Поведен управен спор – Дошница

Поведен управен спор – Дошница

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест Скопје, во јануари (2026 г.) поднесе тужба за управен спор до Управниот суд на Република Северна Македонија против Министерството за животна средина и просторно планирање. Предметот се однесува на отфрлање на Решение од страна на МЖСПП, откако Еко-свест поднесе управен приговор кој се однесува на пропуштање на преземање реални акти во постапките за издавање Дозвола за користење на вода за производство на електрична енергија за малите хидроелектрични централи (МХЕ) Баров Дол и Папрад, чија изградба е планирана на реката Дошница во Општина Кавадарци.

,,Со оглед дека управниот приговор беше отфрлен, и покрај наводите укажани од страна на Еко-свест за непочитување на позитивните законски прописи од законот за животна средина и законот за водите, МЖСПП во диспозитивот не се задржа на овие наводи.

Поведената постапка исто така има за цел утврдување на правото на Еко-свест да биде странка во постапката согласно одредбите од Законот за животната средина и Архуската Конвенција, со оглед дека реката Дошница претставува природно богатство т.е. јавно добро кое можат да го користат сите граѓани. Оттука, учеството на јавноста во одлучувањето и пристапот до правда за прашања поврзани со животната средина е неопходно за унапредување на состојбите во животната средина и остварувањето на уставно загарантираните права на граѓаните“, изјави Марко Гучески, правник за животна средина во Еко-свест.

Во својата мисија, Еко-Свест има за цел активно да придонесува кон почитување, заштита и унапредување на позитивните законски прописи од областа на животната средина во Република Северна Македонија.

Отворен повик за вработување на Еколог

Отворен повик за вработување на Еколог

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ е во потрага по посветен, стручен и мотивиран еколог кој ќе му се приклучи на нашиот тим во областа заштита на води и природа.

Ако реките ги гледаш како „крвотокот“ на планетата, веруваш во моќта на природата да се самообнови и сакаш твојата работа да резултира со живи, слободни и чисти реки – ти си вистинската личност за нас.

За Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест:

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:

– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;

– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;

– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;

– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;

– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;

– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;

– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;

– Спроведување на посебни активности во областите на:

  • заштита на климата
  • заштита на природата
  • заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
  • одржлив развој на локалните заедници
  • одржлив транспорт
  • одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
  • одржливо управување со отпадот
  • иновации во заштитата на животната средина
  • паметно просторно планирање
  • поддршка на заедниците и активно граѓанство.

Повеќе информации за областите на делување на Еко-свест: https://ekosvest.com.mk/

Опис на позицијата Еколог

Како дел од тимот за води и природа, ќе работиш на заштита на нашите највредни водни ресурси и екосистеми. Твојот фокус ќе биде на следење на состојбата на речните екосистеми, идентификување на заканите (како мали хидроцентрали и загадување) и развивање на конкретни планови за реставрација на деградираните подрачја.

Клучни одговорности:

 * Проценка и мониторинг: Спроведување на теренски и кабинетски истражувања за проценка на еколошкиот статус на реките и крајбрежните појаси.

 * Планирање на реставрација: Развој и имплементација на стратегии и планови за ревитализација на речните корита и обновување на биолошката разновидност.

 * Застапување и политики: Учество во изработка на коментари на Студии за оцена на влијание врз животната средина (ОВЖС) и лобирање за подобри законски решенија за управување со водите и заштита на природата. Подготовка на кратки анализи и препораки со цел промена на праксата во управувањето со водните и природните ресурси.

 * Соработка со заедницата: Работа со локални заедници и засегнати страни за заштита на реките и природата од штетни инфраструктурни проекти.

 * Проектен менаџмент: Водење на активности во рамки на тековните проекти на Еко-свест поврзани со заштита на  водите и природата.

Потребни квалификации:

 * Образование: Завршено високо образование (ПМФ – Биологија/Екологија, Шумарски факултет или сродни природни науки) или во фаза на завршување. Специјализација во слатководна екологија ќе се смета за предност.

 * Искуство: Минимум 2-3 години работно искуство во областа на екологијата или заштитата на природата. Искуство со теренски истражувања. 

 Вештини:

   * Познавање на Европското законодавство и домашната легислатива во област на води и природа.

   * Способност за работа со GIS алатки (пожелно).

   * Одлични аналитички вештини и способност за пишување стручни извештаи.

   * Подготвеност за честа теренска работа низ целата држава.

   * Тимска работа

 * Јазици: Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишан и говорен).

Што нудиме?

 * Динамична работна средина во една од водечките организации за животна средина во регионот.

 * Простор за личен и професионален развој преку обуки и меѓународна соработка.

 * Можност за реално влијание врз заштитата на природното богатство на Македонија.

 * Флексибилно и пријателско работно опкружување.

Работни услови:                                                                                             

Неделното работно време е 40 часа (од 8 до 16 или 9 до 17 часот). Локација на вршење на работните обврски е во Скопје. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечна нето плата, согласно политиката за личен доход на Еко-свест е помеѓу 30 000 и 50 000 денари нето и се утврдува согласно искуството и вештините на кандидатот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување.

Начин на пријавување:                                                    

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

  • Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
  • Професионална биографија;
  • Професионална препорака/референца е пожелна.

Пријавувањето се врши на електронската адреса: [email protected], а пријавата мора да се наслови со: Еколог.

Пријавувањето е отворено од 30.01.2026 до пополнување на позицијата.

Отворен повик за вработување на Еколог

Отворен повик за вработување на Координатор за еколошки жешки точки

Дали сакаш да бидеш гласот на заедниците кои со децении живеат во сенка на историското загадување? Еко-свест отвора позиција за енергична и комуникативна личност која ќе ги преточи комплексните еколошки ризици во разбирливи кампањи и ќе бара решенија таму каде што се најпотребни.

​Твојот фокус ќе биде ставање на мапата на решенијата за локациите како Усје, Југохром и РЕК Битола, работејќи директно со граѓаните и институциите за праведна и здрава иднина.

За Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест:

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Посебни цели и задачи на „Еко-свест“ се:

– Информирање за потенцијалните негативни влијанија врз животната средина и луѓето;

– Промовирање на решенија за здрави и одржливи пракси и политики во областа на заштита на животната средина и застапување на истите во процесите на креирање политики;

– Истражувања и анализи во област на заштитата на животната средина и човековото здравје;

– Промовирање и застапување за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки во област на животната средина и поддршка на заедниците за остварување на ова право;

– Информирање и едуцирање на јавноста за можните негативни влијанија и начините за спречување и избегнување на истите врз животната средина и човековото здравје особено кај жените, децата и старите лица;

– Формирање и водење на коалиции и други тела составени од организации, експерти и институции со цел заедничко застапување за заштита на животната средина;

– Активно учество во постапките на измена и донесување на законски акти во област на заштита на животната средина;

– Спроведување на посебни активности во областите на:

  • заштита на климата
  • заштита на природата
  • заштита на медиумите на животната средина (воздух, води, почва)
  • одржлив развој на локалните заедници
  • одржлив транспорт
  • одржливи и паметни решенија за енергетскиот систем
  • одржливо управување со отпадот
  • иновации во заштитата на животната средина
  • паметно просторно планирање
  • поддршка на заедниците и активно граѓанство.

Повеќе информации за областите на делување на Еко-свест: https://ekosvest.com.mk/

Опис на позицијата координатор за Координатор за застапување за решавање на еколошки „жешки точки“ (Environmental Hotspots Outreach & Advocacy Coordinator)

Како Координатор за „жешки точки“, ти ќе бидеш врската помеѓу нашиот стручен тим за енергија и клима и луѓето на терен. Твојата мисија е да ја подигнеш јавната свест за последиците од индустриското загадување, да документираш состојби и да организираш локален отпор и поддршка за ремедијација и еколошки решенија.

​Клучни одговорности:

​Теренска работа и комуникација: Редовни посети на локациите (Битола, Јегуновце, Скопје-Усје) за средби со локални еколошки здруженија и граѓани.

​Кампањи за јавна свест: Креирање и спроведување на кампањи за информирање на јавноста за ризиците од историското загадување и потенцијалните решенија.

​Креирање содржини: Снимање на изјави, видеа на терен и подготовка на материјали за социјалните медиуми кои ја прикажуваат реалната слика на „жешките точки“.

​Организација на настани: Логистичко планирање и реализација на обуки, работилници и јавни состаноци со засегнатите страни.

​Поддршка на тимот Енергија и клима: Тесна соработка со тимот за обезбедување на податоци од терен и логистичка поддршка при спроведување на специфични проектни активности.

​Застапување: Одржување комуникација со локалните самоуправи и индустриските субјекти за следење на напредокот во еколошките дозволи.

Известување за активностите: Поддршка во подготовка и пишување на извештаи за спроведените активности. 

Потребни квалификации:

​Образование: Високо образование (Комуникации, Животна средина, Социологија, Политички науки или сродни области).

Вештини:

​Одлични комуникациски и презентациски способности.

​Вештина за мобилно новинарство (снимање и едитирање кратки видеа со телефон ќе се смета за голем плус).

​Организациски вештини за логистичко водење на настани.

​Возачка дозвола Б-категорија (активен возач) – подготвеност за чести патувања низ државата.

Способност за размислување насочено кон решенија. 

Тимска работа. 

Искуство: Претходно искуство во граѓански сектор, активизам или работа со заедници.

Лични карактеристики: Емпатија, упорност и способност за пренесување комплексни информации на едноставен јазик.

Што нудиме?

​Директно вклучување во најважните еколошки битки во земјата.

​Обуки за јавен настап, застапување и дигитални алатки.

​Работа со тим од врвни експерти кои ја менуваат еколошката слика во Македонија.

​Флексибилни работни услови комбинирани со динамична работа на терен.

Работни услови:                                                                                             

Неделното работно време е 40 часа (од 8 до 16 или 9 до 17 часот). Локација на вршење на работните обврски е во Скопје. Со избраниот/ата кандидат/ка ќе биде потпишан договор за вработување на определено време, со период од 1 (еден) месец кој може да се продолжи врз основа на покажаните квалитети и перформанси. Месечна нето плата, согласно политиката за личен доход на Еко-свест е помеѓу 30 000 и 50 000 денари нето и се утврдува согласно искуството и вештините на кандидатот. Конкретната плата на избраниот кандидат/ка ќе биде утврдена при потпишувањето на договорот за вработување.

Начин на пријавување:                                                    

Заинтересираните кандидати/тки при пријавувањето треба да достават:

  • Mотивациско писмо (максимум од 1 страна);
  • Професионална биографија;
  • Професионална препорака/референца е пожелна.

Пријавувањето се врши на електронската адреса: [email protected], а пријавата мора да се наслови со: Координатор за еколошки жешки точки.

Пријавувањето е отворено од 30.01.2026 до пополнување на позицијата.

Писмо до Министерот за животна средина и просторно планирање 

Писмо до Министерот за животна средина и просторно планирање 

До
Министер за животна средина и просторно планирање

Предмет: Барање за донесување на нов Закон за природата

Почитуван г-н Министер,

Ви се обраќаме како заедничка иницијатива на граѓански организации од Македонија, со барање за иницирање постапка за измени и дополнувања на Законот за заштита на природата, односно донесување нов Закон за природата.
Проблемот со неефикасните механизми за заштита на природата за жал е веќе востановена пракса која е неопходно да се промени во најскоро време. Притисокот од инфраструктурните и другите развојни проекти врз природните предели и вредности е огромен, а сепак прашањето за заштитата на природата досега не било третирано како приоритет во нашата држава. Напротив, природата секогаш била предмет на уништување на сметка на профитот и инвестициите. Сведоци сме дека граѓаните сѐ почесто се принудени самостојно да се обидуваат да спречат штетни проекти во нивната средина, бидејќи постојните механизми на актуелниот закон не успеваат навремено да ги идентификуваат или спречат штетите врз природата. На ова значително придонесуваат несоодветните законски решенија, кои не нудат суштинска имплементација и функционална заштита на терен. Дополнително, голем број законски и подзаконски одредби во доменот на заштитата на животната средина се во судир поради дисперзираноста на институтциите надлежни да постапуваат во оваа област. Ваквата ситуација претставува предизвик кој овозможува неконзистентна примена на правните норми во однос на заштита на природата и нивниот ефект е спротивен на духот и целта поради кои се донесени.
Иако измени на Законот за заштита на природата беа направени уште во 2018 година, тие никогаш не беа усвоени. Во меѓувреме, во европското законодавство се усвоија нови Директиви и се променија практиките на управување со ресурсите кои се директно поврзани со Законот за заштита на природата.
Следствено на тоа, неопходно е донесување на нов Закон за природата, кој согласно европските практики ќе претставува конзистентен систем на процедури, решенија и мерки кои несомнено ќе ги подобрат затекнатите услови во областа на заштита на природата.
Како клучен чекор за вистинска заштита на природата, новиот Закон за природа е приоритет поради мноштво причини:
Неопходноста за заштита на реките и езерата, планините и шумите, растенијата и животните.
Нашата природа е светско наследство – нејзината заштита е одговорност кон нас и кон помладите и земјата
Секое одложување на новиот закон за природа придонесува кон уназадување на природата, која веќе е во загрозувачка состојба.

Природата во Македонија се соочува со системски предизвици кои директно ја загрозуваат биолошката разновидност и опстанокот на нашите највредни природни подрачја. Без итна и сеопфатна реформа, ќе продолжи деградацијата и трајното губење на природните ресурси од кои зависиме сите ние. Секое натамошно одложување на донесувањето на новиот Закон за природата значи директно уназадување на природата во нашата земја.

КЛУЧНИ ПРОБЛЕМИ КОИ ЈА ПОТКОПУВААТ ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА

  1. Застарена и неефикасна законска рамка
    Постојниот Закон за заштита на природата е застарен, нефункционален и не обезбедува соодветна, долгорочна заштита и управување со нашите природни богатства.
    Недостасуваат јасни забрани: Нема конкретно наведени забранети активности и забрана за изградба на инфраструктурни проекти во заштитените подрачја, оставајќи ги ранливи на штетни интервенции и развој на инфраструктурни проекти.
  2. Институционална слабост и недостиг на стручност
    Политизација на управувањето: Директорите на националните паркови се политички функции, а не стручни кадри, што го поткопува професионалното управување.
    Недостиг на експертиза: Во институциите за заштита на природата и управувачките структури на заштитените подрачја нема доволно стручни кадри (биолози, еколози, хидролози и др.).
    Непостоење на стручно тело: Во Македонија недостасува научно тело – Завод за заштита на природата – кое би вршело оценка, следење и институционална координација.
    Слаба инспекција и надзор: Недостасуваат инспектори за спроведување инспекциски надзор врз природата, а царинските и полициските службеници се недоволно подготвени. Ренџерските служби во заштитените подрачја немаат соодветни овластувања и не постои добра меѓусекторска соработка.
  3. Хроничен недостиг на финансирање и неактивно управување
    Несоодветни капацитети на управителите: Управителите на заштитени подрачја немаат соодветни капацитети и ресурси да обезбедат ефикасна заштита, што резултира со губење на најголемите природни вредности поради нивно искористување за економски цели.
    Нема системско финансирање: Заштитените подрачја немаат системско финансирање од државниот буџет.
    Незаштитени подрачја и неактивно управување: Подрачја кои треба да бидат заштитени според закон, не се прогласуваат, а прогласените подрачја не се активно заштитени поради непостоење на Планови за управување и соодветен кадар.
  4. Биолошката разновидност како низок приоритет
    Низок степен на заштита на биодиверзитетот: Биолошката разновидност нема висок степен на заштита и сè уште не е приоритет во државните политики.
    Недостаток на податоци: Недостасуваат студии за причините за загуба на биолошката разновидност, и веродостојни, систематизирани и отворени податоци за дивиот свет.
    Загрозени клучни видови: Значајните видови како мечката, рисот и волкот немаат соодветна заштита преку национални акциски планови.
    Штетни секторски политики: Политиките за користење на минерални и рударски суровини, хидроенергија, енергија од ветер, патна инфраструктура и слично, директно штетат на природата, и ова претставува проблем кој се влошува дополнително кога нема соодветна консултација со експертите и јавноста.

РЕШЕНИЈА И БАРАЊА ЗА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Бараме итна акција од страна на Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање за следните мерки:

  1. Итно донесување на нов Закон за природа
    Потребно е да се донесе нов, современ Закон за природа кој ќе одговори на тековните потреби и долгорочно ќе обезбеди заштита. Бараме Министерството за животна средина и просторно планирање итно да изработи нов текст на Законот за природа.
  2. Забрана за деструктивни активности во заштитените подрачја
    Со новиот Закон за природа да се предвидат забранети активности за секоја категорија заштитено подрачје. Новиот Закон за природа мора да воведе членови со кои ќе се забранат геолошки истражувања, експлоатација на минерални суровини и изградба на хидроелектрани во заштитените подрачја.
  3. Воспоставување на стручно, независно тело
    Итно воспоставување на стручно тело – Завод за заштита на природа.
    Новиот Закон за природа треба да обезбеди воспоставување на Завод за природа со соодветни овластувања за координирање, следење и мониторинг на природата и работата на заштитените подрачја.
  4. Професионализација на управувањето
    Директорите на националните паркови мора да поседуваат соодветна стручност. Управувачката структура на заштитените подрачја мора да вработи биолози, еколози, хидролози и други стручни кадри за сеопфатен мониторинг.
    Новиот Закон за природа мора да содржи јасни критериуми за стручноста на Директорот и кадрите во заштитените подрачја. Исто така, треба да се обезбедат соодветни овластувања за ренџерските служби и зголемување на кадрите за инспекција.
  5. Драстично зголемување на финансирањето и користење на еколошки такси
    Програмата за природа на Министерството за животна средина и просторно планирање треба да обезбеди системски средства за поддршка на управителите, донесување Планови за управување и вработување стручни кадри.
    Потребно е значително зголемување на буџетот за Програмата за природа од државата. Сите еколошки такси треба да се собираат на наменска сметка и дел од овие средства да се насочат исклучиво кон заштита на природата.
  6. Заштита на биодиверзитетот и усогласување на политиките
    Да се воспостави функционален Национален информативен систем за природа со редовно ажурирани податоци. Да се усвојат национални акциски планови за значајните видови како мечката, рисот и волкот, како и на сите други значајни и ендемични видови.
    Природата мора да биде државен приоритет, и сите други политики (рударство, енергетика, инфраструктура) мора да се усогласат со целите на заштитата на природата. Потребно е забрзано комплетирање и усвојување на акциските планови за заштита на мечката и рисот, и започнување на нова иницијатива за заштита на волкот. Новиот Закон за природа мора да гарантира достапност на податоците од Националниот информативен систем и средства за нивно редовно ажурирање.
    Имајќи го сето горенаведено предвид, ние, долупотпишаните организации бараме од Министерството за животна средина и просторно планирање итно да изработи нов текст на Законот за природа. Стоиме на располагање за сите консултации, совети и дискусии во текот на оваа постапка.

Со почит,
Центар за истражување и информирање за животна средина Еко-свест
Центар за климатски промени
Здружение за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик Скопје
Здружение на граѓани за промовирање на велосипедизмот Вело Училишта
Здружение за заштита на животната средина Еко Герила Преспа – Ресен
Здружение за значење на еколошкото образование во осовремунување на образовниот процес ЗЕОООП
Здружение Рурална Коалиција Кичево
Здружение на инжинери за животна средина, Скопје
Здружение за истражување, застапување и лобирање на теми од област ана животната средина МАКЕДОНСКИ ЗЕЛЕН ЦЕНТАР, Скопје
Регионален центар за шумарство и руралеен развој – РЕФОРД, Скопје
Здружение за едукација, поддршка и стимулирање на млади и жени во агропрехранбениот сектор, екологијата и биодиверзитетот СИМБИОЗА ЛИНКЕСТИ Битола
Здружение за развој, едукација и еколошка етика ПОЛИМАТ 13
Здружение Сакам Да Кажам Скопје
Натура МК Скопје
Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ