Младите за Реките – започнува вистинската авантура!

Младите за Реките – започнува вистинската авантура!

Младите за Реките – започнува вистинската авантура!

💦Минатата недела во Маврово, растевме со текот на реките – преку учење, дружење и акција! 30 млади од Вевчани, Колашин и Ранилуг се собраа за да дознаат како да се вклучат во заштитата на реките во нивните заедници.

🌱На обуките зборувавме за:
Активно граѓанство и како да се вклучиме во промени;
Анализа на засегнати страни и идеи за решавање проблеми;
Планирање локални иницијативи;
Важни теми како инклузија и критичко размислување.

🌿Имавме и гости од Македонското здружение на млади правници, кои ни покажаа како преку закони и соработка со носители на одлуки може да се постигне вистинска општествена промена.

🌳За време на теренската посета на Тресонечка Река во Националниот парк Маврово, учесниците:
Научија за влијанието од хидроцентралите врз природата, особено во заштитени подрачја;
користеа фото-замки и анемометри за мерење параметри на водата,
и идентификуваа над 120 видови животни и растенија!

💦Чистата река и водопадите, од кои можевме дури и да пиеме вода, беа вистинска инспирација!

💪Сега локалните групи започнуваат со развој на свои еко-иницијативи поврзани со реките – и тоа е само почеток!

#wegrowwiththeflow#youthforrivers#ProjectBOOST#BOOSTtheBalkan

Природата е приоритет!

Природата е приоритет!

Еко-свест започна со кампања за информирање на јавноста и институциите за потребите од итно донесување на нов Закон за природата.

Проблемот со заштитата на природата постои одамна. Притисокот кој го прават инфраструктурните проекти врз природните предели и вредности е огромен, а сепак ова прашање никогаш не било приоритет. Привилегирани се инвеститорите кои често не ги следат прописите, а граѓаните се оставени сами да ја штитат средината во која живеат.

Сѐ почесто граѓаните сами се обидуваат да спречат штетен инфраструктурен проект бидејќи системот не успеал да идентификува или спречи штета врз природата. Голем удел во ваквата пракса имаат несоодветните законски решенија кои не нудат суштинска имплементација и функционална заштита на терен.

Законот за природа во нова верзија беше подготвен во 2018 година, но никогаш не се усвои. Во меѓувреме се развија голем број на Директиви од европоското законодавство, а и се сменија работите во пракса. Оттука, нов закон за природа во кој ќе се елиминираат нефункционалните аспекти и кој ќе ја унапреди заштитата на природата е потребниопт чекор напред.

Не за Европа, или некој друг. За нас и нашите идни генерации.

НА МАКЕДОНИЈА Ѝ Е ПОТРЕБЕН НОВ ЗАКОН ЗА ПРИРОДАТА ВЕДНАШ!


🌿 Да го заштитиме нашето највредно- реките и езерата, планините и шумите, растенијата и животните.
🌿Новиот Закон за природа не е почеток, тој е следниот клучен чекор за вистинска заштита на природата!
🌿Нашата природа е светско наследство – нејзината заштита е одговорност кон нас и кон светот!
🌿Секое одложување на новиот закон за природа ја ослабува заштита која на природата и е итно потребна!
🌿Владата има одговорност да преземе чекор и да го донесе новиот Закон за заштита на природата!

Еко-свест достави коментари за три нацрт закони

Еко-свест достави коментари за три нацрт закони

Во изминатиот период Еко-свест достави коментари за три нацрт закони:

  • Закон за обновливи извори на енергија
  • Закон за геологија
  • Закон за рударство

Коментарите може да ги прочитате на следните линкови:

Повик за изразување на интерес за отстранување на бетонска бариера во река

Повик за изразување на интерес за отстранување на бетонска бариера во река

Во рамки на своите активности за ослободување на речните текови, Еко-свест објавува повик за компании за изразување интерес за физичко отстранување на бетонска бариера.

Локацијата на бариерата е во близина на Шупљи Камен.

Повикот е отворен од 12.09.2025 до 19.09.2025 година.

Заинтересираните компании можат да изразат интерес за давање понуда најдоцна до 19.09.2025 година во 17:00 часот.

Компаниите кои изразиле интерес ќе бидат поканети на консултативен состанок и ќе им бидат доставени детални информации и технички проект за отстранувње.

Изразувањето интерес треба да се достави во електронска форма на [email protected] Наслов на пораката Изразување интерес.

Документи за изразување интерес:

  • Писмо за изразување интерес
  • Профил на компанијата
  • Изјава (Анекс 2)

Критериуми за за овој повик:

  • Претходно искуство со отстранување и демонтажа на градеѓни објекти
  • Поседување на неопходна механизација
  • Поседување соодветни дозволи и лиценци за работа.

За било какви прашања, контактирајте го Ѓорѓи Митревски на [email protected]

Опис на бариерата која е предмет на отстранување

Стар тенковски мост вон употреба и се наоѓа во Општина Куманово, во местото Шупљи камен.

Димензии:
Должина: 52 m
Висина: 5,3 m
Надморска висина: 280 m
Географски координати:
географска должина: 21° 47′ 34,4′′
географска ширина: 42° 5′ 4,99′′

Слики од локацијата


Повик за физички лица за правен советник за животната средина

Повик за физички лица за правен советник за животната средина

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на своите проекти, објавува повик за ангажман на правен советник од областа на животната средина.

Цел на активноста
Консултантот ќе биде ангажиран во времетраење од 1 година. Ангажманот ќе се состои од повеќе активности детално опишани во повикот. Со цел успешно спроведување на проектните задачи, консултантот треба да има познавање на:
• Националната и меѓународната правна рамка за заштита на водите, природата, видовите и нивните живеалишта, климатските промени, енергетиката, стандарди за оцена на влијанијата врз животната средина, учество на јавноста во донесување на одлуки, право на сопственост, имотно-правни права и сл.;
• Искуство во работа со граѓански организации, граѓани и граѓански заедници во доменот на заштита на граѓанските права и правото на здрава животна средина.

Критериуми за апликантите
Очекуваме понуди од понудувачи кои е пожелно да ги исполнуваат следните критериуми:
• Високо образование од областа на правните науки;
• Добро разбирање на основните аспекти, проблеми и правни прашања од областа на животната средина;
• Најмалку една до три години работно искуство;
• Добри комуникациски и организациски вештини;
• Искуство во подготовка на претставки, жалби и тужби.

Обем и опис на услугата
Ангажираниот Правен советник ќе ги има следните работни задачи:
• Обезбедување на правни информации, правна поддршка и правни совети на прашања кои произлегуваат од областите на делување на Еко-свест: клима, енергетика, природа, води, активно граѓанство;
• Обезбедување на правна поддршка и совети за граѓански организации и граѓани по прием на барање за правна помош во доменот на заштита на животната средина;
• Остварување на средби и состаноци со засегнати граѓани, иницијативи и граѓански организации и правна помош при подготовка на поднесоци;
• Подготовка на правни иницијативи, жалби, претставки и тужби по потреба;
• Анализа на закони и уреби за потребите на целите на оваа задача; и
• Идентификување на правни проблеми при спроведувањето и планирањето на политики од областа на животната средина.

Услови на повикот и начин на пријавување
На повикот може да аплицираат индивидуални експерти.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите, документите треба да ги достават во електронска верзија на е-пошта до [email protected] со назнака „Апликација за правен советник“.
Документи кои кандидатите треба да се достават при апликација:

  1. Професионална биографија/ Портфолио на компанијата;
  2. Финансиска понуда за ангажманот (експертска дневница)
  3. Предлог временска достапност за ангажманот (претставена во денови за период од 1 година)
  4. Потпишана Потврда за посветеност: Кодекс на однесување на Еко-свест и декларација за судир на интереси за физички лица (Анекс 2) или Изјава за правни лица (Анекс 3).
    За сите прашања, контактирaјте нè на [email protected]. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест во коментари под објавата за повикот и достапни за сите.
    Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
    Понудите кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Рокови и временска рамка
Повикот е отворен од 12 септември 2025 година до 30 септември 2025 година до 16:00 часот.
Консултантски ангажман ќе започне со потпишување на договорот во текот на месец октомври 2025 година.

По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Кандидатите за секоја тематска област ќе бидат оценувани според следните критериуми:

  1. Професионална биографија/ Портфолио на компанијата – 60 бодови;
  2. Финансиска понуда за ангажманот (експертска дневница) – 40 бодови.
    Вкупно 100 бодови

Еко – свест ќе ги контактира избраните понудувачи, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.

*Напомена

Од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на физички лица; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице); потврда за казнена евиденција за физички лица; биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Договор ќе биде склучен со кандидатите кои освоиле најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.