Реобјава* на Повик за ангажирање на Консултант за изработка на 5 годишна Стратегија и план за работа на Коалицијата за клима
Вовед
Преку финансиска поддршка од Европската Комисија, Делегацијата на Европската Унија во Република С. Македонија – Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016 – 2017 – Поддршка за граѓански организации под Акцијата за граѓанско општество 2016 – 2017, Еко-свест во партнерство со ЦНВП Македонија и ДЕМ го спроведуваат проектот “Да зборуваме за климатските промени” во чии рамки е потребно ангажирање на консултанти.
Краток опис
Во моментов тематската целина за климатски промени не е соодветно правно регулирана, дискутирана и воопшто интегрирана во процесите на планирање на национално и локално ниво. Поради ниското ниво на општото познавање на јавноста за климатските промени како и недоволно организирани активности на темата кои најчесто се на индивидуално ниво, се појави потреба за организиран и систематизиран пристап на темата, преку обединување на граѓанските организации и индивидуалните експерти во широка „Коалиција за клима”, која би се фокусирала на сеопфатно разгледување на темата „Климатски промени”.
За таа цел од страна на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ на 3 и 4 јуни 2019 година во Хотел Метропол Охрид беше организирана Конститутивна средба на Мрежата за климатски промени (понатаму Коалиција за клима) на која присуствуваа 80 учесници претставници од повеќе од 50 граѓански организации. На средбата беа изготвени заклучоци за основните принципи и вредности на коалицијата, организација и структура и начин на комуникација на коалицијата.
Во 2020 година проектот ангажираше Експерт за проценка на капацитетите и правна помош кој заклучоците ги преточи во Правни акти на коалицијата со чие потпишување и официјално се формираше коалицијата за клима. Мисијата на Коалицијата е локална синхронизирана акција и силно општествено влијание и трансформација преку градење климатска култура која ќе се остварува преку грижа и почит кон локалните природни вредности, солидарност кон други иницијативи (локални и глобални), климатска акција и одговорност кон планетата. Визија на Коалицијата е обезбедување на квалитетен животен стандард на луѓето во благосостојба со животната средина, систем базиран на стандарди и безбеден за климата (Нискојаглеродна трансформација) и подигнување на климатската култура што ќе ја издигне Македонија како пример за регионот.
Со цел поставување на здрави темели на функционирањето на Коалицијата за клима се јавува потребата за соодветно стратешко планирање на активностите и делувањето на коалицијата на среден и долг рок. Во тој правец, пред одржување на првичната средба на членките на Коалицијата за клима потребно е да се изработат стратешки документи на Коалицијата за клима. Со овој повик се очекува ангажирање на лице кое ќе ги изработи и презентира, првата 5 годишна Стратегија и план за работа на Коалицијата за клима.
Дел од целите кои се очекува да бидат испланирани од стратегијата и планот за работа се следниве:
- Подигнување на свеста и разбирањето на општата јавност со цел граѓаните да почнат да делуваат во решавање на проблемите;
- Иницирање на дискусии на локално и централно ниво за главните приоритети во секторот Клима, за активностите во таа области да бидат добро смислени и соодветно таргетирани;
- Застапување за интегрирање на климатските промени како меѓу-секторска тема во сите секторски планови и програми, со цел климатските аспекти да бидат разгледувани како синхронизирана и хармонизирана тема.
Цел
Целта на повикот е да се изработи 5-годишна Стратегија за работа и план за работа на Коалицијата за клима. Истите да бидат презентирани на тркалезна маса и усогласени со работата/ забелешките од кор-групата на Коалицијата за клима.
Специфичните цели на повикот се:
- Поддршка на проектот „Да зборуваме за климатските промени” и Коалицијата за клима при стратешко планирање на целите, активностите и резултатите кои Коалицијата за клима сака да ги постигне на среден и долг рок.
- Поддршка на проектот „Да зборуваме за климатските промени” и Коалицијата за клима при избор на приоритети и области на делување на Коалицијата за клима на краток, среден и долг рок.
Задачи
Задачите на консултантот ќе бидат:
- Организирање и спроведување на консултативни состаноци со одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени” како и членовите на кор-групата на Коалицијата за клима.
- Изработка на кратка анализа на визијата, мисијата, целите и активностите кои се предвидени во правните документи на Коалицијата за клима, со цел избор на приоритети и активности кои ќе бидат вклучени во 5 годишната стратегија и планот за работа на Коалицијата за клима.
- Изработка на нацрт 5 годишна Стратегија и нацрт План за работа на Коалицијата за клима и нивно доставување до одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени”.
- По првично одобрување на нацрт документите од одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени”, да изработи агенда, да организира и фасилитира тркалезна маса на која ќе ги презентира нацрт документите до кор-групата и регионалните координатори на Коалицијата за клима.
- Финализирање на 5 годишната стратегија и планот за работа на Коалицијата за клима согласно коментарите од одговорните лица од проектот „Да зборуваме за климатските промени”, кор-групата и регионалните координатори на Коалицијата за клима.
- Подготовка на краток извештај за спроведените активности.
Резултати:
Консултантот треба да ги испорача следните резултати:
- 5 годишна Стратегија и План за работа на Коалицијата за клима;
- Краток извештај за спроведените активности.
Временска рамка и вредност на договорот
Активностите треба да се спроведат почнувајќи од 10 септември 2020 и да се завршат најдоцна до 5 октомври 2020 година. Вредноста на чинење на услугата не смее да надмине бруто износ од 71.888.00 денари.
Минимално образование и вештини на апликантите
- Завршено високо образование VII/1 или еквивалент. Магистерски студии се сметаат за предност;
- Работно искуство во или со граѓански организации;
- Искуство во стратешко планирање за формални и неформални организации. Предност ќе имаат кандидати со искуство во стратешко планирање на граѓански организации или организации и групи за делување формирани од невладини или граѓански организации.
- Искуство во изработка на стратешки анализи со фокус на визијата, вредностите, организациските цели, активностите и областите на делување на организации, а со цел нивно приоритетизирање и избор на насока на делување на организацијата.
Евалуација на кандидатите
Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Биографија и претходно искуство 80 бодови
Понудена цена за ангажманот 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидатот кој ќе освои најголем број бодови.
Каде да се пријавите?
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија и понуда со образложение на бројот на денови за спроведување на активностите и вредност на ангажманот, најдоцна до 4 септември 2020 година. Пријавувањето треба да се направи на е-маил [email protected], а во насловот на пораката треба да се назначи „Пријава за лице за стратешко планирање“. Избраниот кандидат ќе биде известен најдоцна до 10 септември 2020 година по електронски пат. Проектот го задржува правото да не ги извести кандидатите кои нема да бидат избрани.
Најнови коментари