Граѓанските организации во акција за климата

Граѓанските организации во акција за климата

Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје започнува имплементација на проектот „Граѓански организации во акција за климата’’ финансиран од Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA). Проектот ќе се спроведува во наредните три години и има за цел да создаде силно и енергично граѓанско општество кое ќе игра значајна улога во процесите на декарбонизација и трансформација и обнова на општеството, што ќе резултира со чиста животна средина, зелена економија и здрави граѓани во Северна Македонија.

Специфични цели на проектот се зајакнување и подигнување на капацитетите на граѓанското општество да учествува во донесувањето одлуки поврзани со климатските промени и да превземе локални активности преку подобрување на нивните капацитети, знаења и вештини и обезбедување на потребните ресурси за оваа работа како и зголемување на јавната свест за можностите за економии со низок јаглерод и зелена трансформација и зголемување на јавниот притисок врз институциите да ги обезбедат овие случувања преку промени во политиките и мерките.

За постигнување на овие цели, проектниот тим ќе ги спроведува следните активности:

  1. Обуки за граѓански организации на теми поврзани со работењето и транспарентноста како и климатските промени
  2. Менторство и правна подршка за граѓански организации и иницијативи
  3. Подгрантова програма за граѓански организации
  4. Менторство и подршка за подгрантистите
  5. Мобилизирање на граѓаните преку иновативни алатки
  6. Прибирање на податоци, мониторинг и анализа на клучните сектори поврзани со климатските промени
  7. Спроведување на јавни кампањи за подигнување на свеста и информирање за различни проблематики поврзани со климатските промени
  8. Вклучување на локалните власти во акција за климата
  9. Учество во работни групи и следење на политиките за клима
  10. Зајакнување на улогата на националната коалиција за клима

Во работата на овој проект проектниот тим ќе соработува и комуницира со граѓанските организации кои работат или имаат интерес да работат на климатските промени, надлежните институции, медиумите и други релевантни чинители.

За повеќе информации за овој проект може да ја контактирате [email protected].