Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скoпје има потреба од туристички и туроператорски услуги од компании. Услугата која е предмет на овој повик ќе биде финансирана преку активните проекти на Еко-свест од различни донатори.
Цел и задачи
Ангажираната компанија ќе биде одговорно за туристичките и туроператоски услуги и ќе има обврска да пружи услуги во следниве области:
Продажба на авиобилети и билети со други средства за патување;
Изнајмување на автобуси/минибуси и организација на рент-а-кар изнајмување;
Резервирање на хотелско сместување;
Изнајмување на станови и апартмани;
Изготвување на здравствено патничко осигурување;
Планирање и обезбедување на индивидуални и групни пакет аранжмани;
Организирање на трансфери до и од домашни и странски аеродроми и други срества на патување за различни групи на патници;
Организирање на деловни патувања за конгреси, семинари, работилници, студиски посети и други манифестации во земјата и странство;
Посредување во вадење визи за Австралија, САД, Канада и сл.
Ангажман за соодветен стручен персонал за различни потреби поврзани со туристички и туроператорски услуги во земјата и странство.
Временска рамка за доставување на понуда
Периодот за доставување понуди е 7 работни дена од објавување на отворениот повик односно до 08.05.2026 година 16:00 часот.
По истекот на овие 7 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда.
Потребна документација за пријавување
Заинтересираните компании треба да достават:
Понуда за туристички и туроператорски услуги со вклучен ДДВ
Потпишана изјава (види Анекс 1)
Кратко портфолио на компанијата
Тековна состојба не постара од 6 месеци
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Критериуми за понудувачите
Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.
На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Пријавување и контакт информации
Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 08.05.2026 до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда. Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 06.05.2026 година.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.
Евалуација на кандидатите
Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Портфолио на компанијата – 50 бодови
Финансиска понда – 50 бодови
Вкупно 100 бодови
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најмногу бодови, не подоцна од 31.05.2026.
Еко-свест ќе гo контактира избраниот понудувачи, не подоцна од 7 работни дена од истекот на периодот за доставување на понуда. Во рок од 3 дена од донесувањето на Одлуката, Еко-свест ги информира сите понудувачи за исходот од постапката. Понудувачите имаат право да поднесат Приговор во врска со постапката во рок од 3 календарски дена.
Напомена!
Еко-свест ќе бара од избраниот понудувач пред склучување на договор за соработка да ја достави следната документација:
Tековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исполнува критериумите за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Нашата мисија за заштита на природата секогаш добива најмногу смисла кога низ креативност ги поврзуваме најмладите со нивното природно богатство. Изминативе денови, во срцето на Вевчани, заедно со учениците од ОУ „Страшо Пинџур“, реализиравме уникатни работилници за цијанотипија на тема природа.
Овој проект е резултат на заедничката енергија на Еко-свест Скопје, Еко-свест Вевчани и Зрно работилниците, со цел да ги поттикнеме децата да ја видат природата со други очи.
Врската со Вевчанските извори
За нас во Еко-свест, сината боја на овие дела има подлабоко значење. Таа е симбол на бистрата и чиста вода на Вевчанските извори – природното богатство кое е срцето на овој регион. Користејќи ја сончевата енергија за да создадат уметност, учениците научија дека природата не е само нешто што треба да го набљудуваме, туку нешто што мораме активно да го чуваме. Секој „син портрет“ на лист или цвет е потсетник за кревкоста на нашиот екосистем и нашата обврска да ги заштитиме водните ресурси и биолошката разновидност на Вевчани.
Што е цијанотипија и зошто ја избравме?
Цијанотипијата е една од најстарите фотографски техники, која наместо модерни апарати, ја користи моќта на сонцето. Процесот е целосно природен и магичен: На хартија премачкана со раствор чувствителен на светлина, учениците поставуваа растенија и елементи од локалната флора.
Под дејство на UV-зраците, сонцето ги „црта“ силуетите на растенијата. Финалниот резултат е прекрасен отпечаток во специфична пруско-сина боја. Уметноста е моќен глас за природата! Благодарни сме на сите учесници за нивната љубопитност и посветеност да изградиме позелена и посвесна иднина.
Изминатиот викенд, училниците ги заменивме со планински патеки, а учебниците со жив екосистем. Заедно со енергичните средношколци од Вевчани и Струга, се упативме на една поинаква авантура – едукативен хајк кој го нарековме ‘Истражувачка експедиција низ Споменикот на природата Вевчански Извори’. Нашата мисија беше јасна: да го откриеме скриеното богатство на Јабланица и да научиме како активно да учествуваме во неговата заштита. Низ неколкучасовно дружење и истражување, планината ни ги откри своите најважни лекции.
1. Вредноста на шумските екосистеми и дивиот свет Шумите на планината Јабланица не се само збир од дрвја, туку сложени „бели дробови“ на нашиот регион.
2. Хидролошкиот бисер: Вевчански Извори и речниот слив. Вевчанските извори се срцето на овој предел. Како еден од најважните споменици на природата, тие беа главна точка на нашето истражување.
3. Мониторинг на крупни месојади. Еден од највозбудливите делови беше запознавањето со работата на истражувачите кои ги следат мечките, волците и рисовите.
4. Управување со заштитеното подрачје: Правила и чуварска служба. За едно подрачје да остане заштитено, мора да постои ред и закон кој се спроведува на терен.
Оваа тура докажа дека кога знаењето се пренесува низ движење и дружење, тоа станува трајна вредност. Младите од Вевчани и Струга сега не се само посетители на Јабланица, туку нејзини нови амбасадори.
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ за своите редовни активности објавува повик за ангажирање на медиунмска организација за спроведување на едукативно-информативни телевизиски емисии од доменот на заштита на животната средина.
Детален опис на бараната услуга е прикажан во Анекс 1.
Временска рамка за доставување на понуда
Се покануваат заинтересираните страни да достават свои понуди за наведените активности на електронската адреса [email protected], со назнака „Понуда за емисија“. Рокот за доставување на понуди ќе биде отворен од 28.04.2026 година, до 12.05.2026 година во 16:00 часот.
Критериуми за пријавување
активна компанија или организација која е формирана согласно македонските закони со главна дејност во областа на медиумското работење и постои најмалку 5 години, што се докажува со тековна состојба од Централниот регистар, не постара од шест месеци;
Искуство во реализација на телевизиски емисии со едукативна и информативна содржина,
Стручност и искуство во теренско новинарство и со емисии во студио
Стручен и искусен персонал (сниматели, монтажери, новинари). Соодветно работно искуство на секој член од предложениот тим кое нема да биде помало од 2 (две) години, што ќе може да се докаже преку деталните работни биографии.
Поседување на соодветни технички и административни капацитети и услови за продукција и пост-продукција на содржини и видео материјали или има соработка со соодветна компанија/организација која ги има овие капацитети и ресурси и истите се достапни и за нарачателот, во случај истите самостојно да не ги поседува.
Можност да ја понуди оваа услуга за најмалку 1 година од денот на потпишување на договорот.
Потребна документација за доставување понуди
Технички дел од понудата:
Краток опис на компанијата;
Професионални биографии (CV-а) на лица од тимот кој ќе работи на кампањата;
Техничка понуда со детали за времетраењето, фрекфенцијата и начинот на организација на едукативно-информативните емисии со информација за гледанота на емисијата.
Потпишана изјава (Анекс 2).
Финансиски дел од понудата:
Тековна состојба од субјектот, не постара од 6 месеци;
Финансиска понуда по ставки изразена во македонски денари со вклучен ДДВ.
Доставување на понуди
Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања до [email protected] најдоцна до 8 мај 2026.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Евалуација на понудите
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
– Искуство на понудувачот- 30 бодови
– Технички капацитет- 20 бодови
– Технички предлог за организација на емисиите – 30 бодови
– Финансиска понуда – 20 поени
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Ќе биде склучен договор со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
Во рок од 3 дена од донесувањето на Одлуката за избор на најдобар понудувач, Еко-свест ги информира сите понудувачи за исходот од постапката. Понудувачите имаат право да поднесат Приговор во врска со постапката во рок од 3 календарски дена.
Напомена: од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024/2025 (за правни лица); потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериумите за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценката на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Анекс 1. Детален опис на услугата
Општи информации за Еко-свест
Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ е здружение на граѓани основано во 2002 година. Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.
Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.
Во таа насока, би сакале да создадеме ТВ емисија која ќе биде насочена кон информирање на публиката за еколошките теми, за чие знаење сметаме дека има голем простор за подобрување. Насловот на емисијата би бил „Еко-свест истражува“.
Емисијата би била тематски осмислувана и предводена од тимот на Еко-свест, а реализирана со помош на телевизиска продукција.
Детален преглед на „Еко-свест истражува“
Емитување на 30 минутна емисија „Еко-свест истражува“
Целосна телевизиска продукција во доменот на снимање, монтирање и преработка на материјалите.
Задржување на правото на Еко-свест да не бидат емитувани комерцијални реклами за време на 30 минутната емисија.
Овозможување на соодветен студиски простор каде би се снимал дел од емисијата.
Комбиниран пристап студио и терен, со дополнителни прилози.
Активизам на дело – ова може да оди во секој прилог на крај како информација за протест, граѓанска активност, волонтерска активност, активности на младите во училиштата, чистење на реки и сл. позитивни примери.(https://www.youtube.com/shorts/ZOLzQF8AJsA)
47 граѓански организации денес ги повикаа владите на земјите од Западен Балкан да се спротивстават на притисоците од Соединетите Американски Држави и да ги откажат плановите за изградба на нови гасоводи и гасни електрани. Во заедничка изјава, организациите предупредуваат дека, наместо само да го заменат рускиот гас, овие планови значително би ја зголемиле потрошувачката на гас во регионот и зависноста од увоз на фосилни горива.
Веќе неколку години, Соединетите Американски Држави промовираат проекти како интерконекторот меѓу Грција и Северна Македонија, терминали за течен природен гас (LNG) во Црна Гора и Албанија, како и јужната гасна интерконекција меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.
На овонеделниот 3SI Самит во Дубровник се планира меѓувладин договор за последниот проект, додека планираниот договор меѓу САД и Црна Гора веќе наиде на силен отпор од граѓанското општество и жителите кои живеат во близина на планираниот LNG терминал во Бар.
Во споредба со Европската Унија, земјите од Западен Балкан имаат ниска или никаква зависност од гас. И покрај намалувањето на потрошувачката, во 2024 година гасот сочинуваше над 20% од достапната енергија во ЕУ. Но, во Западен Балкан, најзависни од гас беа Србија (14%) и Северна Македонија (12%). Во Босна и Херцеговина гасот учествува со помалку од 3%, додека Албанија, Црна Гора и Косово не се поврзани со меѓународна гасна инфраструктура.
Но, наместо ова да се гледа како предност што треба да се искористи, повеќето влади во Западен Балкан активно планираат гасоводи, електрани и LNG терминали кои заедно би можеле тројно да ја зголемат потрошувачката на гас во споредба со 2023 година. Според заедничката изјава, тие или ќе ги заглават земјите во скапа зависност од увоз, или ќе завршат како нефункционални (stranded) инвестиции.
Планирањето на нови гасни електрани во Македонија отвора сериозни прашања за нивната економска оправданост и влијанието врз климатските цели. Нашата најнова анализа за проценка на емисиите од гасната инфраструктува во земјата покажува дека сегашните планови се преамбициозни, а изградбата на две комбинирани гасни постројки во земјава би била финансиски неодржлива, особено во услови на регионална конкуренција и зголемени CO₂ емисии. државата треба внимателно да избере помеѓу продолжување на зависноста од фосилни горива или забрзана транзиција кон обновливи извори и одржлив енергетски систем, кој може сигурно да функционира и без нови гасни електрани. – Ана Чоловиќ Лешоска, Еко-свест
„Среде уште една криза со фосилни горива, неверојатно е што владите сè уште планираат нови гасоводи и гасни електрани. Тие би чинеле милијарди, дури и пред да се вклучат трошоците за самиот гас, и најверојатно би завршиле како нефункционални инвестиции или би биле силно субвенционирани од даночните обврзници. Планирањето и изградбата лесно може да потраат една деценија – предоцна за да го заменат рускиот гас – а регионот нема ни пари ни време за вакви скапи грешки.“ – Pippa Gallop, CEE Bankwatch Network
Организациите ги повикуваат владите во регионот да се фокусираат на соодветно лоцирано производство на електрична енергија од сонце и ветер – поддржано од постојните хидроцентрали и силни електроенергетски мрежи – како и на топлински пумпи, геотермална енергија и искористување на отпадна топлина за греење и ладење. Тие исто така повикуваат на поголеми напори за енергетска ефикасност и електрификација на секторите за греење и транспорт.
Најнови коментари