Отворен повик за доставување на понуди за организирање едукативни активности и работилници

Отворен повик за доставување на понуди за организирање едукативни активности и работилници

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на програмата за заштита на води, реализирана преку проектите „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја“, „Заедно за реките“, како и „Да го спасиме синото срце на Европа“ има потреба да ангажира соработници за организирање на работилници со деца и млади во локалните заедници.

Проектот „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и практики за обновување на речните живеалишта во заштитени подрачја“, спроведуван од Еко-свест во соработка со локални граѓански организации, а поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT) има за цел да ги идентификува и документира заканите за реките и речните екосистеми во две заштитени подрачја во Северна Македонија (Маврово и Шар Планина), да развие практики за мониторинг на реките и да спроведе мерки за заштита.

Проектот „Заедно за реките“, кој е поддржан од The Nature Conservacy, има цел  прогласување на заштитено подрачје во Демир Капија и обезбедување на активна заштита на дел од долното течение на реката Вардар и нејзините чисти и недопрени притоки.

Проектот „Да го спасиме синото срце на Европа“ поддржан од Фондацијата Еуронатур има цел да обезбеди заштита на реките и екосистемите од штетното влијание на малите хидроцентрали, преку развивање и имплементирање на законски решенија, ни и поддршка на локалните заедници кои се изложени на негативните влијаниеја од изградбата на малите хидрицентрали.

Проектните активности ќе опфатат едукација на деца и млади за природните вредности на средината во која живеат преку повеќе активности: уметнички работилниц, инсталации, изложби, театарски претстави, изработка на книги/печатени материјали и други медиуми наменети за комуницирање на соодветни пораки со локалната заедница.

Цел и задачи на активностите

Целта на овие активности и работилници е да се едуцираат децата и младите за природните вредности на средината во која што живеат и преку нив да се пренесат пораки до локалната заедница. Исто така, преку овие активности ќе се подигне свеста на децата и младите и ќе се поттикне нивното учество во напорите за зачувување на природните вредности.

Работни задачи на избраниот/избраните кандидати:

1. Фотографска работилница со деца и млади во локалните заедници

Да припреми методологија за одржување на работилница со деца и млади во локалните заедници каде Еко-свест ги спроведува своите активности, при што преку употреба на фотографијата како средство за истражување и уметничка практика, ќе се едуцираат децата и младите за природните вредности на средината во која живеат и ќе се пренесат пораки до локалната заедница.
Да подготви и обезбеди неопходни материјали за спроведување на работилницата.
Да ја организира и одржи работилницата на која со истражување на флората и фауната преку примена на аналогни фотографски техники, уметнички колаж и други графички техники до децата и младите ќе се доближат природните вредности на нивната средина.
Да организира изложба во локалната заедница преку која децата и младите ќе испратат пораки до својата локална заедница.
Да обезбеди фото/видео документација на настаните и активностите и да припреми материјали за комуницирање преку социјалните медиуми на Еко-свест во соработка и одобрување од Еко-свест.
Да дизајнира и испечати едукативен материјал (публикација/книга), базирана на материјалите создадени на работилницата, а кој ќе служи како едукативен материјал за децата од локалните заедници и ќе биде дистрибуирана во училиштата и другите едукативни центри.

2. Театарска работилница со деца и млади во локалните заедници

Да подготви методологија за одржување на работилница со деца и млади во локалните заедници каде Еко-свест ги спроведува своите активности, при што преку употреба на уметнички практики карактеристични за изведбените уметности ќе се едуцираат децата за природните вредности на средината во која живеат и ќе се пренесат пораки до локалната заедница.
Да подготви и обезбеди неопходни материјали за спроведување на работилницата.
Да ја организира и одржи работилницата со деца на која преку истражување на флората и фауната низ методите на креативен активизам преку изведбени уметности ќе се доближат природните вредности на нивната средина.
Да подготви и обезбеди неопходни материјали за продукција и да реализира театарска претстава/перформанс во локалната заедница која ќе вклучува сценографија, костими, музика, инсталации и други изразни форми, преку која децата и младите ќе испратат пораки до својата локална заедница.
Да обезбеди фото и видео документација на настаните и активностите и да припреми материјали за комуницирање преку социјалните медиуми на Еко-свест во соработка и одобрување од Еко-свест.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за  доставување на Понуда е до 25.02.2025 година.

Временска рамка за спроведување на активноста

Периодот за спроведување на оваа активност ќе биде во тековната 2025 и 2026 година.

Локации на спроведување на работилниците

Демир Капија, Маврово и Шар Планина.

Потребна документација за пријавување

Заинтересираните понудувачи треба да достават засебни понуди за секоја работилница по ставки.

1. За индивидуални лица*:

Технички дел:
Предлог методологија за спроведување на работилницата (да се нагласи за која работилница се работи).
Портфолио (биографија)
Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
Потпишана декларација (види Анекс 1).
Финансиски дел:
Детална финансиска понуда за работилница по ставки (да се нагласи за која работилница се работи и да се прикаже детален преглед на трошоците).
Забелешка: Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен бруто износ со вклучен персонален данок. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.
Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.

2. За организации/правни лица**:

Технички дел:
Предлог методологија за спроведување на работилницата (да се нагласи за која работилница се работи).
Портфолио на вработените во организацијата.
Потпишана изјава (види Анекс 2).
Доказ за претходно исто/слично искуство, заедно со референци од истото.
Тековна состојба не постара од 6 месеци.

Финаниски дел:
Детална финансиска понуда по работилница по ставки (да се нагласи за која работилница се работи и да се прикаже детален преглед на трошоците).
Забелешка: Заинтересираните треба да достават понуди во македонски денари, со посебно назначен ДДВ и вкупен износ на понудата. Предложениот буџет треба да биде разложен по клучни ставки од реализацијата. Нема наложен формат за поднесување на буџет и истиот треба да биде предложен од заинтересираните кандидати.
Во предложениот буџет треба да бидат вклучени сите трошоци потребни за целосна реализација, промоција и изведба на активностите, со сите потребни трошоци за сите учесници, без дополнителни трошоци за Еко-свест.

  • Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација: потврда од казнена евиденција за физички лица; потврда дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност – физичко лице.

**Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2023 (за правни лица); потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; декларации за доверливост и непостоење на конфликт на интереси за сите физички лица кои би биле ангажирани од страна на организацијата; биографии (CV) на консултантите/физичките лица кои би биле ангажирани; листа на референци/портфолио за истите.
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Критериум за избор на најсоодветна понуда

По истекот на рокот за доставување понуди Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда. Еко-свест го задржува правото да избере различни добавувачи за различни работилници. Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач/избраните понудувачи, не подоцна од 7 дена работни дена од истекот на периодот за доставување на понуди.
Пристигнатите понуди ќе се бодуваат согласно следните критериуми и бодови:

• Концепт на понудата и искуство на понудувачот (60 бодови)
• Финансика понуда (40 бодови)

Вкупно 100 бодови

Во текот на реализацијата на активностите, Еко-свест го задржува правото да избере една или повеќе од понудени ставки за соодветно спроведување на активностите согласно достапните буџети.

Критериуми за понудувачите

Активна организација која е формирана согласно законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 2 години и најмалку 5 години работно искуство за индивидуални лица.
На повикот може да се пријават правни и физички лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови. Договор ќе биде склучен со оној понудувач кој освоил најголем број бодови во однос на наведените критериуми. Комисијата за евалуација на понудите го задржува правото да го информира само понудувачот чија понуда била избрана како најсоодветна за овој повик.

Пријавување

Комплетната понуда кандидатите треба да ја испратат на email: [email protected]  најдоцна до 25.02.2024 година до 16:00 часот, со назнака Доставување понуда за едукативни активности и работилници.
За сите прашања, контактирајте нѐ на [email protected] најдоцна до 20.02.2025 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот најдоцна до 21.02.2025.
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Пoнудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.