За потребите на грантовиот проект „Програма за истражување на потенцијални енергетски решенија со ниско влијанија на животната средина во С. Македонија’’ кој е спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, а финансиран од “The Nature Conservancy”, го објавуваме овој отворен повик за ангажирање на компанија/ здружение или фондација за изработка на национална анкета за јавно мислење и спроведување на фокус групи за планирање со ниско влијание врз животната средина (low impact planning initiative).
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА Цел на активноста е спроведување на анкета за јавно мислење на репрезентативен примерок и спроведување на фокус групи со цел добивање релевантни податоци за познавањата на различни групи на засегнати страни на темата планирање со ниско влијание врз животната средина, а особено за прибирање на информации за најдобри потенцијални локации за искористување на обновливи извори на енергија притоа земајќи ги во предвид влијанието врз животната средина, потенцијалните технички и проблеми од социјална природа.
ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на е-маил: [email protected] најдоцна до 20 јуни 2021 година 23:59 часот, со назнака Апликација за анкета за јавно мислење и спроведување на фокус групи. Во самата апликација наведете го бројот на фокус групи кои можете да го спроведете за сумата која ја предлагате во финансиската понуда. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид. Повеќе информации можете да добиете на тел. 075 580 480 или е-маил [email protected]. Целиот повик на следниот линк.
И покрај различните нивоа на развиеност на земјите членки, Европската Унија (ЕУ) несомнено е глобален лидер во борбата против климатските промени и спречувањето на деградацијата на животната средина. Европскиот зелен план е развојна стратегија на ЕУ којашто има за цел да ја трансформира економијата на земјите членки во согласност со принципите на одржлив развој, како и да го обнови биодиверзитетот во земјите членки и да ги намали емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Европскиот зелен план предлага активности во високите јавно-политички области, во рамките на реформите коишто ќе бидат извршени низ континуирана изградба на нови, прогресивни јавни политики. Тие области се: чиста енергија, одржлива индустрија, политика за домување, одржлива мобилност, биодиверзитет, елиминирање на загадувањето, климатска акција, одржливо земјоделство и стратегија „Од нива до маса“ којашто се однесува на одржливото производство на храна.
Чиста енергија
Декарбонизацијата на енергетските системи на ЕУ е клучна за постигнување на климатските цели. Притоа, се наведуваат следните начела:
Давање на предност на енергетската ефикасност и развојот на енергетскиот сектор главно втемелен на обновливи извори;
Сигурно и пристапно снабдување со енергија во ЕУ;
Целосно интегрирано, меѓусебно поврзан и дигитализиран европски пазар.
Европската комисија ќе предложи зголемување на климатските амбиции на ЕУ до 2030-тата година. Државите членки до 2023-тата година ќе ги ажурираат своите национални енергетски и климатски планови како би ги исполниле новите климатски амбиции, а сé тоа преку:
Меѓусебно поврзување на климатските системи и делотворно приклучување на обновливи извори на енергија на мрежи;
Употреба на иновативни технологии и модерна инфраструктура;
Зголемување на енергетската ефикасност и еколошкиот дизајн на производите;
Декарбонизација на секторот за плин и промовирање на паметна интеграција помеѓу сите сектори;
Зајакнување на потрошувачите и придружната помош на државите членки во сузбивање на енергетското осиромашување;
Зголемување на прекуграничната и регионалната соработка со цел да се подобри споделувањето на чисти извори на енергија;
Унапредување на енергетските норми и технологии на ЕУ на глобално ниво;
Развивање на полн потенцијал на европската крајбрежна енергија на ветерот.
Одржлива индустрија
За остварување на целите на ЕУ во областа на климата и зачувување на животната средина неопходна е нова индустриска политика втемелена на циркуларната економија. Всушност, од 1970-тата до 2017-тата година, годишната глобална употреба на ресурси е тројно зголемена и понатаму продолжува да расте. Повеќе од 90% од губитокот на биодиверзитетот и недостигот на вода се предизвикани со експлоатација на ресурсите. Индустријата придонесува со 20% емисиите на штетни гасови во ЕУ. Само 12% од материјалите коишто ги употребува индустријата во ЕУ доаѓаат од нивното рециклирање.
Комисијата ќе претстави политика на „одржливи производи“, којашто особено ќе се фокусира на намалување на употребата и повторната употреба на материјали пред да се преземе нивно рециклирање. Ќе се утврдат минимални побарувања со кои би се спречило да се пласираат производи на пазарот на ЕУ коишто се штетни за животната средина.
Изградба и обновување
Изградба, употреба и обновување на зградите побарува значителни вложувања во енергија и суровини, како што се песокот, чакалот и цементот. Енергетскиот удел за зградите во вкупно потрошената енергија изнесува 40%. Моменталните стапки на обнова на јавните и приватни згради би требало барем двојно да се зголемат. Целта е да се подобрат енергетските својства во градежништвото до коишто водат следните мерки:
Пониските цени за чистите извори на енергија би требало да промовираат енергетски поефикасни згради;
Проектираните згради би требало да бидат во согласност со циркуларната економија;
Зголемена дигитализација;
Зголемена отпорност на зградите од климатските промени;
Строга примена на правилата во врска со енергетските својства во градежништвото.
Одржлива мобилност
Европа мора посилно и побрзо да ги намалува емисиите предизвикани од сообраќајот. Оваа економска гранка произведува една четвртина од емисиите на стаклена градина во ЕУ, а нивното учество и понатаму е во пораст. Зелениот план настојува да постигне намалување на овие емисии за 90% до 2050-тата година. Влијанието на различните гранки на сообраќајот со ефект на стаклена градина е следното:[1]
Биолошка разновидност (Биодиверзитет)
Враќањето на здравјето на природата е неопходно за нашата телесна и духовна благосостојба затоа што е сојузник во борбата против климатските промени и појавата на болести. Здравата природа е во срцевината на нашата стратегија за раст, Европскиот зелен план и дел од европското закрепнување со коишто ќе ѝ враќаме на планетата повеќе отколку што земаме од неа. – Урсула фон дер Лаен, претседател на Европската комисија
Обновување на шумите, земјиштата и мочуриштата и создавање на зелени површини во градовите се предуслов за ублажување на последиците од климатските промени до 2030-тата.
Стратегијата за зачувување на биодиверзитетот потекнува од следните главни мерки:
Воспоставување на заштитни подрачја за најмалку од 30% од европското копно и 30% од европската морска површина;
Обновување на нарушениот копнен и морски екосистем низ цела Европа (со садење на 3 милиони стебла до 2030-тата година, истовремено со намалување на употребата на пестициди до 50%, со враќање на слободниот проток за најмалку 25.000 км реки во ЕУ, со спречување на намалувањето на бројот на инсекти-опрашувачи и пренасочување кон пораст на нивниот број, и сл.);
20 милијарди евра годишно ќе бидат наменети за зачувување на биодиверзитетот;
ЕУ да преземе улога на светски лидер во совладување на кризата поврзана со биодиверзитетот.
Елиминирање на загадувањето
Комисијата го донесе акциониот план за постигнување на нула ниво на загаденост на воздухот, водите и земјиштата. Во тој правец се предложени следните мерки:
Зачувување на биолошката разновидност на езерата, реките и мочуриштата;
Намалување на загаденоста благодарение на стратегијата „Од нива до маса“;
Намалување на специјалното загадување предизвикано од микро-пластиката и фармацевтските производи;
Преиспитување на стандардите на квалитетот на воздухот во согласност со препораките на Светската здравствена организација;
Заштита на граѓаните од опасните хемикалии со новата стратегија за одржливост за не-токсична животна средина;
Поврзување на подобра здравствена заштита со сé поголемата глобална конкурентност;
Намалување на загаденоста од големи индустриски постројки;
Пружање поддршка на локалните тела и осигурување на чист воздух за граѓаните на ЕУ и др.
Клима
Преземање активности во областа на климата е во срцевината на Европскиот зелен план, во вид на пакет различни мерки: од амбициозно намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина до вложувања во најсовремени истражувања и иновации за зачувување на животната средина во ЕУ. Основните иницијативи за делување на ова поле вклучуваат:
Европска климатска регулатива, со цел климатската неутралност да се вгради во правото на ЕУ до 2050-тата година;
Европски климатски пакт, со цел граѓаните и сите сегменти на унијата да се вклучат во активностите во областа на климата;
План за климатски цели, со цел ефектот на стаклена градина дополнително да се намали за најмалку 55% до 2030-тата година;
Иницијатива за активна соработка на ЕУ со останатите земји и региони за да се постигнат целите на Парискиот договор.[2]
ЕУ е главен донатор на меѓународно ниво за помош на земјите во развој во борбата против климатските промени.
Одржливо земјоделство
Земјоделството е многу важна за унијата, грижата за животната средина и економијата на ЕУ. Со тоа во заедничката земјоделска политика[3] се комбинираат социјални, економски и еколошки пристапи на развој на одржливи системи на земјоделство во ЕУ. Особено се поддржуваат истражувањето и иновациите во земјоделството, шумарството и руралните области. Сите држави членки на ЕУ располагаат со системот за советување на земјоделци[4] кои придонесуваат за подобро разбирање и почитување на правилата коишто се однесуваат на животната средина, јавното здравје, како и здравјето и благосостојбата на животните.
Од нива до маса
Во 2020-тата година Комисијата ја претстави стратегијата „Од нива до маса“ со што би се обезбедило Европјаните да добијат пристапна и одржлива храна, со цел да се делува против климатските промени, да се обезбеди заштита на животната средина, да се зачува биодиверзитетот и да се зголеми еколошкото земјоделство. Европската комисија ќе соработува со земјите членки со што би се:
Обезбедила чесна и праведна транзиција за сите оние коишто работат во областа на земјоделството и поморскиот сектор;
Значајно намалила зависноста, ризикот и употребата на хемиски пестициди, ѓубривата и антибиотиците;
Развиле иновативни техники во земјоделството и рибарството коишто би го штителе приносот од штетници и болести.
Оваа стратегија треба да помогне во борбата против измамата кога е во прашање храната, а увезените прехранбени производи од земјите од трет свет мораат да бидат во согласност со еколошките стандарди на ЕУ.
Зелената агенда за Западен Балкан е нова стратегија за раст на овој регион којшто преоѓа од традиционалниот модел на одржлива економија во согласност со Европскиот зелен план. Со потпишувањето на Декларацијата за Зелена агенда, земјите од Западен Балкан се обврзаа на Самитот во Софија на 10. Ноември 2020 дека ќе спроведуваат мерки во областа на спречување на климатските промени и загадувањето, развојот на енергија, сообраќајот и циркуларната економија, како и развојот на биодиверзитетот, одржливото земјоделство и производството на храна. Поконкретно, се работи за низа препораки:
ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА, ЗАШТИТА НА КЛИМАТА – Западниот Балкан е регион којшто е многу погоден од климатските промени што побарува намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина и зголемување на отпорноста на влијанието на климатските промени. Партнерите од овие региони ќе бидат поддржани во согласност со новото европско законодавство во правец на намалување на емисиите на CO2по пат на квоти и механизми за одредување на цената на јагленот. Поради исклучително високата зависност од јагленот, транзицијата кон чисти и обновливи извори на енергија е неопходна. ЕУ особено ќе поттикнува модели на транспорт коишто во помала мера ја загадуваат животната средина, како што е случајот со железничкиот транспорт.
ТРАНЗИЦИЈА КОН ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА – Транзицијата кон циркуларна економија е клуч којшто ЕУ и Западниот Балкан гарантираат зелена транзиција. ЕУ ќе го поддржи Западниот Балкан во развој на стратегија за подобрување на одржливото производство на суровини, спречување, намалување, рециклирање и управување со отпадот, земајќи го во предвид целокупниот животен циклус на производите. Исто така, финансиски ќе биде поддржан развојот на регионалниот договор во спречување на загадувањето со пластика, особено морскиот отпад.
НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ, ВОДИТЕ И ЗЕМЈИШТАТА – Загаденоста на воздухот на подрачјето на Западен Балкан е на највисоко ниво во Европа и има директно влијание на здравјето на населението. ЕУ ќе пружи помош за регионот во ускладување со стандардите на ЕУ кога се во прашање квалитетот на воздухот и водите, како и управување со отпадните води. Ова вклучува современ мониторинг и понатамошни вложувања на ова поле.
ОДРЖЛИВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРЕХРАМБЕНО ПРОИВОДСТВО – Земјоделството и сродните активности изнесуваат околу 10% од БДП на Западниот Балкан. ЕУ ќе ја зголеми поддршката за одржливиот развој на руралните области, помагајќи ги земјоделско-прехрамбените гранки со цел да се овозможи поголем квалитет и безбедноста на храната, намален отпад, унапредена усогласеност со стандардите на ЕУ во областите на безбедноста на храната и благосостојбата на животните и промовирање на еколошко прифатливо и органско производство.
ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ И ЕКОСИСТЕМИТЕ – Подрачјето на Западен Балкан изобилува со богатство од живеалишта и врсти коишто треба да се заштитат и зачуваат за следните генерации. ЕУ ќе пружи поддршка за регионот во развој и имплементација на Акциониот план за биодиверзитет на Западниот Балкан, како и на Планот за реставрација на шумскиот потенцијал.
На споменатиот Самит во Софија којшто ги собра највисоките државни претставници, покрај Декларацијата за Зелена агенда потпишана е и Декларација на лидерите на Западен Балкан во врска со заедничкиот регионален пазар, којашто треба да придонесе за економскиот раст, но и еколошкиот развој на регионот.
Европската комисија во 2020-тата година го востанови Европскиот климатски пакт[1] – иницијатива на ниво на Европската унија којашто ги повикува граѓаните, здруженијата и организациите да се ангажираат во борбата против климатските промени и градењето на позелена Европа. Климатскиот пакт е дел од Европскиот зелен план и е замислен како платформа којашто ќе им овозможи на сите да споделуваат информации, да дебатираат, активно да учествуваат во решавање на климатската криза и да се приклучат кон движењето за заштита на климата којашто се повеќе добива на значење во Европа.
Европската комисија уште во 2019-тата го започна Европскиот зелен план за транзиција на ЕУ во праведно, здраво, одржливо и просперитетно друштво, како и подобар однос кон природата така што ќе можеме во наследство да оставиме поздрава планета. Комисијата воведува политика и прописи потребни за систематски промени, но решенијата опишани во зелениот план можат да дадат конкретни резултати само ако сите се вклучат и го дадат својот активен придонес.
Целта е Европскиот климатски пакт да ги обедини сите оние кои сакаат да преземат нешто за доброто на планетата. Намерата е да им се помогне на сите во европската заедница да дадат придонес во секојдневниот живот, да им дадат прилика активно да се вклучат во зелената транзиција и да се инспирираат еден со друг затоа што секој од нас може да преземе нешто во борбата против климатските промени и сите можеме да дадеме определен придонес. Европскиот климатски пакт им овозможува на луѓето од сите професии да се поврзат и колективно да развиваат и спроведуваат решенија за климатските промени, од најмалите до најголемите. Ако разменуваме идеи и се инспирираме еден со друг, колективното влијание ќе биде неколкукратно поголемо. Пактот е отворена, инклузивна и растечка иницијатива за заштита на климата. Регионите, локалните заедници, индустријата, школите и цивилното друштво се поканети да разменуваат информации во врска со климатските промени и уништувањето на животната средина, како и во врска со тоа како се снаоѓаат со овие проблеми коишто ни ја загрозуваат егзистенцијата. Со работата на интернат платформите, како и со дијалогот и размената на мислења со граѓаните се поттикнува поврзување на дигиталната и зелена транзиција. Во духот на Европскиот зелен план, Комисијата како институција исто така е посветена на тоа да дава примери и да стане климатски неутрална до 2025-тата година.
Комисијата отвори повик за поединци и организации да станат амбасадори на климатскиот пакт кој со личен пример ќе ја мотивираат својата заедница да се ангажира за заштита на климата. Во почетната фаза приоритет се мерките поврзани за четири област кои донесуваат непосредна корист не само за климата и животната средина, туку и за здравјето и благосостојбата на граѓаните: зелени површини, зелена мобилност, енергетски ефикасни згради и зелени вештини. Степенот на активностите на пактот ќе се зголемува согласно со растот на бројот на учесници, а предвидени се и годишни средби на коишто учесниците ќе можат да го споделат своето знаење и искуство.
Климатската криза не е проблем со којшто допрва треба да се соочиме. Со своето делување веќе ја променивме климата на Земјата и ги деградиравме поголемиот број екосистеми. Ефектите од климатските промени воопшто не се наивни: суши, шумски пожари, олуји, поплави и останати екстремни временски услови глобално се во пораст. Промените ќе бидат уште порадикални, а последиците подраматични доколку веднаш не се намали еколошкиот притисок.[2]
За повеќе информации во врска со Европскиот климатски пакт посетете го линкот
[2] “Overview of natural and man-made disaster risks the EU may face”, во врска со тоа како државите членки и ЕУ проценуваат и решаваат ризици, вклучувајќи ги климатските промени. Механизмот на Унијата за цивилна заштита помага во координација на помошта за државите членки во вонредни ситуации: https://ec.europa.eu/echo/what/civil-protection/european-disaster-risk-management_en
Европската комисија во март 2020-тата година го донесе новиот Акционен план за циркуларна економија којшто претставува темел на Европскиот зелен план. Новиот Акционен план има за цел европската економија да ја прилагоди кон зелената иднина, притоа унапредувајќи ја нејзината конкурентност, а истовремено и да ја зачува животната средина и да обезбеди нови права на потрошувачите. Всушност, Комисијата ќе предложи ревизија на законот за потрошувачи на ЕУ со што би се обезбедило потрошувачите да добијат веродостојни и релевантни информации за производите на продажните места, вклучувајќи го и нивниот животен век, како и достапност на услугите за поправка, резервни делови и прирачници за поправка.
Акциониот план се однесува на областите во коишто може најефикасно да се достигне вистинска додадена вредност, односно оние каде што потенцијалот за циркуларност е висока, како што е случајот со градежниот сектор поради големата потрошувачка на енергија, употребата на природните ресурси, количината на отпадот којшто притоа се создава и емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Покрај тоа, фокус на интерес е и ИТ секторот, електрониката, пакувањата, пластиката, текстилот и мебелот, но исто така и суровините, челикот, цементот и хемикалиите.
Акциониот план особено влијание посветува на отпадот чија што количина и покрај сите напори на ниво на ЕУ, како и на национален план, не се намалува. Годишното создавање на отпад од севкупните активности на ЕУ изнесува 2,5 милијарди тони, односно 5 тони по глава на жител, а секој граѓанин во просек произведува речиси пола тон комунален отпад. За да се оддели генерираниот отпад од економскиот раст ќе бидат потребни значителни напори во целокупниот ланец на вредности и во секој дом. Законите на ЕУ од 1970-тите години поврзани со отпадот доведоа до значајни подобрувања во управување со отпадот. Меѓутоа, потребно е постојано да се модернизираат со цел да се вклопат во циркуларната економија и новото дигитално време. Акциониот план предлага ревизија на ЕУ законодавството во врска со батериите, амбалажата, отпадните возила, како и опасните супстанци во електронската опрема, со цел да се спречи создавањето на отпад, да се зголеми количината на рециклиран материјал, да се промовира сигурен и чист проток на отпадот, обезбедувајќи висококвалитетно рециклирање. Сето ова од наведеното е со цел до 2030-тата година да се намали вкупното создавање на отпад и да се преполови количината на преостанатиот (не-рециклиран) комунален отпад.
Како што овој Акционен план наложува, за да се поддржи глобалната транзиција кон циркуларна економија, Комисијата ќе:
• се надоврзе на европската стратегија за пластика, ќе прави напори на меѓународно ниво за постигнување на глобален договор за пластика и ќе промовира прифаќање пристапи на циркуларна економија во ЕУ во врска со пластиката;
• ја истражува изводливоста на дефинирање „сигурен оперативен простор“ за употреба на природни ресурси и ќе го разгледува движењето на меѓународниот договор за управување со природните ресурси;
• продолжи да ја промовира циркуларната економија во процесот на пристапување кон западен Балкан, во контекст на билатералниот, регионалниот и мултилатерален дијалог во политиката, форумите и договорите за животна средина, како и вклучување на Меѓународната платформа за одржливи финансии што се однесува на пред-пристапната помош и соседските, развојни и меѓународни програми за соработка;
• ги зголеми теренските активности, вклучувајќи ја европската дипломатија за зелен план и мисијата за циркуларна економија, и ќе соработува со државите членки на ЕУ за унапредување на координацијата и заедничките напори за глобална циркуларна економија и др.
Како што наведува Акциониот план и понатаму, преоѓањето на циркуларната економија ќе биде системскo, длабоко и трансформирачко во ЕУ и пошироко. Планот понекогаш ќе биде и деструктивен, па затоа пред сé мора да биде чесен, односно еднакво обврзувачки за сите. Ќе биде потребно усогласување и соработка на сите засегнати страни на сите нивоа – ЕУ, национално, регионално, локално и меѓународно. Со тоа Комисијата ги повикува институциите и телата на ЕУ да го прифатат овој Акционен план и активно да допринесат за неговата примена, и ги охрабрува државите членки да ги усвојат или ажурираат своите национални стратегии, планови и мерки за циркуларна економија.
Најнови коментари