната средина и стратегиска оцена на животната средина негативно влијае на сите сектори во ова поглавје. Учеството на јавноста во донесувањето одлуки во област на животната средина останува како предизвик на локално и национално ниво.
Енергија
Потребно е подобрување на рамката за управување и институционалните капацитети за имплементација на законите и политиките, особено за регулативата за енергетска ефикасност за која има ограничен човечки и технички капацитет во Секторот енергија во Министерството за економија. Поради ограничени домашни и увозни ресурси за ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола потребно е да се забрза транзицијата кон зелена енергија и инвестиции во обновливи извори на енергија која треба да вклучи и мерки за ублажување на негативните социјални и економски влијанија. Но, зелената транзиција не смее да подразбира долгорочна зависност од фосилни горива кои се сметаат за горива за транзиција како што е тоа фосилниот гас. Градење на нова гасоводна мрежа во нашата држава бара енормни финансиски ресурси кои, доколку се вложат во овој енергенс, ги оневозможуваат инвестициите во вистинската зелена транзиција кон обновливи и одржливи начини на производство на енергија. Директивата за обновливи извори на енергија сеуште не е транспонирана, инвестициите во пренос и складирање на енергија треба да се промовираат и подобрување на мрежата е клучно. Административните процедури за поставување на фотоволтаици на згради се комплицирани и претставуваат пречка за нови инвестиции. Потребно е ревизијата на Стратегијата за енергетика да ги задржи и унапреди зацртаните енергетски цели за напуштање на јагленот како главен енергенс до 2030 година и да ги преслика сите Европски насоки за декарбонизација и трансформација на целиот енергетски сектор. Но, во овој процес, потребно е јасно да се дефинира патоказот по кој државата ќе чекори за да ги постигне тие цели, односно, неопходно е да се утврдат стратешките приоритети и конкретни проекти и инвестиции за плановите да станат реалност.
Клима
Извештајот за напредок во секторот клима повеќе години наназад забележува дека е потребно е да се имплементира Договорот од Париз, да се донесе законот за климатска акција и Националниот план за адаптација како клучни политики и закони кои ја поставуваат рамката за климатска акција на земјата. И покрај тоа што законот за климатска акција е во фаза на изработка повеќе од пет години, моментално е сеуште во фаза на меѓуресорска координација и добивање мислења од другите ресори. Станува збор за закон со зголемени обврски за институциите, но обврските за транспонирање на ЕУ регулативата од оваа област се зголемуваат секоја година, а ние сеуште работиме на првична законска рамка за клима. Овој закон содржи данок за јаглерод како една од клучните алатки во напорите за намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација на сите сектори во земјата како и рамка за следење и известување за емисиите и координација на сите активности за климатска акција. Данокот на јаглерод како механизам за финансирање на мерките и активностите за климатска акција, испраќа и порака до секторите кои емитуваат емисии на јаглерод како енергетиката, цементната индустрија и металургијата дека мора да ги забрзаат напорите кон транзиција на чисти технологии меѓутоа и порака до граѓаните дека и големите загадувачи и физичките лица ги споделуваат истите обврски за постигнување на климатските цели. Без овој закон земјата останува без клучни механизми за следење, известување и намалување на емисиите на стакленички гасови. Недостасува координација и комуникација помеѓу сите релевантни институции и агенции со надлежности во спроведување на мерките за климатска акција кои потекнуваат од Долгорочната стратегија за климатска акција што е видливо во најновите предлог- измени на релевантни закони и стратегии каде воопшто не се пресликани зацртаните климатски цели.
Природа
Потребно е намалување на локализирано и дисперзирано загадување на слатководните ресурси. Процесот на прогласување на заштитени подрачја треба да се забрза, особено за оние за кои веќе постојат одлуки за прогласување (Охридско езеро, Студенчишко блато, Белчишко блато, Кањонот на Матка). Дополнително треба што поскоро да се започне процесот на повторното прогласување на подрачјата и назначување на управители со цел нивно ефективно управување (Демиркаписка клисура, Таорска клисура, Долна Брегалница). Законот за заштита на природа треба да биде усвоен што поскоро. Овој закон треба да воведе механизам за соодветна проценка на инфраструктурни проекти и нивното влијание врз природата во согласност со ЕУ Директивата за живеалишта и Директивата за птици. Неопходно е што поскоро да се воспостави механизам за одржливо финансирање за заштитата на природата кој ќе овозможи финансирање на заштитените подрачја и ангажирање на потребните административни капацитети за управување. Со приклучувањето на земјата во LIFE програмата ќе се овозможи поддршка во активностите за зачувување на биодиверзитетот и климатска акција.
Еко-свест во последната деценија континуирано работи и се залага за заштита на реките од разни штетни влијанија и закани. Проектот „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја“ е во рамки на тематскиот повик за следење и зачување на биодиверзитетот во заштитените подрачја на Prespa Ohrid Nature Trust (PONT). Активности Aктивностите на проектот се фокусирани на реките кои што се под силно влијание и закани од разни инфрастуктурни проекти и објекти на територијата на НП Шар Планина и НП Маврово. Крајната цел е да се заштитат бројните ретки и ендемични видови кои живеат во речните живеалишта, за што искуството на НП Пелистер има значајна улога, особено во поглед на споделување на добри практики и мерки за мониторинг и заштита на ендемичната преспанска пастрмка (Salmo Peristericus). Нашата намера е овие добри практики да бидат рефлектирани во проектната апликација и истите да бидат применети и за други заштитени подрачја во земјата и реките на национално ниво. Цел на проектот Проектот започна на 01.09.2023, и неговото времетраење е до 31.08.2026 година. Неговата цел е да ја поддржи изработката на методологија за мониторинг на еколошкиот минимум на водите, што е обврска од Законот за водите . Исто така, преку документирање и лоцирање на заканите и влијанијата врз реките во двете заштитени подрачја ќе придонесе за следење на состојбите со речните екосистеми и живеалишта. Проектот ќе обезбеди обуки за управителите на заштитените подрачја за развивање на ефективни практики за мониторинг на реките и планирање на мерки за заштита и реставрација на речните екосистеми. Локалното население ќе има активно учество преку развивање на граѓанска наука за собирање на податоци за состојбите со реките. Преку овој пристап ќе бидат поттикнати нови политики и практики за идентификување на мерки за обновување на реките и речните живеалишта.
Најнови коментари